N
NikolaMKD91
Гостин
Само што ја изгледав цела емисија . Јас сум против конзумирање на ГМО храната во нашите организми, значи од тој аспект го подржувам ставот на Др.Слаѓана Велков . Ама во емисијата профосорката ја изгази Велков како плиток поток. Се што го кажа како аргумент против ГМО храната ,професорката све и сруши и поби. Професорката Ивановска имаше далеку поиздржана и појака аргументација. Така што кога би требал според тоа да гласам би гласал за проф. Соња Ивановска.Кажи ми како се споредува со професорка на земјоделски факутет?
Ја изеде со контра аргументи.
Иначе ако е толку мила и добра зашто веќе не го препорачува зеолитот?
Знаеш колку имаа бубрежни болести само од нејзините совети?
Што се последиците од нејзинотата анти-научна заблуда за вакцините,ГМО и за се што има медицината постигнато до сега?
Ако е толку стручна нема да живее во Арапските земји и нема да проповеда псевдонаука.
Плус иако делам заеднички став со Велков за ГМО храната, сепак во голема мера не ја подржувам во нејзинито пропагирање на вегетарјанството и веганството кон широките народни маси. Човек не само што со трева неможе да се излечи, неможе ни да преживее. Сега веднаш ќе се јават вегетарјанците и ќе ми реплицираат ко во стил : јас сум толку години исклучиво на вегетарјанска исхрана па еве жив сум, ништо не ми фали, се чуствувам многу поздраво. Па еве ви од мене гратис по една бала сено, зоб и слама па зобајте еден месец и кажете ми дали се чуствувате поздрави.
Да се вратам на темата, Велков држи трибини често патнува низ градовите и државите и го пропагира растителниот начин на исхрана како апсолутно здрав. Јас би сакал да ја прашам неа да каже кој ги финансира сите нејзини трибини и настапни ? Бидејќи нели сето тоа бара пари, организација и луѓе . Кој и го обезбедува тоа и зошто ?