Презиме - моето, твоето или двете?

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.596
Поени од реакции
11.472
Многу се оддалечивме од темата но сепак не заборавај дека законите претежно произлегуваат од морланите и етичките норми на едно општество, што значи од традиционалните вредности. Сигурно имаш забележано дека законите не се исти тука, во Норвешка или Иран. Така да моралот и етиката не се исти на цела земјина топка туку од регион до регион.
Но како што реков толку забегавме што дури и се изгуби поентата.
П.с Валентајн или Трифун? :icon_lol:
И двете брате Магус. И двете;)

Да, сето тоа во ред, кај различни култури различен морал и етика. Мене муабетот ми беше традицијата да не биде пречка во слободата на изразување кај индивидуата. Менливи категории се, затоа треба колку толку да се прилагодуваат на промените за да не се случи драстичен генерациски јаз, туку поднослив. Ниту новото претерано да се велича ниту по старото бесчувствително да се плука.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
Да, сето тоа во ред, кај различни култури различен морал и етика. Мене муабетот ми беше традицијата да не биде пречка во слободата на изразување кај индивидуата. Менливи категории се, затоа треба колку толку да се прилагодуваат на промените за да не се случи драстичен генерациски јаз, туку поднослив. Ниту новото претерано да се велича ниту по старото бесчувствително да се плука.
Сето тоа во ред, но јас и порано реков дека се е политика и дипломатија. Веке ако влегуваш во брак, тој брак не би требало да биде со вродена мана или со техничка грешка. Бракот би требало веке ако се влегува да биде стабилен. Изразување на индивидуата е едно, кочење и препукување за се и сешто е сосем друга работа. Е на тоа мислев неколку постови претходно кога споредив брак со анархија во општеството. Според мене инсистирањето на задржување на моминското презиме е сигнал кој не би требало така лесно да се игнорира. Не реков со сила да и се наметне мислење но да се има во предвид дека поинаку гледа на некој работи во бракот со посебен акцент на индивидуализмот.
 
Јасно. Инаку инсистирањето на задржување на моминско презиме, согласно традиционалните правила можи да значи дисреспект (онаков, самоволен, без договор со брачниот другар) а можи и ништо да не значи. Тоа најдобро може да го процени дотичниот/та, доколку е способен/а за проценка, доколку воопшто го/ја интересира такво нешто, заслепен/а од очекувањата да мора да биде женет/мажена по секоја цена на одредена очекувана возраст (ете го негативното традиционално кое што се базира на идејата: то не бира срце него памет - Балашевич извртен). Затоа инсистирам на пријателство пред одлука и обврзување на заедништво за цел живот и одлуката да биди согласно душевната зрелост за таков чин, а не согласно годините или традиционалните очекувања, затоа што тоа варира од чивек до човек. Не ја земам во предвид финансиската природа која е многу важна и поради која секој нормален и чувствителен потенцијален родител би се воздржувал од репродукција...
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
Или ќе го носи моето или нека си ја драпа кога ќе е стара мома. Јас секогаш можам нова да најдам.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Го зедов неговото презиме не го задржав своето. Порано се двоумев дали да го ставам на крајот со И или како што е вообичаено за нашите простори па се решив за втората варијанта и сега сум г-ѓа ......СКА. А тој не ни знаеше за овие мои двоумења, ниту пак ми е вршел притисок дека мора да го носам неговото презиме. Моите деца ќе го носат неговото презиме па ќе го носам и јас како нивна мајка а негова сопруга.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Би го земала неговото од проста причина што сложено ми е и комплицирано да се влечам со две презимиња на секој документ и секаде..Не се губи идентитетот и фамилијарната поврзаност со твоите од губење на своето презиме во административни сврхи..Ништо не ми мења..
 
Член од
30 мај 2014
Мислења
66
Поени од реакции
30
Воопшто не ми пречи ако си го задржи своето презиме-право на избор.Но би било поубаво ако го земе моето.
 
Femme fatale

Љубената на Гаро
Член од
13 јуни 2016
Мислења
231
Поени од реакции
183
Мене па најпаравилно ми е две презимиња да има, веќе има едно и само го додава на сопругот, а и не знам што се крева паника околу тоа дека таа две што има е пуфла или не знам што.
 
Член од
22 октомври 2014
Мислења
1.187
Поени од реакции
694
Odat dvete vo kombinacija ne gledam nikakov problem.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Jaс неговото го додадов. Од моете не би се откажала па не знам шо да е.
 
Clementine

Dreamer
Член од
19 август 2018
Мислења
36
Поени од реакции
50
Си го земав неговото ич око не ми трепна.
И така со години си правев еци пеци пец Клементина ...моето или Клементина...неговото и на прва вторава опција се угоде и со здравје си ја носам таа опција-неговото презиме:ljubove:
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
@Crazy.M.Girl ти како планираш да го одбериш презимето, со две презимиња, да завршува со -ска или -ски? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom