Предизвик за читање книги во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
ќе почнам со:
*Нарцис и Златоус - од Херман Хесе,
*Демијан - од Херман Хесе
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
02. Мокинџеј - Сузан Колинс (343 страници)
Прекрасен завршеток на една одлична трилогија. Секоја чест на Колинс. Нема што понатамо да се коментира.
Па ништо и немаш искоментирано
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 23:15 ---
3. Врати ми се - Гијом Мисо ( 318 стр )
Едно утро Итан ќе добие покана за свадба на жената која некогаш одамна ја љубел. но која ја осталвил за да и се посвети на кариерата. Тој е сега еден од најдобрите психијатри на Менхетен - богат, познат но и многу осамен. Ова е ден кога тој реши да ја поправи грешката од минатото и повторно да ја освои Селин. По 24-те часа обвиткани со мистерија, еден непознат човек ќе го убие Итан. Меѓутоа, следното утро ќе се случи неверојатното. Итан ќе се разбуди во својот кревет и ќе сфати дека го преживува истиот ден. Дали ќе ја искористи приликата што ја доби?
* Интересно романче за потполнување на време, интересна приказна која цело време ве држи во исчекување.
Од каде ја имаш книгата и колку кошта (доколку си ја купил)?
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Па ништо и немаш искоментирано
--- надополнето: 18 јануари 2013 во 23:15 ---

Од каде ја имаш книгата и колку кошта (доколку си ја купил)?
Што и да спомнам за Мокингџеј ќе биде спојлер за некој што на пример сеуште го чита првиот дел.. ама нвм.
Книгиве иначе си ги зеам од градска библиотека :P
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
4. World war Two cause and effect – Bill Brady – 220 страници
Насловот кажува се. Втората светска војна, причини поради кои настанала и последици од неа. Историска приказна од Бил Бради опишана во 220 страници. Одлични фактички детали се опишани во книгава. Во книгава ќе најдете многу информации. Авторот истрасжува за многу работи кои се случени во втората светска војна, се што ве интересира е опишано во книгата.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо

Решив и јас да продолжам. Се надевам друже Мисо , ќе ми успее.
Многу добри романи пишува Мисо.. ја уште ги читам неговите.. уште 2 или 3 ми останаа непрочитани.
 
Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
Challenge Accepted. Easy level - 30 книги

01. The Da Vinci Code - Dan Brown (471 страници)

Мислам дека на повеќето ви е познат овој бестселер. Дејството започнува со убивањето на кустосот Жак Сонјер (Големиот мајстор на Сионскиот Приориум) во музејот во Лувр од страна на албино момчето Сила, испратен од неговиот Учител (Ли Тибинг). Хардварскиот симболог Роберт Ленгдон и специјалистката за криоптологија Софи Неве (внуката на Жак) се обидуваат да го откријат убиецот на нејзиниот дедо од кој таа подолго време била разделена. Подоцна двајцата се впуштаат во авантура со која сакаат да ја откријат вистината за Светиот Грал. Нив им помага Сер Ли Тибинг за кој подоцна ќе дознаат дека ги предал, а во црквата Розлин (Шкотска) Софи ќе ја пронајде својата баба Мари и својот брат кој работи како водич во црквата. Ленгдон дознава дека тука не е седиштето на светиот Грал, туку во Франција. Вреди да се прочита оваа прекрасна книга, му ја препорачувам на секој што ја нема прочитано. Поздрав.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо

Сака да калкулира со смртта, напиња со љубовта, понекогаш имам чувство дека читам ефтино љубовно романче, а не големиот Мисо, али лакомо ги голташ неговите страници - ФАКТ. Го мрзам тој Куељо стил шо знае и он да го примени, конкретно мислам на шлакањето со поучни мисли и китењето со предвидливи муабети за љубовта и смртта. Дали дека многу Мисо ми дојде наеднаш, ама ми се чини и дека се повторува на моменти. Шо му е таа опсесија со то мостот у Сан Франциско, ич не го капирам?


Ме бенидсува како флертува со фантазијата, како ме држи у неизвесност, како ме тера да заебам и работа за да го читнам макар и на десет страници, како брутално ме соочува со животот, како знае да ме наежи и да ме насолзи со сите салтанати.

