Можеби е касно али сега улетувам во темава...
Јас скоро една година користам OneBlade од Филипс и како што кажа еден член погоре - и јас не бев задоволен на почетокот, но отпосле се навикнав и сменив мислење.
Ми беше првично наменет за глава, пошо со старата машинка за бричење (Philips HC3420) доста често имав иритирана кожа.
Се покажа доста солидно бидеќи ножевите се гумирани и не ја иритираат кожата, но сепак се одлучив да преминам на брич и искуството покажа дека е подобра варијанта (барем за мене).
Но како што кажав, јас го користев за глава, но се откажав бидеќи е доста поспоро и понеквалитетно одработено отколку со брич. Моментално го користам само за кратење на брада, со додаток.
........
Прегледај го приврзокот 271928
Со вакви машинки немам искуство, но колку што знам и овие предизвикувале доста иритација...