Предавање на Др. Слаѓана Велков

N

NikolaMKD91

Гостин
Кажи ми како се споредува со професорка на земјоделски факутет?
Ја изеде со контра аргументи.
Иначе ако е толку мила и добра зашто веќе не го препорачува зеолитот?
Знаеш колку имаа бубрежни болести само од нејзините совети?
Што се последиците од нејзинотата анти-научна заблуда за вакцините,ГМО и за се што има медицината постигнато до сега?
Ако е толку стручна нема да живее во Арапските земји и нема да проповеда псевдонаука.
:pos: Само што ја изгледав цела емисија . Јас сум против конзумирање на ГМО храната во нашите организми, значи од тој аспект го подржувам ставот на Др.Слаѓана Велков . Ама во емисијата профосорката ја изгази Велков како плиток поток. Се што го кажа како аргумент против ГМО храната ,професорката све и сруши и поби. Професорката Ивановска имаше далеку поиздржана и појака аргументација. Така што кога би требал според тоа да гласам би гласал за проф. Соња Ивановска.

Плус иако делам заеднички став со Велков за ГМО храната, сепак во голема мера не ја подржувам во нејзинито пропагирање на вегетарјанството и веганството кон широките народни маси. Човек не само што со трева неможе да се излечи, неможе ни да преживее. Сега веднаш ќе се јават вегетарјанците и ќе ми реплицираат ко во стил : јас сум толку години исклучиво на вегетарјанска исхрана па еве жив сум, ништо не ми фали, се чуствувам многу поздраво. Па еве ви од мене гратис по една бала сено, зоб и слама па зобајте еден месец и кажете ми дали се чуствувате поздрави. :pos:

Да се вратам на темата, Велков држи трибини често патнува низ градовите и државите и го пропагира растителниот начин на исхрана како апсолутно здрав. Јас би сакал да ја прашам неа да каже кој ги финансира сите нејзини трибини и настапни ? Бидејќи нели сето тоа бара пари, организација и луѓе . Кој и го обезбедува тоа и зошто ?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Е тоа де парите од каде и се :icon_lol:.

Инаку веднаш до Мајк Адамс Др. Слаѓана Велков е мојот херој, а до некни не ни знаев за нејзе :icon_lol:.

Вечерва 22.00. Јади Бурек ќе ја гледам само заради нејзе, а таа емисија ја немам гледано доооолго време :icon_lol:.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Оу да и беше лошо со професорката сега иде да го омекне образот кај јанко.
Каква очајност...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Во моментов е на сител 3, гостинка кај Јанко
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Како идеја моја е да дојди и одржи предавање на тема ГМО во Прилеп, е сега не знам како ќе се организираме....
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ја гледав на Јади Бурек (после 12 , не репризата преку ден), всушност само пола саат, можеби саат ја гледав. Реков супер, нешто да разберам околу ГМО, така барем беше најавата. Но кога почна да збори дека цела медицина е ѓубре и со тревки треба да се лечиме. :) М, ајде, важи. И за вакцините, болеститекако беснило, детска парализа итн, не биле искоренети со вакцини, него ради хигиена и дека не треба никој да се вакцинира. Мислам ок е да се спомене штетноста на вакцините, можеби дел од нив и се непотребни, ништо не е црно бело, но да се оди во крајност и тоа кога детската парализа се враќа на блискиот исток заради невакцинирање на децата. (n) За ГМО не гледав и таму сигурно била во право како и за здравата исхрана. Јадете зелено и тоа е.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51

Не знам зошто порано не се вклучив тука на форумот на овие дискусии...јас едно 2- 3 недели наназад се расправам со нејзините приврзаници и со неа лично...ама без поголем успех и на крај добивам лични навреди после кои морав да се откажам од секаква понатамошна дебата...да не споменувам дека сум сама наспрема 1000....:(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51
Јас ја прашав дотичната докторка само една работа : Зошто, ако ги негира сите придобивки на медицината,вклучително и патофизиолошките механизми за настанување и лечење на болестите,покрај нејзиното име стои титула Др.со завршен Медицински факултет во Скопје????... ми одговори дека сфатила оти болестите не постојат, измислени се од светските моќници како би можеле да заработуваат на лекови?????... докторите се дилери на токсични лекови со кои само ги трујат луѓето????...епа извинете,јас ако имам малку совест и етичност, фино -лепо ќе се откажам јавно од дипломата и титулата и ќе кажам дека од сега па натаму практикувам алтернативна медицина,хомеопатија,билкарство итн,итн....не може да ја носиш титулата доктор а ваму ни д од тоа не признаваш...нема логика,нели?:eek:
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Не ми е јасно само како тоа бре нашиве предци речиси ден не минувале без млеко, јајца, леб а често конзумирале и месо па биле поздрави живееле по 80,90 па и нагоре, би било убаво да објасни докторкава.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Јас ја прашав дотичната докторка само една работа : Зошто, ако ги негира сите придобивки на медицината,вклучително и патофизиолошките механизми за настанување и лечење на болестите,покрај нејзиното име стои титула Др.со завршен Медицински факултет во Скопје????... ми одговори дека сфатила оти болестите не постојат, измислени се од светските моќници како би можеле да заработуваат на лекови?????... докторите се дилери на токсични лекови со кои само ги трујат луѓето????...епа извинете,јас ако имам малку совест и етичност, фино -лепо ќе се откажам јавно од дипломата и титулата и ќе кажам дека од сега па натаму практикувам алтернативна медицина,хомеопатија,билкарство итн,итн....не може да ја носиш титулата доктор а ваму ни д од тоа не признаваш...нема логика,нели?:eek:
После овој одговор би се запрашал дали не и е случајно фалсификат дипломата? :cautious:
 
Член од
30 мај 2014
Мислења
66
Поени од реакции
30
Оваа жена е tabula rasa по медицина,можно е и дипломата да и е фалсификат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom