Пренос на 2 тонска машина по земјена угорница

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ми треба помош.

Сакаме да пренесеме машина која има нешто над 2 тона (и не може да се расклопи) на растојание од 15тина метри.

Патчето од 15 метри се состои од земја, а првите 3 метри се блага угорница. Натаму е рамно ама сеуште е земја (значи двор, тревник).

Како може да се пренесе оваа машина? Износот на пари не е важен.
Вчера дојде вилушкат (од 5 тона) и пробавме со дрвени талпи ама тој празен не можеше да влезе, а не пак со уште 2 тона на него.

Значи деца ве молам без тролање, нека ми одговори само оној кој знае, без шпекулации.
Ако вашето мислење навистина ми помогне, спремна сум и да платам.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 09:30 ---
Мислевме и на трактор со приколица, ама приколицата ќе биде поширока од вратата влезна за во дворот, така да и тоа отпаѓа :(
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Не сакам да тролам ама по изгледиве ќе мора да ја бувните вратата .... чим ни виљушкар ни трактор не можат да влезат/излезат
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не сакам да тролам ама по изгледиве ќе мора да ја бувните вратата .... чим ни виљушкар ни трактор не можат да влезат/излезат

Абе не знам што да речам, луѓево со вилушкарот ми личат на многу неспособни, плус гумите од вилушкарот биле целите излижани, плус талпите не ги поставиле како што треба. А машинава значи мора таму да влезе, мора. Друга некоја идеја?
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Колку е широка и голема машината? Штом се работи за тесен простор, кола со поголема моќност неможе да ја извлече машината во приколка? 3 метри блага угорнина.. шознам
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Кај прочита врата бе трол?

Да пробате да наредите две ленти со бекатон низ земјата, па по него да гази машината? Или побарај кај градежнициве имаат тие од големите метални корита, тие се наменети баш за лоши подлоги
Девојчето два пати спомна дека ни едното ни другото не можеле да влезат ... по некоја логика се влегува и излегува низ врата и затоа и реков нека ја бувта вратата за да собере трактор или вилушкар
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Девојчето два пати спомна дека ни едното ни другото не можеле да влезат ... по некоја логика се влегува и излегува низ врата и затоа и реков нека ја бувта вратата за да собере трактор или вилушкар
Да да, измеѓу дворот и тротоарот има врата.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 09:46 ---
Колку е широка и голема машината? Штом се работи за тесен простор, кола со поголема моќност неможе да ја извлече машината во приколка? 3 метри блага угорнина.. шознам
1.80cm x 1.30cm
Вратата е поголема од тоа, ама ипак недоволно за да влезе приколка од трактор.
А за кола со приколка - не, колата ќе смета кога ќе треба да се стават машините во просторијата, ќе нема кај да се тргне.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Абе не знам што да речам, луѓево со вилушкарот ми личат на многу неспособни, плус гумите од вилушкарот биле целите излижани, плус талпите не ги поставиле како што треба. А машинава значи мора таму да влезе, мора. Друга некоја идеја?

Газдава мој пред 1 година купи 2-3 тонска машина за леб печење/месење и исто на зезнато место требаше да се премести , мислам дека викна некој од Охрид со виљушкар и кран .... баш ќе го прашам и ќе ти кажам подоцна
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Кај прочита врата бе трол?

Да пробате да наредите две ленти со бекатон низ земјата, па по него да гази машината? Или побарај кај градежнициве имаат тие од големите метални корита, тие се наменети баш за лоши подлоги
Па за бекатон прашавме, ни рекоа бекатонот ќе помогне со земјата, ама угорницата пак ќе е проблем.
Хммм метални корита?
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 09:49 ---
Газдава мој пред 1 година купи 2-3 тонска машина за леб печење/месење и исто на зезнато место требаше да се премести , мислам дека викна некој од Охрид со виљушкар и кран .... баш ќе го прашам и ќе ти кажам подоцна
Леле ајде жити се прашај го.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Многу е апстрактно вака на невидено. Пробајте со два рачни виљушкара, еден од напред друг одзади а потоа врзете ги добро виљушкарите за машината и со сајла и трактор ке се заврши работата. Може да биде проблем затоа што подлогата е земјена а тркалцата на рачните виљушкари се мали ама тоа може да се реши така што ке ставете широки даски под виљушкарите и ке ги возите по нив. Мислам дека ова ти е најевтино и најлесно решение. Имаме возено и многу потешки машини на овој принцип.
 
Па пробуваа овие со даски бе, ама даскиве не беа широки и не беа убаво наместени. Неспособни максимално.
А ти го имаш ова правено? Од кај си?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пробајте со пајак служба, би требало да нема проблем за два тона и таа димензија.

Друга работа што може да се направи е истата да се прикачи на трактор без приколица кога веќе приколицата не ја собира, односно да се прикачи истата на делот за плуговите или пак на плугови со каиши за кревање терет.
Само не сум сигурен дали може да поткрене два тона терет хидрауликата кај плуговите на тракторот.

Трета работа е истата да се поткрени со дигалка малки и направи најобична платформа од дрвени штици и повторно пушти машината на дигалка.
Потоа треба да се земат две куки од оние што се навртуваат во дрво и заштрафат на платфомата и закачи сајла со трактор за нив.
Подологата треба да ја посипете со песок за да може да се лизга дрвената платформа.
Треба секако да се осигура и машината да не дојде до превртување на истата по угорничето.
Друго не ми текнува во моментот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Па пробуваа овие со даски бе, ама даскиве не беа широки и не беа убаво наместени. Неспособни максимално.
А ти го имаш ова правено? Од кај си?
Од Кавадарци сум. Работата (присилно извршување) ми е таква што често пати продаваме разни машини, од најмали па до најголеми па кога се одземаат често се соочуваме со вакви проблеми. Нека ги наместат убаво даските и мислам дека нема да има проблем, два тона не е некоја тежина што би била проблематична.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
А да се ублажи земјиштето? Раскопување/додавање, па даски, па да се пренесе фино со вилушкарот..
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
А да се ублажи земјиштето? Раскопување/додавање, па даски, па да се пренесе фино со вилушкарот..
Ама викаат пак ќе било тешко ради угорницата.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Ако успеете да ја изнесете од објектот тогаш повикајте дизалица која многу лесно ке ја покрене и ке ја стави машината каде што сакате.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom