Пред дијабетeс

Член од
15 декември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Направив крвна анализа 3 месечна наназад, резултатите ми излегоа 6,07 со консултација на специјалист по дијабетис ми е утврдена дијагноза пред дијабетис. Моментално не користам никаква терапија туку по препорака на специјалистот сум на диета, забрана за конзумирање на одредени храни. Дали има некој со сличен проблем? Дали сум дијабетичар? И, дали понатаму има опасност да станам дијабетичар во смисол да ми се покачи шеќерот па да бидам принуден да користам апчиња или да инектирам инсулин во себе?
 

Gag

Член од
14 ноември 2013
Мислења
1.542
Поени од реакции
2.353
Се уште не си официјално дијабетичар но има опасност да станеш, ако имаш роднини кои се дијабетичари тогаш има поголема можност (потенцирам можност, не значи 100%) да станеш и ти.

Слушај ги советите на твојот доктор, престани со пушење ако пушиш, пиење алкохол ако пиеш, исфрли ги благите работи од исхраната и јади повеќе здрава храна како зеленчук на пример, вежбај, биди поактивен и гледај да намалиш тежина.

Во однос на терапија консултирај се со твојот доктор, он/а знае најдобро, но чим не ти препишал/а ништо (обично метформин се дава) изгледа сака првин да пробаш на природен начин да го смалиш шеќерот без медикаменти.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.258
Поени од реакции
16.718
Не ти треба никаква терапија, малку те уплашиле докториве веројатно за да ја сфатиш посериозно состојбата која во моментов не е сериозна.
престани со пушење ако пушиш, пиење алкохол ако пиеш, исфрли ги благите работи од исхраната и јади повеќе здрава храна како зеленчук на пример, вежбај, биди поактивен и гледај да намалиш тежина.
Практикувај ги советиве и немаш гајле, нема да фатиш дијабет ако и стресот ти е сведен на минимум.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.069
Поени од реакции
15.651
Направив крвна анализа 3 месечна наназад, резултатите ми излегоа 6,07 со консултација на специјалист по дијабетис ми е утврдена дијагноза пред дијабетис. Моментално не користам никаква терапија туку по препорака на специјалистот сум на диета, забрана за конзумирање на одредени храни. Дали има некој со сличен проблем? Дали сум дијабетичар? И, дали понатаму има опасност да станам дијабетичар во смисол да ми се покачи шеќерот па да бидам принуден да користам апчиња или да инектирам инсулин во себе?

hbA1c е недoволно прецизен биомаркер за дијагноза на дијабет. Колку ти е на последните 3 крвни слики на гладно? не е битно дали се тазе, или постари, најди ги и наведи колку ти е серумска глукоза на гладно. Да има опасност да станеш дијабетичар ако не пазиш на храна и не почнеш да спортуваш. Колку си тежок и како си со движење?

Друго, најефикаснa диета за дијабет ти е онаа која е базирана на растенија, со минимален внес (1 до 2 оброка на 2 недели) на храна од животинско потекло. Целосно исфрлање на прежена храна (дури и печена со зејтин - поготово рафиниран) како и исфрлање на бел леб, бел ориз, компири, бели тестенини, грозје, јаболки (поготово благи) мед, процесирана храна - тука ќе препознаеш храна која се смета за здрава, но кај луѓе со инсулинска резистенција, додека да се подобри состојбата овој тип на храна предизвикува прилично големо зголемување на инсулин/глукоза во крвта а со тоа се пролонгира проблемот, така да лимитација, или целосно исфрлање од диетата најмалце 1 месец.

Тестови кои треба да ги направиш (Авицена) за да видиш во каква фаза си, се OGTT Insulin, C-Peptide. Исто така многу битен е липопротеин пакетот кој се нуди кај нив, целосна крвна слика со вклучен LDL/HDL (ги нема во обичната крвна слика) како и HS-CRP.

За крај биди среќен ако те стават на Глукофаж/Метформин, (без разлика дали си тип 2 или само резистентен) во комбинација со б комплекс, значајно ги намалува компликациите на таа болест долгорочно.

Повеќе инфо,

 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2019
Мислења
24
Поени од реакции
34
Имаш 1-3 години за да развиеш дијабетис. Немора да значи, но провери ги постарите крвни слики и види како ти бил шеќерот. Ако бил низок а сега покачен значи правиш нешто како што не треба и тој само ќе расте. Не е страшно не се плаши. Можеш да се средиш за 2 месеци. Исфрли рафинирани шеќери одма(бел шеќер црн шеќер кока кола газирано чоколади торти итн) значи уште денес.постепено намали го внесот и на јаглехидрати (било каков леб,ориз,компири). Значи исхраната претежно да е протеини. Јади редовно ако можеш во определен тајминг.доручек ручек вечера без прерипување на оброци. Од овошјата само јабука и лимон од зеленчук све. купи си мерач за шеќер. Сабајле на гладно да не биде над 6.5 но тоа е преддиабет, гледај да го спуштиш под 5.5, 2 часа после ручек да не е над 7.5. Со мерачот ќе знаеш дали си на добар пат и ќе имаш волја за да го намалиш шеќерот но и ќе знаеш дали си во хипогликемија ако исфрлиш секакви јаглехидрати да не падне под 3.9. Задолжително активност пешачење,точак,трчање дневно 1 саат 5 пати неделно.Читај ги нутритивните вредности на све што јадеш, ќе научиш што да избегнуваш. Здрава особа смее најмногу 37 грама шеќери дневно да внесе. Ние внесуваме x5 од тоа. Може ти изгледа све ова тешко но ако развиеш диабет ќе го правиш све ова и ќе биде уште потешко и подисциплинирано.
Со почит кон сите што го имаат и за жал немале привилегија како тебе да добијат опомена, не дозволувај да еволуира во диабет, апчиња,боцкања ,контроли,компликации,компликации од грипови и други болести па и скратување на животниот век.
 
Член од
10 декември 2018
Мислења
325
Поени од реакции
504
Дали сум дијабетичар?
Не си ама ќе бидеш за кратко време ако не почитуваш тоа што ти рекол докторот. Држи се до диетата и јади повеќе пати по малку.

Прости шеќери, бел леб/кекси/чоколада 0 (нула). Ако имаш вишок дебелина ослаби веднаш
Ако го исфрлиш белиот леб и благото (особено кока кола и слични) и пешачиш барем 3 километри дневно ти гарантирам лесно и безболно ослабување од 1 kg неделно.

Без кревање на тешко, носење хеланки и пиење на суплементи.
 
Член од
7 ноември 2019
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.019
hbA1c е недoволно прецизен биомаркер за дијагноза на дијабет. Колку ти е на последните 3 крвни слики на гладно? не е битно дали се тазе, или постари, најди ги и наведи колку ти е серумска глукоза на гладно. Да има опасност да станеш дијабетичар ако не пазиш на храна и не почнеш да спортуваш. Колку си тежок и како си со движење?

Друго, најефикаснa диета за дијабет ти е онаа која е базирана на растенија, со минимален внес (1 до 2 оброка на 2 недели) на храна од животинско потекло. Целосно исфрлање на прежена храна (дури и печена со зејтин - поготово рафиниран) како и исфрлање на бел леб, бел ориз, компири, бели тестенини, грозје, јаболки (поготово благи) мед, процесирана храна - тука ќе препознаеш храна која се смета за здрава, но кај луѓе со инсулинска резистенција, додека да се подобри состојбата овој тип на храна предизвикува прилично големо зголемување на инсулин/глукоза во крвта а со тоа се пролонгира проблемот, така да лимитација, или целосно исфрлање од диетата најмалце 1 месец.

Тестови кои треба да ги направиш (Авицена) за да видиш во каква фаза си, се OGTT Insulin, C-Peptide. Исто така многу битен е липопротеин пакетот кој се нуди кај нив, целосна крвна слика со вклучен LDL/HDL (ги нема во обичната крвна слика) како и HS-CRP.

За крај биди среќен ако те стават на Глукофаж/Метформин, (без разлика дали си тип 2 или само резистентен) во комбинација со б комплекс, значајно ги намалува компликациите на таа болест долгорочно.