Идеме до крај. Наредна, пак Мисо:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо

Сака да калкулира со смртта, напиња со љубовта, понекогаш имам чувство дека читам ефтино љубовно романче, а не големиот Мисо, али лакомо ги голташ неговите страници - ФАКТ. Го мрзам тој Куељо стил шо знае и он да го примени, конкретно мислам на шлакањето со поучни мисли и китењето со предвидливи муабети за љубовта и смртта. Дали дека многу Мисо ми дојде наеднаш, ама ми се чини и дека се повторува на моменти. Шо му е таа опсесија со то мостот у Сан Франциско, ич не го капирам?


Ме бенидсува како флертува со фантазијата, како ме држи у неизвесност, како ме тера да заебам и работа за да го читнам макар и на десет страници, како брутално ме соочува со животот, како знае да ме наежи и да ме насолзи со сите салтанати.

Идеме до крај. Наредна, пак Мисо:)
Абе подзапри малце! Со вакво еуфорично читање се плашам дека ќе го симнеш Аманити од тронот. :) Јас сум уште кај реден број 1 годинава :oops:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
5.Најголемата вистинска тајна на светот – Ниче Димковски – 368 страници
Интересна психолошка книга, што ќе биде доколку луѓето ги знаат мислите на Бог? Тоа го пишува во оваа книга. Една од најдобрите книги кои сум ги читал во мојот живот е оваа. Ви предлагам да ја прочитате, само толку краток опис нема, бидејки незнам како да ја раскажам книгава.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
23
Поени од реакции
6
ok, ideme so 50 + godinava, ovoj mesec "lapnav" 5 vo tek e 6 kniga: Zagubeniot simbol - Den Braun, Herman Hese - Demijan, Herman Hese - Sidarta, Psihologija na uspehot - Karnegi, James Redfild -Desetiot Uvid, a momentalno ja citam Paralelen svet od Benedikt.....jbg mnogu slobodno vreme, mora da se nadopolne so nesto....o_O

5.Најголемата вистинска тајна на светот – Ниче Димковски – 368 страници
Интересна психолошка книга, што ќе биде доколку луѓето ги знаат мислите на Бог? Тоа го пишува во оваа книга. Една од најдобрите книги кои сум ги читал во мојот живот е оваа. Ви предлагам да ја прочитате, само толку краток опис нема, бидејки незнам како да ја раскажам книгава.
Sakam da ja procitam, veke nekoe vreme ja trazam kaj nas vo gradskata biblioteka ja nema ke mora da si ja kupam...;)

I se izvinuvam so pisam vaka, lap topot ovde nema MKD podrska...
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо​
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо​
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо​

4. Врати ми се - Гијом Мисо
Се огради од Куељо у книгава еј, не ми се верува.:D Му се виде илето! Туку, која само добра музика трешти од неговите книги, од Редиохед до Битлси и назад. Цар! Дури ми се чини дека, не е превише ако се дрзнам да го наречам хорничар на нашево време. Ме бендисува шо како ниеден друг до сега, успева да ми ги разгоре незаузданите огнови на имагинацијата. Пеер, не можеш да го читаш Мисо, без да те маваат флешови за стилизирана филмска реализација без лимит и то одма , без одлагање. Вие не знаете колку пати Тарантиновото катче ин мај бреин - беше у оффсајд, обидувајќи се да му ја режира приказната:D
@Andrejrulz знам дека таксистот црнец гарант би го играл Мајкл Кларк Данкан:)
1.jpg
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
@Andrejrulz знам дека таксистот црнец гарант би го играл Мајкл Кларк Данкан:)
Леле брат не си нормален, кај го најде .... Тамн овој висок 2 метра е, огромен е.... Perfect fit !
иначе ја сега заглавив на „ А потоа ...“ , викендов ич дома не се завртив, единствено читав по пат до Скопје и назад. Ќе гледам наредниве 2-3 дена да ја дочитам.
 
Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
Challenge Accepted. Easy level - 30 книги

01. The Da Vinci Code - Dan Brown (471 страници)
02. Стакленото ѕвоно - Силвија Плат (276 страници)

Во оваа приказна, Плат раскажува дел од својот живот, но нејзиниот функционален лик не е само олицетворение на самата Плат, туку и слика за човекот застанат пред својот живот, пред амбисот кој се отвора пред него и му го наметнува прашањето: Каде одам? Дали се изгубив на својот пат?
Естер е главниот лик во книгата кој се обидува да се самоубие и поради тој обид ќе престојува во болница за душевни болни. Не ми остави голем впечаток оваа книга, но на кој ќе му пристигне во рацете нека ја прочита, нема што да изгуби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom