Преговори со ЕУ, отварање и затварање на поглавијата по ново

Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
https://sdk.mk/index.php/makedonija/nemate-rezultati-vo-zamrznuvane-i-zaplena-na-imot-i-bogatstvo-steknati-so-kriminal-zabelezhuva-evropskata-komisija-vo-izveshtajot/

да не се лажеме, нема големо богатство стекнато на поштен начин... дури и кај врвните спортисти, уметници и слично, има многу случки на затајување на Данок, а тоа е исто Криминал... ај, Избегнување на Данок со селење во даночна Оаза е правно легално, ама има Неплаќање...ете излезе во јавност колку Данок платиле сите фирми на Трамп, смешна работа..
Што останува за транзициските и пост транзициските тајкуни и олигарси од транзициони квази држави ??
Смешно беше кога
по најавата за смалување на кеш трансакции од 1000 на 500 евра, под притисок на северозападната комора се Зголеми кеш трансакцијата на мислам 1500 евра :facepalm:
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.674
Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ, но има целосно право да блокира

Дискусијата за проширувањето траела речиси два часа, бугарскиот амбасадор најдолго зборувал, пренесуваат дипломатски извори за МИА. Тој ја изложил бугарската позиција околу усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, нагласувајќи дека Софија го оспорува краткото име на земјата (Бугарија смета дека земјата треба да се нарекува Република Северна Македонија во официјална комуникација, а не Северна Македонија) како и ословувањето на јазикот како македонски.

Амбасадорите ќе се навратат на прашањето за преговарачката рамка идната недела повторно, со надеж дека ќе има веќе некаков напредок дотогаш помеѓу двете страни, но потсетуваат дека одредени земји членки на ЕУ имаат забелешки на други теми поврзани за реформата на методологијата на преговарачкиот процес.

ете и краткото име било проблем сега :icon_lol:
 
ако гледаме по Ирскиот модел е проблем... Северна Ирска е федерален дел дел од УК, а Република Ирска е друга држава ..
е сега кај нас, Македонија која е конститутивен дел на Грција, требаше по Ирскиот модел да биде Јужна Македонија, а ние како посебна држава Република Македонија..
Но бидејќи грчката провинција Македонија е и географски и во секој поглед далеку поголема и позначајна од нас, тие си го задржаа името Македонија, а имаат 3 делови, Централна и Западна Македонија и Источна Македонија иТракија ( заедно еден дел)
Од тука логично е дека ние сме Република Северна Македонија, а не Северна Македонија....
б.т.в., можеби во иднина ќе имаат потреба од Централна Македонија да се формира дел Северна Македонија... сега на пример Кукуш (Поликастро) и Едеса ( Воден) се во Централна Македонија...

Но околу ова има и нешто друго што е интригантно...
https://a1on.mk/macedonia/prodolzhuva-sorabotkata-megju-opshtinite-gevgelija-i-peonija/
Значи градот Поликастро, кој е во регионот Килкис , е во Општина Паеониа, иако по цела логика Регионот требаlo да биде Пеониа а да има башка општини Поликастро и Килкис (Кукуш)

Ако еден ден, по хх години, влеземе во ЕУ и Шенген, ќе треба ЈовоНаново да се разговара за регионалните зони, од разни аспекти, како историски но и културни и економски...
а интересно, ние во нашата држава, колку знам, НЕМАМЕ никаде ниту општина ниту околија Пеонија... утре ако сакаме, на пример освен винскиот регион и бренд Тиквеш, да имаме регион и бренд Пеонија тој е зафатен од Поликастро??
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
Димитров: Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас

а бе зевзеку, Блгарија може а и ТРЕБА да не изблокира , ама за други работи... 3 години нова власт а кривосудството е ДАБЕТЕР... башка што владее ТОТАЛНА АНАРХИЈА и во обичниот живот, почнувајки од НЕПОШТУВАЊЕ на закони, на пример во сообраќајот, закони за забрани на загадување ( ете 24/7 горење на гуми и отпад)..... па и мерките за забрана на собирање поради Пандемија само селективно се поштуваа.... Блгарија може и треба да не блокира , не само нас па и Србија, , само за друго, не тие нивни глупости...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.530
Поени од реакции
34.682
... како што иде по домино систем, Албанија ќе влезе пред нас во ЕУ, откога ,,ќе заврши,, работа Бугарија со нас... Албанија ќе ни фукне ,,вето,, нема да кажам за што...и тоа ќе биде крајна егзекуција!
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
За земји шо добиле 4-5 датуми за почеток на преговори нели е автоматски зачленувањето?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Све уреду министре, ама на префрлање на билатерални прашања во преговори требаше малку порано да ви текне. Т.е. кога ги ставивте како услов за Грција или пак како услов за влез на Србија да го признае Косово. Гниди едни лицемерни.
Сега веќе касно е. Ќе си бараат браќата Блгари со право вакви глупости. Пошто, чим можеше да бидне за Грција, што да не и за нив.
 
територијалното разграничувањемеѓу Словенија и Хрватска е оставено да се реши подоцна, но се уште не е решено, мислам дека имаше и една неуспешна арбитража...
Друго прашање е дали Историјата е воопшто Билатерално прашање, имено да дојде друга влада и да отфрли таков договор за историја , ни ООН ни меѓународен суд нема да се занимава со тоа, право е на било која држава во сопствени учевници да си ја изучува историјата на СОПСТВЕНАТА ТЕРИТОРИЈА ...
сите забелешки на Грција беа за историјата на северна Грција и античките македонци, не за историјата на РСМ и античките пајонци....
Значи билатерални прашања може да бидат само територијални разграничувања и слични конкретни проблеми...
А па да не зборувам за Омразата, чисто приватно право на граѓаните ..
Патем, на Еуро 2004 во Португал, по ( наместената ) утакмица меѓу Шведска и Данска, 2:2 а со кој резултат и двете влегоа а испадна Италија, имаше големи изливи на омраза меѓу граѓани на ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ на ЕУ подгревани во медиуми , не само по утакмиците туку подолго време....
ама никого не избркаа од ЕУ :icon_mrgr:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ставот на Захариева изразен преди Die Welt
 
M

Macedon1um

Гостин

Зклучоците на ЕУ за Западен Балкан не се усвоени ниту денеска откако Словачка, Австрија и Чешка се побуниле дека ЕУ премногу ѝ попушта на Бугарија, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на дипломатски извори. Овие заклучоци досега редовно се усвојуваа на министерско ниво, но на последниот состанок на 8 декември годинава тоа не се случи, бидејќи Бугарија ги блокираше. Германското претседателство требаше да најде прифатлива формулација за да се овозможи евентуално усвојување на заклучоците, но како што велат дипломатски извори за Радио Слободна Европа, ова прашање било целосно тргнато од агендата, окако утринава некои земји имале приговори за јазикот користен во поглавјето кое што се однесува на добрососедските односи.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера го усогласуваа завршниот текст, но дел од земјите членки на ЕУ сметаат дека вклучувањето на „историскиот контекст“ во официјални документи на ЕУ создава преседан.

Според изворите на Радио Слободна Европа, Словачка со поддршка од Чешка и Австрија, сметаа дека „премногу ѝ се попуштало на Бугарија“ во текстот на завршниот документ за заклучоците.

Во завршниот текст се наведува дека е неопходно да се имплементираат Договорот од Преспа и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

„Овие два чекори треба ефикасно да стават крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата“, стои во завршниот текст на заклучоците, што беше доволно Бугарија да го одобри.

Бугарија, oсвен усвојувањето на заклучоците за Западен Балкан, го блокираше и усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.923
Земјите членки вчера успеа да постигне своевидна компромисна дефиниција, која сепак е во прилог на Бугарија. Ги прифати двете барања на Софија во преамбулата од заклучоците да ги вметне долгото име на државава и формулацијата за погрешна интерпретација на историјата
Идентитетот - Бетон!
Наздравје
 
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Portugal: It is not true that Bulgaria is blamed for obstructing this process!

https://newsfragrance.com/bulgariaeng/portugal-it-is-not-true-that-bulgaria-is-blamed-for-obstructing-this-process-【world-news】-•-current-information-topics-and-news/

Португалија официјално го прифати претседателството на ЕУ за идните 6 месеци .
На денешната прес-конференција, амбасадорот Нуно Брито ги истакна приоритетите на португалското претседателство-подобрување на односите со Африка,изготвување нови правила на ЕУ за миграција,одобрување на новиот европски буџет и економско закрепнување од пандемијата .

Португалија смета дека нема потреба да се брза со предлагане нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето и не е во ред Бугарија да се обвинува за попречување на овој процес.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833

Да де, нормално не е во ред, во клубот мора да има консензус, така си се договориле, на таков начин да продаваат демократија, се мочам на таквата демократија.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
Да де, нормално не е во ред, во клубот мора да има консензус, така си се договориле, на таков начин да продаваат демократија, се мочам на таквата демократија.
Друго си е демократијата во РСМ.. класа невидена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom