Предлози, мислења и критики за Кајгана готвач

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Можеби некаде наназад во генералната тема на натпреварот имате дадено предлог/критика/желба или мислење околу натпреварот, но во тој момент не се имплементирало или немало доволно заинтересирани.

Еве ви сега прилика да го кажете вашето мислење со цел да се подобри и активира повеќе натпреварот. Што вам ви е потребно или што вам ви смета за да/не учевствувате? Дали рецептите се тешки или пак се лесни и немате доволно добар предизвик да учевствувате?

Секој конструктивен предлог/идеја ќе го разгледаме односно прифатиме, за да не биде напреварот за модераторите. Некако ептен стивнавте, а верувам дека секој ден јадете. :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Можите да пробате со еден натпревар ко брат му на Турвиор шо го организира во музика. :D Или па нешто со елиминации.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.947
Да напрајте хуманитарна акција на пример. На една собиранка готвачиве да донесат спремени ``задачи`` (јадења). Ние останативе оценувачи да купиме по една порција и да ги гласаме, А парите пак да се донираат негде ко за нова година . Ем ние најадени ем на некого ке му помогнеме, и башка нема да се лигавиме по сликиве од победнициве :masa: .
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ништо не би сменил кај натпреваров, ама баш ништо, зошто нема нешто за кое би рекол дека е лошо или дека лошо функционира.

Само мислам дека е подобро да се врати стариот начин на задавање рецепти...... победникот кажува еден рецепт и сите мора да го зготвиме тој рецепт. Така беше многу подобро, не дека сега е лошо, ама нешто не ми се свиѓа кај новиов начин на задавање рецепт, т.е. состојќи. Поинтересно е кога ќе се каже е оваа недела го готвиме тоа и сега сите го готват тоа, па коментираме чие е најдобро, што најмногу ми се свиѓа и на крај го одбираме најдоброто. А вака со состојќиве малку е и нелогично......., пример оваа недела готвиме со три состојќи (патлиџан, кашкавал и сланина) и сега еден зготвил пинџур, друг Крушевско грне, трет пица... и кога ќе дојде време за гласање некако е нелогично. Сите различни рецепти/јадења задале и сега ние треба да го одбереме најдоброто. За да го одбираме најдоброто би требало сите да готвиме едно исто. Тоа е бар мое мислење. Башка од кога започнавме со задавање на состојќи, некако и помалку учесници има.

:)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
@Ska Maniac мене ми се допаѓа идејата да се реализира повремено, така ќе се разбие монотонија. Но, собиранките треба да се нешто налик на таа последната во Мистик, од причина што не може кога одите во кафана да се носат готвени јадења да отценувате. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
@Ska Maniac мене ми се допаѓа идејата да се реализира повремено, така ќе се разбие монотонија. Но, собиранките треба да се нешто налик на таа последната во Мистик, од причина што не може кога одите во кафана да се носат готвени јадења да отценување. :D
А ја бе? :(
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Па кога ќе дојдеш ќе организираме нешто. Ако воопшто се реализира таков натпревар би се случил неколку пати, нема да е еднаш, а нема ни секој месец.

Ти секако забушаваш, само диети измислуваш!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.947
@Ska Maniac мене ми се допаѓа идејата да се реализира повремено, така ќе се разбие монотонија. Но, собиранките треба да се нешто налик на таа последната во Мистик, од причина што не може кога одите во кафана да се носат готвени јадења да отценувате. :D
Eпа баш за тоа дека еднаш у годината се прави голема собиранка како у Мистик. Може да се донесе нешто. А за секоја недела тешко ем заради тоа што викаш со кафани,дискотеки,паркови, ем заради тоа што барем 10+ луѓе да имаат дојдено да не биде собиранка за 4-5 души (обрано друштво).

На пример на секој 3 месеца може да се организира `` сlash of the two cook - titans `` а ние на пример нешто слатко и нешто солено да им оценуваме у живо ;)

P.s. Иначе ја постам од сега за да имам апетит све да изедам кога ке дојде натпреварот :X3:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Јас многу го сакам афионот и барав овде рецепти што го вклучуваат него како главна состојка но се изненадив...не најдов таков.Два-три пати некој готвач го додал во нешто и толку!:unsure:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Јас многу го сакам афионот и барав овде рецепти што го вклучуваат него како главна состојка но се изненадив...не најдов таков.Два-три пати некој готвач го додал во нешто и толку!:unsure:
Повели дружи не во готвење и ќе ни покажеш каде се може да го користиме. :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Чисто како предлог. Гледам во последно време има се помалку натпреварувачи, но и се повеќе јадења/теми/рецепти кои и не така често се готват по дома, што можеби е и причина за тоа што има премалку натпреварувачи. Мој предлог е да се врати бар на определено време оној начин на задавање теми каде што наместо задавање на одреден рецепт ќе се задаваат неколку состојќи. Така би бил поголем изборот за готвење, а и би било добро повторно да се размрда натпреваров:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ова е мојата најомилена тема на форумов, а некако уште не најдов време да ве дружам (се надевам во следната сезона).
Темата ми се допаѓа таква каква што е, и со рецепти и со состојки како за промена.

Како и да е, мојот предлог за новата сезона на Кајгана готвач би бил ориентација кон македонски традиционални јадења.
Во претходните изданија имаше најразлични рецепти што е одлично и малку поразлично, меѓутоа реалноста е таа дека на интернет може многу полесно да се најде рецепт за рижото отколку рецепт за обична тава со ориз (посна или мрсна).
Би било убаво кога би имало едно место коешто би било еден вид на збирка на сите наши јадења, на тој начин подоцна ќе биде многу полесно за наоѓање на интернет.

Или пак, може да се отвораат две различни теми, едната традиционални јадења, а другата таква каква што е сега и двете да се одвиваат паралелно, па да има избор за секој.[DOUBLEPOST=1469461782][/DOUBLEPOST]Ах, и уште еден предлог.

Јас многу често се навраќам на овие теми како за идеја за ручек/вечера, а верувам и многу други,па затоа ако може на темите за гласање, што се убаво поделени од останатиот дел од темата по наслов, ако може најпрвиот пост да биде генералниот рецепт за јадењето, а потоа сликите од натпреварувачите, на тој начин ако нешто ни се допадне да може да го имаме рецептот пред нас.
 
Последно уредено:

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Шумечо, грешиш.
Нова сезона треба да се отвара, ај мисли, мозгај, прави што ќе правиш, темата да ја отвориш. :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Дечки и девојки, љубители на готвењето...имам задоволство да ви покажам нешто на што малку по малку, со големи паузи, се работеше уште од почетокот на годината. Тоа е мојот личен сајт посветен на готвењето EnjoyTheFlavors :vozbud: Засега ќе биде само на англиски. Се е оригинално моја работа (со помош за дел од рецептите од сопругата секако :love:). Разгледајте, like and share ако ви се допаѓа секако :LOL:. Сеуште е празен, само 4 рецепти има, ама како заладува времево, така повеќе време ќе се посветува на сајтот. Имаме собрано документирани околу 100 рецепти, се од тоа што сме зготвиле дома, па така неретко ќе гледате иста подлога на јадењата на масата :X3: ама ќе се потрудиме тоа да се промени со време, да освежиме малце на тој план.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom