Предновогодишна Кајгана собиранка - Мистик, сабота - 27.12.2014 [20:00 ч.]

Најмомент на собиранката...

  • Нарачката Божино на шанк: „Дајте ми едно ЧАЈЧЕ од морковче“

    Гласови: 0 0,0%
  • Трчањето на Ilumious до микрофонот за Du Hast дерејќи се „ГЕРМАНСКИИИИИ“

    Гласови: 0 0,0%
  • Грчењето на Мојсо и the walk of shame на Рики

    Гласови: 0 0,0%
  • Крејзи ин лав кога го тераше Клипче да ја опцуе

    Гласови: 0 0,0%
  • Закачалката кај Пејо во стан што ја сруши Fiend

    Гласови: 0 0,0%
  • Кога урлавме сите на микрофон ко нездрави

    Гласови: 0 0,0%
  • Победата на Crazy in Love против хејтеризмот #nohatespeachgirl

    Гласови: 0 0,0%
  • Запознавањето на blue ladybug & Џонтра Волта

    Гласови: 0 0,0%
  • Клипче кога не и дозволуваше на Џинџер да седи до други мажи

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да отвориме и официјално да може да се договара. Мислам дека редно е после 3 години да имаме пак еден таков собир како во Мистик.

Пишав и тука, па ајде, да видиме. Сакате кафана, сакате некој поголем паб/кафич, дај да разгледаме идеи.
 
Последно уредено:

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас сум за, само немам идеа каде би можеле да се собериме.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас сум за, само немам идеа каде би можеле да се собериме.
Беб даде идеја за Маршалот, ама не сум сигурен дали би било доволно големо. А ќе има и за јадење и за пиење, а и за седење, нешто што го немаше колку што се сеќавам во Мистик.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Сепак подобро е кога има можност да се движи човек, да не биде на маса
Ако е маса, ќе биде утнато, ако е целта да се дружиме сите. На маса, само најблиските 3-4-5 луѓе до тебе и толку
Мистик беше топ!!!
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
За помасовна собиранка мислам подобро е нешто како мистик... кафана потешко да се организира.
Може да се резервира цела кафана :D. Ама пак зависи колкав одзив ќе има. Нешто слабо, а лани кукаа дека немало предновогодишен собир.

Да ги пингам Прилепчаништава. @Red John , @Human ...
Го забораив бананаменко :D

@Isak Keyten
@Zaphod Beeblebrox
@ElNinho
@VLJ
@Bateman
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Може да се резервира цела кафана :D. Ама пак зависи колкав одзив ќе има. Нешто слабо, а лани кукаа дека немало предновогодишен собир.
Да, ама како што кажа коо, кафаната нуди интеракција со помалку луѓе.
Во неделата само 20 души бевме, па кога седнавме се поделивме на групи, а камоли повеќе луѓе кога би имало. Мистик беше многу океј во тој поглед, си шеташ и муабетиш со сите без да мораш да се довикуваш од еден до друг крај :D



Бај д веј, пред 2 години беше мистик, не 3 :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да, ама како што кажа коо, кафаната нуди интеракција со помалку луѓе.
Во неделата само 20 души бевме, па кога седнавме се поделивме на групи, а камоли повеќе луѓе кога би имало. Мистик беше многу океј во тој поглед, си шеташ и муабетиш со сите без да мораш да се довикуваш од еден до друг крај :D
Тогаш нешто слично на Мистик, само пошироко ваљда? Пола луѓе надвор беа, а не ради пушењето. Али и ова зависи колку ќе се пријават како заинтересирани. Ај ќе разгледам локали да видам што и како.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да, ама како што кажа коо, кафаната нуди интеракција со помалку луѓе.
Во неделата само 20 души бевме, па кога седнавме се поделивме на групи, а камоли повеќе луѓе кога би имало. Мистик беше многу океј во тој поглед, си шеташ и муабетиш со сите без да мораш да се довикуваш од еден до друг крај :D
Не ни бевме 20, помалку, ама сепак ја долови поентата.
Е сега да не биде само колку толку да се собереме, нека даде некој идеа и за “занимација“. Мистик беше со караоке, ...... да не биде да пофторуваме (иако немам ништо против и да се пофтори) нека даде некој идеа.
П.С. Колку да не биде без ич идентитетот, сите со бели капчиња/шешири/баретки:P
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473
Парк? Ладно е времево, ама не до толку многу за да неможе да се седи. И има место колку сакаш. :D
пс: пишете кога ќе биде.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ако не залади прилично за 20 и кусур дена, зошто да не и парк, ако им се допаѓа идејата и на други.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom