Предавање на Др. Слаѓана Велков

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
За нејзиново гостување во Јади Бурек, Јанко стварно ме разочара.... Патем, конечно најдов некои кои размислуваат со своја глава...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
И дефинитивно можам најодговорно да тврдам дека оваа не само што е самопрогласена докторка туку и тежок психопат и забегана личност којашто живее во некој свој свет...Читам веќе подолго време што објавува и последниве неколку дена решив за тие теми што сум покомпетентна да ја цитирам и со научни аргументи да и докажам дека објавува небулози...Госпожата наместо со иста мера да ми врати (аргументирано) и да се брани, ме блокираше...Најмногу ги жалам оние плитки мозоци што и веруваат и ја поддржуваат во нејзините 'мудрувања'...
Одвратно...
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Слаѓана Велков продава избелувач како „чудотворен лек“
Зад продажбата на отровот MMS (Чудотворен минерален раствор), кој наводно ги лечи најтешките болести, стои квази докторката Слаѓана Велков која на луѓето им продава надеж преку интернет.

Таканаречениот „Miracle mineral solution“, или MMS, е всушност најобичен избелувач, а Велков преку друштвените мрежи им го нуди на беспомошни луѓе, најчесто на очајни родители на болни деца, и вели дека е лек за рак, аутизам, па и сида. Велков, која во јавноста е позната како „ороводец“ на борбата против вакцинацијата на деца, преку својата Фејсбук страница го претставува овој избелувач како лек против многу тешки болести. Освен тоа, нејзините агитатори ги убедуваат луѓето дека традиционалната медицина никогаш не ги излечила и „сведочат“ дека MMS ги излечил од тешки болести. Кога ќе ја препознаат жртвата, настапува втората екипа која ја организира продажбата на производот по цена од 15 до 30 евра


Ова опасно средство за дезинфекција на нехлорирана вода може да доведе и до смртен исход ако се внесе на каков било начин во организмот. Велков тврди дека со постојано 2-неделно консумирање на „лекот“, ракот и леукемијата исчезнуваат. И покрај оваа монструозна пракса, обвинителството за борба против високотехнолошки криминал, во чија надлежност спаѓа ова, молчи повеќе од една недела.

Од српското министерство за здравство изјавиле дека во наредниот период ќе се интензивира следењето на овие профили на интернет и дека ќе се направат обиди да се стави крај на лажењето на граѓаните кое може да биде фатално за болни луѓе кои изгубиле надеж и буквално се присилени да станат жртви.

Зоран Вујчиќ, професор на факултетот за хемија, изјавил дека родителите кои им го даваат MMS на децата треба да бидат гонети, а децата да им бидат одземени. „Нашата земја има неодговорна власт. Неколку ентузијасти кои се стручни на ова поле се собраа на Фејсбук да им се спротивстават на надрилекарите како Слаѓана Велков. Но повеќето молчат. Се повлекоа и лекарите и фармацевтите пред напливот на овие штетници кои можат да се наречат и криминалци“, изјавил тој.


„Шокиран сум од сознанието дека на некој му паднало на ум да пие избелувач. Тоа пред се е отров со корозивно дејство и може да доведе до сериозно оштетување на органите“, објаснил д-р Драган Јошковиќ, токсиколог.

Прочитај повеќе на: http://pixel.mk/zhivot/zdravje/slagjana-velkov-prodava-izbeluvach-kako-chudotvoren-lek | Pixel.mk
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Не знам дали има соодветна институција за оваа лудача да ја сопрат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom