Ко прво две линии на градска железница, а може и со една, таа од Зелениково. Од Волково преку Бардоци па некаде до Систина може и пат да се направи кај што би си имало редовна автобуска линија. Додека од Ѓорче до Лисиче по текот на Вардар може да се направи трамвај. Лисиче и Аеродром имаат широк булевар и во средина или надвор од коловоз трамвај слободно може да се инсталира и да поминува низ самите населби до транспортен центар.
Второ, или бег да си ја рашират дистрибутивната мрежа, или владава нека субвенционира топлотни пумпи, колектори, и пелети место дрва. Плус малите хидроцентрали да ги изградат.
Трето, да се стимулира инсталирање на плински уреди, додека на дизелашите да им ја дигнат акцизата. Оние што возат коли од рани 90 ти или 80 ти да им се воведе 3 пати годишно технички преглед и техничкиот 100% поскап. Додека увоз на половни возила до 5 години старост најмногу.
Четврто, да се субвенционира само производството на органска храна која е полесна за извоз. Да се поттикнува преработувачката индустрија така што барем прехрамбените производи да не мораме да ги увезуваме. А не ко сеа 600 милиона субвенции, а за 80% пораснал увозот на храна. Или нека го ограничат увозот.
Петто да се воведат национални стандарди за квалитет од самиот производствен процес до финалниот производ. Стандарди кои доколку не се исполнети и крајниот потрошувач може да го докаже тоа, ќе може и да биде обесштетен, а претпријатието ќе си сноси плус последици во однос на дејноста која што ја врши.
Нормално, намалување на бројот на јавни службеници (со исклучок на медицинари, специјална полиција и војска). Воведување на онлајн апликација која ќе им биде бесплатно достапна на сите и ќе нуди информации за вработените, нивното образование, нивното искуство, нивните примања, средствата кои им се доделуваат за патувања, ручеци, користење на службени возила и други бенефиции и сето тоа ќе треба да си го правдаат дали со сметкопотврди и сметки, дали електронски битно ќе мораат да ги оправдаат парите кои ги потрошиле. Резултатите од тестовиве за јавен службеник да бидат автоматски објавени откако софтверот ќе ги евалуира резултатите, а да им се лупне и уште еден iq тест кој ќе биде од поголема важност ко дополнителен критериум за вработување, а исто така да биде објавена причината за оглас за ново работно место и дали е тоа во рамките на планираниот буџет. За останативе вишок паразити, место да им даваат плата ќе си полагаат меѓународни сертифицирани курсеви кои ќе им ги покрие владата, ќе си научат занает и дали тука, дали во странство ќе си го бараат чарето сами.
Ист ваков систем да биде развиен кога се во прашање јавни набавки, тендери, лицитации итн. кои ќе бидат транспарентни и достапни до сите правни лица и доколку не се постапува по условите автоматски да му следи кривична на службеничето у комисија.