Премногу ме замараат со анкети по телефон

C

cige

Гостин
Денес од 8 саатот до сега од 3 агенции ми се јавија за некакви си презентации на производи, анкети за економската состојба.......како да се одбранам од овие досади? Значи сигурно во последниве 30 денови ми се имаат јавено 10 пати и цело време се претставуваат од различна агенција, а не верувам дека се од различна канцеларија. Од позадина се слуша дека ги има повеќе агенти во истата просторија и сите спамираат по телефони. Замислете денес дури 3 пати ми се јавија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Си оставил број таму каде не требало... Мислем дека имаме закон против спамирање, провери на нетот каде треба да се пожалиш.
Додатно, можеш да си купиш телефонска секретарка и да ставиш на неа порака дека не си заинтересиран за анкети и комерцијални понуди, дека нивниот број е забележан и дека ќе добијат пријава ако продолжат да малтретираат.

Ако се работи за мобилна линија, епа секоро подоста телефони може да се подесат да добиваш повици само од контактите.
 
C

cige

Гостин
Телефонот ни е на телекабел, и во пакетот има таква секретарка, ама ѕвонат од различни броеви. И од мобилни и од фиксни. Фиксните се со 02.... значи се од Скопје
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Они си бираат одредени броеви и на тие вртат, без разлика дали тој човек го познаваат или не. Единствена работа што би можел да ја направиш е да ги одбиеш, да им кажеш дека си незаинтересиран и толку.

Такви се они, еден период кога имаат презентации ѕвонат често, после цела година ги нема:)
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Ќе го прашаш агентот, „од каде ви е мојот број“ и таа учтиво, веќе подготвено ќе ти одговори „од јавниот именик на телефонски броеви на Република Македонија“, тогаш, за да дадеш до знаење дека не може те дупат, можеш да излажеш, „мојот број има забрана за појавување во јавен именик, знам дека сте го купиле од друга компанија која нелегално управувала со моите приватни податоци, ве молам да ме отстраните од вашата база на податоци, во спротивно ќе бидам приморан да покренам правни мерки“.
Тогаш дефинитивно агентот става црвен извичник во нивната листа, некои дури и враќаат повратна информација на другите компании ќерки кои располагаат со истите бази со броеви, како неподобен клиент.
Овие податоци ми се од роднина која порано подработуваше во вакви агенции, ама сега можеби се застарени мерките.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Мислам ко ќе ти се јават напрај им се домаќин чоек, речи им неможам сеа да зборвам зш таранава ќе ми запечит, или пак убо кулурно и искулирано заеби ги, ај во гужва сум ќе ти звонам покасно:D
Прај си се будала, со будала кој се разбрал ај кажи ми? Кој?
 
С

СаШеНкО

Гостин
Си оставил број таму каде не требало... Мислем дека имаме закон против спамирање, провери на нетот каде треба да се пожалиш.
Додатно, можеш да си купиш телефонска секретарка и да ставиш на неа порака дека не си заинтересиран за анкети и комерцијални понуди, дека нивниот број е забележан и дека ќе добијат пријава ако продолжат да малтретираат.

Ако се работи за мобилна линија, епа секоро подоста телефони може да се подесат да добиваш повици само од контактите.
Да, постои закон за тоа. Колега од факултет работеше во компанија што работи телефонска продажба и знам дека не смееја да се јават на еден број повеќе од еднаш во две недели. Нема што да ги опоменуваш, можеш слбодно да пријавиш дека те спамираат не сум сигурен само каде се пријавува. Како и да е, без разлика што ти вртат од различни броеви ако ти се сомневаш дека е една компанија, пријави па тие таму ке си ги проверат броевите
 
C

cige

Гостин
Мислам ко ќе ти се јават напрај им се домаќин чоек, речи им неможам сеа да зборвам зш таранава ќе ми запечит, или пак убо кулурно и искулирано заеби ги, ај во гужва сум ќе ти звонам покасно:D
Прај си се будала, со будала кој се разбрал ај кажи ми? Кој?
Прво ќе ги прашам од кај им е бројов, и после најселски ќе им кажам да го заборават?
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Прво ќе ги прашам од кај им е бројов, и после најселски ќе им кажам да го заборават?
Абе шо ги тркаљаш, ќе му објасвиш бројот, штрафот, кључот, магарето...Ќе си ги сјебиш онака културно и ич да не ми те болит убо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom