Предизвик за читање книги во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Време е да почнеме да се спремаме за новиот предизвик.
Во 2012 предизвикот беше 40 прочитани книги. Лани многу членови не ни помислија да го почнат предизвикот поради бројот на книги, затоа оваа година ќе имам 3 во едно предизвик.

Зошто е креиран овој предизвик?
Првенствено како мотивација да почнеме да читаме книги и да си ги прошириме видиците, и за да си препорачуваме книги. Често се случува да немаме идеја што да читаме следно, така да на овој начин ако 40 члена прочитаат по 40 книги, потенцијално ќе имаме избор од 1600 книги, и личност која ќе може да ја прашаме за мислење за некоја книга која ни фатила око.

Difficulty level
easy - 30 книги(една книга за 12 дена)
normal - 40 книги(една книга за 9 дена)
hard core - 50 книги(една книга за 7 дена)

Гледано од ланскиот предизвик, 30 прочитани книги е релативно лесно и предизвик во исто време. За да прочитате 30 книги ќе треба да се потрудите да прочитате една книга за 12 дена. Тоа значи еден просечен paperback од 300-400 страни ќе го прочитате за 12 дена читајќи 30-тина минути дневно.

Што се брои како една книга?
Едно физичко издание се брои како една книга. Така да Game of Thrones и Зоки Поки се бројат како една книга. Нема минимум број на страни за да не се избегнуваат добри книги и класици како Старецот и морето, која нема ни 100 страни, но никој неможе да ја оспори нејзината вредност. Ако мислите дека Зоки Поки вреди да се стави на вашата листа , слободно направете го тоа. Ова е првенствено личен предизвик, а за вкусови не се дискутира.
Ако книгата е поделена на томови, бројот на томови = бројот на книги. Како што кажав едно физичко издание е една книга, нема недоразбирања и нема расправии. Исто така се бројат и книги кои веќе ги имате прочитано еднаш, но сте се одлучиле во 2013 повторно да ги прочитате.


Се надевам дека повеќето ќе го одберат предизвикот од 40 книги, а тие што успешно го завршија ланскиот предизвик, да се пробаат со 50 книги (инспириран од Srcee).
Планирам да ја прочешлам темава еднаш месечно да видиме кој до каде е стасан.

Кога ќе прочитате една книга постирајте на форумов во овој формат.

број на книга. име на книга - име на писател
3-4 реченици за книгата
Пример:
"01. Старецот и морето - Ернест Хемингвеј
Ја имав читано како лектира пред многу години, и ми остави добар впечаток тогаш и е една од ретките лектири на кои се секавав. Па одлучив да ја прочитам уште еднаш но овојпат на Англиски за да го осетам подобро стилот на Хемингвеј.
Одлична приказна за борба на старецот против рибата, морето, ајкулите и во исто време и против самиот себе си.
Прилично manly книга ^ ^ (затоа и ја одбрав)"
Во духот од ланскиот предизвик креиран од Out Of Reality, за да се приклучите кон предизвикот постирајте Challenge ACCEPTED - број на книги.
Опционално, гласајте на анкетата за да имаме преглед колку членови ќе го прифатат предизвикот оваа година.

Јас прв ^ ^
Challenge ACCEPTED - 50 книги

повик до оние кој го прифатија ланскиот предизвик.
сашенко Mary Poppins TheTrooper Forrest Gump *phoenix* Mj arakenx YO ! Smokey ! VLJ Crazy in Love BilboBaggins ob1 Srcee Ada? naumdb Вештица Dee_Jay Out Of Reality MK_Devojce Belle
--- надополнето: 26 декември 2012 во 19:25 ---
Chanel KiLian Брокер ЈуријАркадиевич Ambasadorka.G Ксантија Windfucker Limitless Мирјам од Магдала Sase_Ohrid Blackout ficdogg nameleess Mnemozina Lyon Bold Italic Мортидо Milly AlternativeF StandingStill Тикви4ка
--- надополнето: 26 декември 2012 во 19:26 ---
Ultra Anco Spirit_Scarlet Alex Baratheon Гладиус MyloXyloto The Magus Nancy* Curious Beric Dondarrion innah96 Biggus Dickus Dark King Saladin *Smurfette* Сабазиј Genesis
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Неам прифатено ништо вакво и не знам зашто ме спомињате.
Да не лупате онака по случаен избор имиња?
...или грешка некоја
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Одиме со 50 оваа година. Ќе си читам, што ми е друго од работа...
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Challenge accepted. :D

Можеби требаше да одберам хардкор. :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
challenge accepted, пофалба за ficdogg за вложениот труд да го креира предизвикот оваа година.
(можеби би било подобро анкетата да се направи јавна)

Со оглед на тоа што лани почнав јако а имав прочитано само 12 , 13 книги и за разлика од други години ми е релативно малку оваа година знам дека ќе имам повеќе обврски и отидов на "easy" :) , ако го остварам тоа, покрај сите други работи што ги имам во план годинава (факс), мислам дека уште повеќе ќе ја зголемам мотивацијата и самодовербата за повеќе.
Сепак јасната дефинирана цел за постигнување за одреден временски рок е тоа што ти ја дава онаа огнена мотивација да станеш сабајле со поголем ентузијазам и желба да направиш повеќе.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Be easy.. Дека не одговорив на предизвикот за прочитани 40, со оглед на плановите што ги имам за годинава што доаѓа предизвик ми е easy level.. озбилно. Темава си ја поштувам оти ради неа си правам ревизија колку читам во просек, и честопати си одбирам книга која овде сум ја приметила како препорачлива и занимлива. Сепак задоволството не се мери:X3:
 

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Works for me...сварно не знаев за предизвиков..а досега за оваа година над 80 книги сигурно имам прочитано! Секој ден повеќе од час време читам :D Count me in!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Го прифатив предизвикот,„и почнав да читам“,
ама сум читал и пред тоа.Така да до лето сигуро имав прочитано близу половина од оваа бројка,но некако престанав од тогаш поради селидба и други обврски.
Но има на некој прочитани книги се навраќам повторно,поради потреба од некој информации, најчесто од историска тематика.
Најинтересна ми беше,не ја испуштив од раце„Цена од Ново Мааало“,ја прочитав и „Пустина“,по ваши предлози.
Двете книги од Хитлер-едната прочитана.
книга од Мориц Романо-штета ги нема во продажба 10 книги.
„Балисти“ - Ѓорги Малковски(тоа ме наведе и да отворам тема за нив во историја)
„ Го сакам Скопје“- одлична книга се на едно место од Д.К.
„Периша Савелиќ-Самсон“- долго сум барал.се за овој борец,сега излезе и веднаш ја прочитав.
Иако нешто имам прочитано но дури сега ги купив комплет сите дела од Стале Попов,и догодина сигурно сите ќе ги прочитам,- нашиот живот во Мариово,колку само има таму обичаи,адети,клетви,пцовки,здравици и што уште не.
Сакав да ставам еден дел од една книга,но баш на таа пишува,-Забрането ова-она и Т.Н. ,порано го немаше тоа.
Застанувам на 15 книги оваа година.
Не го исполнив предизвикот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Го прифаќам предизвикот на средното ниво, се надевам нареднава година дека ќе ја достигнам 40-ката, иако оваа година потфрлив, а толку добро стартував со читање :)...

Ги сакам овие теми бидејќи останува виртуелно сведоштво за прочитаното, па и по години ако решам да препрочитам некоја книга, ќе можам да го компарирам впечатокот за истата :)...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Се` супер е ова, но јас немам прифатено предизвик на другата тема за читање книги. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom