Не знам што е најдобро за децата, сите се различни, јас памтам ич не сакав да одам во градинка и во забавиште, плачев цело време, мајка ми ме зимаше цела со парчиња палома на мене.Дали е потребно предучилишно образование? Ако мислите дека е потребно, какво имено? Каков е квалитетот на постоечкото образование во градинките и предучилишните установи?
Потполно се согласувам со тебе.Децава ги праќаат во забавиште или градинка, највеќе затоа што нема кој да ги чува дома дур се на работа родителите, доколку бабите и дедовците не можат да ги чуваат.
Инаку и јас сум идела во забавиште ама ништо не памтам, само дека игравме и дека учевме англиски. Хах сум научила cat, dog и apple. Еее кој успех е тоа.
А со Бушава Азбука сум пораснала. Имав и на касети што ми снимале за да гледам. И да штета што децава сега цело време се на компјутер и само играат и слично. Не се воопшто заинтересирани да научат нешто саглам.
Сепак јас моето дете би го пратила во градинка. Колку да се научи да биде подружељубиво. Да биде со деца. А не дома, само, па сите да се вртат околу него, дур не сум јас тука па да го размазат. Не ми се свиѓа баш тоа. И така...
Закон, дури и мене ми е интересна, секоја чест за сајтот.http://mislam.blogspot.com/2008/04/blog-post_16.html
Голема благодарност до GoodBytes за приказот!
А мислиш денешние деца не знаат? И моиве прцулки знаат и азбука и кирилица и латиница, знаат и животни и планети и знамиња на земји и уште многу чуда и чудесии. Се` е до природниот капацитет и секако, до родителската заинтересираност и посветеност на децата.Јас, а и поголемиот дел од мојата генерација се самообразувавме. Јас конкретно ја знаев цела азбука наизуст а и да ја напишам, а и основите за животните и билките, уште пред да тргнам во основно училиште.
Само со БУШАВА АЗБУКА!
И сеуште си ја сакам оваа серија...штета што новите дечиња закржлавуваат со компјутерски игри, телетабиси или whatever.
Се сложувам со ова.Јас к од компјутери не знаев на 4-5 години, бушава азбука не гледав многу оти не ја даваа а ми беше интересна, па сепак знаев да читам и латиница и кирилица.Се` е до природниот капацитет и секако, до родителската заинтересираност и посветеност на децата.