Предлог за филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.312
Поени од реакции
57.757
Hmmm...yeah... work sucks!!!

Office Space (1999)
office-space1.jpg

Е ова е веќе нешто! Филмов своевремено доживеал крах на бокс-офисот, не заработувал пари, но си задржал своја база на фанови и понатаму по излегувањето на ДВД издание се шири со прекажување: [Пссс, да ти кажам нешто, има едно филмче кое мора да го изгледаш, прекажи на пријател...]. Да не речам типичен форумски филм. Паметна комедија која ги критикува големите корпорации кои заработуваат на грбот на вработените. Способни работници и идиоти шефови, бирократија, алчност и сите оние убави работи на денешното општество.

Питер, Мајкл и Самир работаат за една таква компанија. Сместени во т.н. „коцки“, зад своите компјутери, секојдневно малтретирани и омаловажувани од своите шефови, уплашени за своите работни места, нивното секојдневие е напорно, монотоно и депресивно. Еден убав ден Питер заклучува дека секој нареден ден му е полош од предходниот, и дека баш тој ден е најлошиот ден од неговиот живот. Заклучува дека бил посреќен кога не работел, и според тоа, нема повеќе да работи, ќе се појавува на работа кога сака и нема да се грижи за ништо. Овој план ќе му го промени животот нему, но и на неговите пријатели...

Како што реков, ова е паметна комедија, нешто како Invention of Lying но со малку поинаков хумор и многу различна тема. Не е од оние филмови на кои ќе се смеете на глупости. Сцените со лигавиот шеф на Питер, неговиот комшија, типот што пелтечи... се прајслес. Хејтањето на Мајкл Болтон низ целиот филм исто така :) Сцените пак кога Питер зборува со „консултантите“ кои отпуштаат работници и сцената на сликата се оние кои ќе се паметат од филмот.

За почитувачите на ликот и делото на Џенифер Анистон, и таа е во филмот, иако не во премногу сцени. И таа има лигав шеф, се разбира.

Убав филм во кој сигурно можат да се препознаат многу луѓе кои работат или некогаш во животот работеле за слични компании. и убава сатира воедно.

Топло го препорачувам. 8/10
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42

Messages deleted (2009) - Прекрасна трилер мистерија, мискобуџетен, малку познат филм кој не е блокбастер но во секој случај ќе им се допадне на љубителите на жанрот.Сценариото е на Larry Cohen кој е сценарист на Cellular,Captivity,Phone booth, ако ви се допаднале овие филмови ќе ви се допадне и овој. Еден професор кој е неуспешен сценарист на филмови добива телефонски порака од непознато лице кое ко моли да му одговори зашто ќе биде убиено. Професорот ја бриши пораката мислејќи дека е невкусна шега но набрзо наидува на истото лице но овојпат мртво....
Филмот има иновативен начин на пишување на сценарио, класичен проблем-погоди кој е убиецот. Се до последните 3 секунди нема да погодите.
Моја оцена 8/10
IМDB 4.7/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Butterfly on a Wheel



Само што го догледав и уште сум под импресии. :) За обожавателите на трилери верувам дека овој филм ќе биде интересен, неизвесен до самиот крај.

Приказната почнува сосема мирно и идилично, во главните улоги имаме пресреќна и заљубена двојка со многу пари, напредок во кариерата и се` што може еден човек да посака. Работите тргнуваат во неочекуван правец кога тие ќе го напуштат својот дом и ќе ја остават својата ќерка со дадилката. Нема да раскажувам ништо понатаму, оставам на вас да видите и да се поучите. :)
Ќе ве натера да размислите колку вреди тоа што го имате и колку далеку сте спремни да одите за да го задржите, со кои постапки си ги ризикувате шансите и одличните прилики во животот и дали вреди таквиот ризик.

Особено ме импресионираше глумата на Pierce Bronsnan, Gerard Butler i Maria Bello, одлична актерска екипа.

Топло препорачувам. :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Before the devil knows you're dead


Двајца браќа планираат грабеж на продавница за накит која е на нивните родители. Грабежот завршува катастрофално.
Филмов е повеќе драма отколку крими. Значи не е филм од типот на Оушн. Убаво ги прикажува проблемите во животите на браќата, има многу изненадни моменти. Во главните улоги играат Итан Хоук, Филип Сејмор Хофман и Мариса Томеи. Марица Томеи се појавува гола и ги има најубавите гради што ги имам видено :)
Има од мене 6/10.


Confidence


Е овој е баш од типот на Оушн. Има многу добра почетна сцена, но понатамошното дејствие можеле подобро да го направат. Главниот лик многу нервира.
Глумат многу познати глумци: Дастин Хофман, Енди Гарсија, Рејчел Вајс, и послабо познати имиња: Paul Giamatti, Luis Guzmаn.
Убиен е човек од група измамници и измамнициве сакаат да се одмаздат за неговата смрт.
Филмов е добар али не е воодушевувачки. Ќе им се допадне на љубителите на Уошн и на серијата Hustle.
6/10


Flawless


Мајкл Кејн глуми чистач во фирма за дијаманти кој ја убедува Деми Мур да ограбат малце дијаманти.
Добар е филмов, мене ми се бендиса.
7/10


Charade


Леле бев убедена дека филмов е на Хичкок, сега гледам дека не е.
Преубав стар филм. Најубавата жена во свет Одри Хепберн ја има главната улога и единствено што не ми се допаѓаше е тоа што нонстоп се вљубува во ептен стари мажи.
Значи, Одри Хепберн сака да се раведе, но дознава дека нејзиниот богат сопруг е убиен. Неговото богатство е исчезнато. И се закануваат неколкумина луѓе кои мислат дека тоа е кај неа.
Преубаво трилерче. 9/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.312
Поени од реакции
57.757
Love and Other Drugs (2010)
love_and_other_drugs.jpg

Значи премногу ја сакам Anne Hathaway, премногу... Таа е олицетворение на оние актерки од 50/60-тите години кои имаа грациозност и природна убавина и кои беа причина машката популација да купи карта за кино. И ако се прашувате зошто денес луѓето не се тепаат за карта за кино, да ви кажам дека не е поради компјутерите, пиратеријата и двд-јата, туку затоа што нема актерки како Anne Hathaway, затоа што по некоја чудна перверзна логика актерки со нула талент како Меган Фокс ни се сервираат на филмското платно, затоа што одамна нема дами помеѓу топ-актерите...

Се разбира констатацијата важи за оние земји во кои брзаш на кино зошто не ти се чека на двд, а кај нас филмовите често пристигнуваат по обратен редослед, но тоа е за друга тема...

Би сакал да му изразам бескрајна благодарност на режисерот за огромната количина +18 сцени со Anne, иако ќе ме мавнеше срцев удар, ама ќе умрев среќен. Обично ја критикувам оваа појава ама не и во случајов. Сега точно е дека јас можам да си пишувам реферати за девојкава, но ќе пробам да се фокусирам и да се вратам на темата, а тоа би бил филмот.

Моето субјективно (и тоа како) мислење е дека овој филм е многу потценет. Прво, имаме прекрасна глума од двајцата главни актери, кои патем играа и во Brokeback Mountain , ама таму Jake Gyllenhaal беше во врска со Heath Letger, во главно... Во филмов, Jamie (Jake) е лик кој е се бави со продажба на лекови, и еден ден налетува на Maggie (Anne), пациентка која е болна од Паркинскова болест. Таа е онаа една од илјада која го менува текот на неговиот живот...

Но ова не е лесна романтична комедија како што можеби на прв поглед изгледа. Иако има доста клише, се работи за многу покомплексен филм. Истовремено сериозен како Паркинсова болест и смешен како сајд-ефект од Виагра, филмот обработува повеќе теми, како љубовта, добрината, вистинските одлуки, наоѓа време и да ја исмејува алчноста на фармацевтската индустрија и она што се случува со здравствениот систем таму, како и да ни даде претстава за едно тешко заболување. Смешните сцени се навистина смешни а тажните се навистина тажни, а емоциите ви се мешаат цело време додека го гледате. На крајот, приказната е раскажана на убав и лесен начин и времето брзо минува со филмот.

8.5/10, се обидувам да не бидам претерано субјективен од пусти мерак по Anne... :wub:
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Во филмов се зборува за еден многу паметен лик, кој по дружење со еден скин хеадс ке ја прими навивачката култура и ке стане навивач на Раднички Београд. Понатаму гледајте самите, филмот има 9/10 според мене. (Ова е целиот филм.)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Го пишав фимлот во друга тема, ама заслужува да стои и овде, зошто e навистина РЕМЕК ДЕЛО...
Реерing Tom 1960





Се работи за млад човек по име Марк кој работи како монтажер на камера во едно британско филмско студио, и е опседнат со последиците од страв изразени на лицата на девојките....
Не ме бидува за рецензии ама ич, а и незнам што повеке да кажам освен дека филмот е мастерпис во секој поглед. Одлична глума, одлицна режија, приказна и сценарио навистина еден голем филм во британската кинематографија, можеби еден од најдобрите. Европскиот Психо...10/10 топла препорака за сите филмомани...

ПС. Срам да му е на тој шо го нема гледано :pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
По не знам колку години вчера колегата ми го позајми One Flew Over The Cuckoo's Nest http://www.imdb.com/title/tt0073486/

Еве ја и најдобриот ревју според ИМБД

It's tough to really judge this movie. Is it Milos Forman's greatest directorial masterpiece or Jack Nicholson's best performance. Tough to say, but the marriage between both director and actor are quite phenomenal. From the first time we see Jack Nicholson to the sad, yet uplifting ending, one cannot escape the sheer power of the film. When a film is parodied as many times as this one has been, typically, greatness can be associated. Well, greatness was achieved, and let's hope this one never falls through the cracks.


Јас само би додал дека Форман ја доловил извонредно поентата на книгата, дека ако не се вклопуваш во прокрустровата општествена постела не ти преостанува ништо друго освен да се прилагодиш или лоботамираш.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Canone Inverso




Прекрасен филм, иако е малку постар, од 2000 година. Филмов е направен според истоимената книга и е вистинско уживање. Јас книгата ја немам читано, ама после филмов не ни планирам да ја гледам, само заради трилер елементот кој филмот секако го открива низ дејството.
Инаку во него глуми Габриел Брн, актер кој многу го почитувам и кој секогаш ми имал лик и изведба соодветна за филмови како Стигмата т.е филмчиња со окултизам, религија, добро и зло. Во филмов како и секогаш човекот е на своето ниво. Другиве актери ми се тотално непознати, ама тоа не е ни важно, бидејќи прекрасно ги одглумиле своите ликови.

Една вечер, младата Констанца пие со друштвото во еден бар. Еден виолинист се загледува во нејзиниот лик и без да прозбори нешто застанува пред неа и свири композиција наречена Canone Inverso, по што го напушта барот. Констанца го следи, и виолинистот започнува да и ја раскажува љубовната приказна за младиот виолинист Јено кој ќе се заљуби во една пијанистка. И толку за приказната за да не ја спојлерисам.

Приказната е прекрасна и се отплеткува многу убаво. А музиката е навистина нешто посебно.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Lord Of War



Во време кога е живо затишје на филмски план, нема нешто ново асално за гледање, ви предлагам да го погледнете ова филмче. Николас Кејџ е актер кој јас многу не го сакам, зашто мислам дека и нема некој потенцијал, ама таа негова вкочанета неемоционална фаца и крути движења многу добро си легнуваат во филмов. Мислам дека оваа улога му е најасална во кариерата. Покрај него глуми и Џаред Лето и овој филм е уште еден доказ дека Лето е талентиран актер, само што учествува во филмски проекти кои се раздалечени на долги години еден од друг. Може затоа и е така впечатлив во филмовите во кои се појавува, тргнувајќи од Реквием за еден сон, Мр. Ноубади и овој во средина од тие два.

Приказната се врти околу еден бескрупулозен трговец со оружје по име Јури (Кејџ). Неговиот свет е мошне заплеткан и замрсен, тој се труди да води колку што може приватно добар живот, истовремено трасирајќи си пат со добри зделки на црниот пазар за оружје. Тој е во постојан центар на приказнава, таа целосно се врти околу него, сите зделки, односите со жена му , брат му (Џаред Лето). Ќе видите како Јури градејќи го патот до успехот си го поплочува патот до пеколот. Јури им излегува во пресрет на сите кои сакаат да купат оружје, и тука нема врска на која страна си, што поддржуваш и каде сакаш да започнеш војна или да ја одржуваш. Прашањето е која цена треба да ја платиш за таквиот живот?

Филмчево кој не го гледал досега задолжително нека го гледа. Мислам дека нема никој да биде разочаран од него.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
The Secret in Their Eyes

Драма, мистерија, романса.



Филмот е прекрасен. Се работи за 25-годишен нерешен случај на убиство на една млада жена, низ кој обид за негово разрешување се испреплетуваат темите за невозвратената љубов, за (не)праведноста, степенот на казна на еден убиец, како и пасијата, која секој од нас ја носи. Не се плашете, не е класичен предвидлив филм. Ако му го посветите вашето трпеливо внимание барем до првата третина од филмот, понатаму лесно ќе може да го „впиете„. Од содржината не откривам повеќе, би било спојлер. А она што го пишав погоре, не е се'.
Има спој на случки од минатото, кои се интегрирани во актуелното дејство на филмот. Мислам дека повеќе преовладуваа случките од минатото.

Филмот е на шпански; ќе ви треба превод.

Ако нешто ви значи има освоено оскар за најдобар странски филм за 2009. Најтопло го препорачувам на сите.

Оцена на имдб: 8,3. (и тоа како заслужена)
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
4
Gulliver's Travels со еден и единствениот и неповторливиот JB = Jack Black :)
gullivers-travelssm.jpg
Ако ја знаете приказната за Гуливеровите патувања сигурно веќе знаете за што се работи во овој филм. Ова е "Гиливеровите патувања во 21 век" :) и секогаш тука секогаш го има JB со неговата гитара и го прави филмот многу интересен. Тој е пропаднат разнесувач на пошта во една фирма. Таму многу години, исто така е и шеф на оделот за разнесување на пошта го разрешуваат од должност и тука започнува неговото патување...уствари зошто ви го раскажувам нема да ви биде интересен. :)
За тие што го обожаваат Тинејшнс ди, Скул оф Рок или пак им се допаѓа JB ова ќе биде одличен филм за уживање, на крилјата на фантазијата. Исто како да го гледате Хари Потер во кој JB е главна улога ^^ .
Жарн: Комедија, мјузикл, романса
Улоги: Jack Black, Emily Blunt...
IMDb оцена: 4.6 (што секако не би се согласил)
Година: 2010
Препорачувам: Вечерна атмосфера со женска/дечко, грицки (може и ладно пиво) :D
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
The Boat That Rocked (Pirate Radio)




60-тите, Британија, средината на Северно море - времето и местото каде група на рок`н`рол DЈ-ите на пиратско радио водат битка против Британската влада, која пак е решена на секој можен начин да ги отстрани од етерот.
Одлична комедија/драма со одличен британски хумор.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Шишање (Skinning) - 2010
Сметам дека овој филм мора да се гледа, затоа што некако ќе да ми се познати дел од сцениве во филмов :raz:
Значи филмот оди вака еден мирен и повлечен ученик кој е многу добар во математика влегува во неонацистичка организација сосема случајно при што се случува се и сешто притоа многу работи излегуваат од контрола. некаде до пола филм и повеќе мислев дека е уште еден филм за фудбалскиве хулигани но сепак на крајот излезе нешто многу повеќе па дури и не очекувано.
Филмот е Српски, просечна оцена на ИМДб 7.2 (иако сметам дека заслужува и повеќе). А за жанр се води како драма.
Мислам дека филмот има многу добра порака за младинава дека треба да се разграничи спорт од насилство и да внимаваат да не бидат топовско месо на корумпираните полицајци и расипаните политичари кој глумат патриоти само на ТВ
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Член од
27 март 2007
Мислења
735
Поени од реакции
316
The Next Three Days

Џон (Расел Кроу) е професор на колеџ. Неговата сопруга е уапсена за убиство кое што не го направила и е осудена на затворска казна. Тие ќе пробаат да направат се за да докажат дека е невина, но и нивната последба жалба ќе биде одбиена. Тогаш Џон почнува да крои план за како жена му да избега од затвор. Со тоа се впушта во опасни ситуации и ризикува се, вклучувајки го и неговиот живот.. И од тука почнува интересното.

Оцена 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom