Во секој случај подобро е нешто да се работи, отколку да се дреме дома !
Знам дека секој сака да работи за солидна плата и јас сакам ако не повеќе барем за 15/16 илјади да работам, ама мало-морген тоа. Ако неможеш да најдеш таква работа за тие пари, тогаш ќе си бараш помалку платено работно место, сум работел и за 100 евра иако не сум бил нешто посебно загрозен, само колку да не седам дома и колку да не им барам пари на моите, зашто да им барам пари на моите, кога они со тие пари плаќаат домашни сметки, комуналии, даноци, купуваат храна и.т.н.
За моите потреби сам си вадам пари, за цигари, за бензин, автомобилот(семеен) го користиме исклучиво по потреба и бензин ставаме пола-пола, еднаш моите родители ќе стават бензин, следниот пат јас и така, јадам по дома, на работа си носам сендвич од дома, кафе пијам или на работа или по дома, мобилниот исклучиво за итни потреби, облека чат-пат ретко купувам, алкохол и коцка ЈОК, е сега нешто повеќе пари фрлам за техника по куќа, но и тоа е потреба !
Работам скоро 5 години и плус при крај сум со факултетот(вонреден студент сум, бидејќи работам) и знам дека утре кога ќе земам диплома ќе ми стои на ѕид без потреба, ама тоа е тоа, не сакав да се запишам на факултет, тоа беше повеќе идеја од родителите, али ајт веќе сум при крај така да ќе имам диплома, е сега дека таа диплома нема да ми користи тоа е факт, ионака повеќето што ги познавам лица со дипломи од некој факултет или дремат дома(барајќи нели високо платена работа) или пак работат сосема нешто друго што нема никаква врска со образованието кое го завршиле !
Така да во секој случај подобро работа(било каква и за било колку пари) отколку спиење дома ............... парите од небо не паѓаат и тешко се заработуваат, сите што работеле/работат го знаат тоа и 150/200 евра плата се далеку подобра варијанта отколку дремење дома и 0(компир)плата !