Повеќе инфо,

tatko mi e sekeras 21 g na inektiranje insulin ,blago nejadam leb mnogu malku,dnevno se dvizam po 4 km i na sekoj 10 metri krevam tovar ,do rabota patuvam so tocok i nazad vkupno 2 km tesko fizicka rabota i jaka podviznos potenje duri i na minusni temperaturi seto toa na otvoreno nebo podozd i sneg pozesko posledna krvna slika 8,19 glikoza a pred nea 5,3 nisto ne mi dade maticnata dali sum dijabeticar i ako moze go nema na krvnata slika toa sto go spomnuvas nekoj drug krven pokazatel gi ima polno primer LYM,MON ,GRA BLAGODARAM
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.185
Поени од реакции
7.113
Практикувај ги советиве и немаш гајле, нема да фатиш дијабет ако и стресот ти е сведен на минимум.
Стресот дефинитивно е фактор, и тоа огромен фактор.

Пријател на моите кој беше во тешка финансиска состојба во 1990-те години - токму кога му се родија децата, правеше крвна слика и лекарот буквално го прашал:

" Господине, дали сте вие жив ? "

Човекот имал ниво на шеќер во крвта над 10, а немаше ни 50 години во тој период. Фала му на Бога најде добра работа и нивото на шеќерот во крвта му се нормализираше, исто како и финансиската состојба.

Денес е пред пензија и сеуште крвната слика му е стабилна, но останува фактот дека поради нервозата и стресот ризикот да стане дијабетичар му беше многу поголем пред 20 години отколку сега.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.258
Поени од реакции
16.718
Човекот имал ниво на шеќер во крвта над 10, а немаше ни 50 години во тој период.
Ова и не е толку страшно, 2-3 случаи знам со помалку од 40 години а шеќер 14-15.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.040
Поени од реакции
6.411
..аман и аман... со една анализа на малку покачен шеќер во крвта станавте сите дијабетичари! :facepalm:
 
Член од
7 ноември 2019
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.019
a dali nekoj znae da mi kaze pricini za zatajuvanje na pankreasot edna veke znam pesticidi ako ne stavas maska ,@bijons ima i so 13,5 glukofas i glipidal zastareni metodi ,molam nekolku pricini za zatajuvanje na pankreasot ili nenormalno funkcioniranje
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
97
Направив крвна анализа 3 месечна наназад, резултатите ми излегоа 6,07 со консултација на специјалист по дијабетис ми е утврдена дијагноза пред дијабетис. Моментално не користам никаква терапија туку по препорака на специјалистот сум на диета, забрана за конзумирање на одредени храни. Дали има некој со сличен проблем? Дали сум дијабетичар? И, дали понатаму има опасност да станам дијабетичар во смисол да ми се покачи шеќерот па да бидам принуден да користам апчиња или да инектирам инсулин во себе?
Ова изгледа како опомена, па ништо не губиш со тие совети, само поздрав можиш да бидиш, а ако не е тајна колку години си ? и дали имаше некои симптоми пред да ги направиш крвните слики ?
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
351
Поени од реакции
117
I jas imam isti problem, otkrien preddiabetes ušte pred 4 godini. Isfrliv sve od šekeri namaliv leb, fizička aktivnost ne baš, počnav da trčam, ama zaradi nedostatok od vreme bataliv. Se ušte e pod kontrola, ama tromesečniot prosek poleka počna da mi se kreva, beše 4.6, sega e 5,2, da povtoram pod dieata sum .
Znači ne e lesdno da se kontrolira, treba baš golema dispiplina. MOj sovet e nema opuštanje, mora da se odnesuvaš kako da imaš dijabetes, inaku lesno se vrakaš vo "crveno".
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.800
Поени од реакции
9.459
Не се глупирајте со вредностиве, 5-6 било пред-дијабет.
Крвната слика што ја правев пред некој ден ми даде 5.27, а нормалните вредности ги пишува 3.89 - 5.50.

А пазете, на кето сум веќе 4 месеци. Дневно под 20грама ЈХ, најчесто сум и под 12-13.
- имам кетони во урина (тест направен истиот ден)
- LDH под минимумот (118 од 125 - 220)
- холестерол минимално покачен 6.04 (границите се 0.00 - 5.17), заради поголемиот внес на масти од "нормалната секојдневна исхрана полна со ЈХ"
 
Последно уредено:
На врв Bottom