А пример ако учествуваш на натпревар со некоја творба и твојата ти е убава, се разбира дека ти е убава ко си ја пријавил, си дал се од себе, си се надминал и ги разгледуваш другите и стварно онака од срце најискрено без грам љубомора и себичност мислиш дека сите се срање што ќе правиш ќе бидеш лицемерен да гласаш за нешто што не ти се допаѓа само затоа што некој нешто ќе речел ако сам за себе си гласаш? Одиш против себе така, а нели сите се бориме за тоа те боли такво што мислат другите.
Воопшто тоа не е како кога си ставаш лајк на фб сам на себе пошто не се работи за натпревар со гласање, а дека ти се допаѓа сликата доволно кажува тоа што си ја поставил, така да во тој случај и мене ми е дебилно.
Оние што пишуваат те молам стај ми лајк на сликата за награда, и тие сами си ја лајкнале сликата па никому ништо пошто се работи за натпревар. Таму не ви е чудно и им лајкувате а тука ќе се караме. Башка и забава е ова, нема награди, а замисли да имаше.