Превоз до Скотинас, Паралиа - Грција

Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ме интересира дали некој има информации за било каков превоз до оваа локација. Автобуски би било најубаво, комбиња се исто ок. Знам дека таксисти одат, ако им дадеш бубрег и пола рака. Ако има инфо за цените, и тоа би било закон. Воедно, во ред би било да има преместување во Солун. Пример, од Скопје до Солун со автобус, па понатаму со некој друг превоз, но со кој, како, каде и кога?

За помошта благодарам однапред.
За тролањето благодарам одпозади.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Пријател што работи во шпедиција некоја (што знам, Deni International рецимо) и има тура накај Атина да те префрли а ти да му дадеш некој денар за возврат е најдобра идеа според мене, ако си у план за сам да одиш. Ќе те остави во Катимерини, од таму фаќаш автобусче (некаде околу 2-3 евра ако не се лажам, половина час пат) до Паралиа и решен проблем.
Уште еднаш, ова делува ако си у план да идеш сам и сакаш да поминеш евтино :)

Друг предлог, ако веќе неможе да се оствари претходниов ти е да прашаш по агенцииве кога одат натаму (сега во Јуни почнуваат мислам, ако не и порано; Савана Турс знам дека одат до Паралиа и Олимпик Бич) па да им дадеш некој денар само за превоз, би требало да те чини премногу ефтино поради тоа што тие и така одат натаму, а веруј, автобусите им се полу празни. Лично, лани одев на одмор средина на Јуни некаде, пола автобус беше потполнет од луѓе кои имаат платено само превоз (кој по работа, кој на гости итд).
 
Ух, дој да ти заблагодари бато...

И јас искрено се мислев за туристичкиве агенции но не бев сигурен дека прифаќаат така за превоз само. Сега единствено што треба е да се потрудам да најдам некоја агенција што ќе се погоди со терминот..
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пријател што работи во шпедиција некоја (што знам, Deni International рецимо) и има тура накај Атина да те префрли а ти да му дадеш некој денар за возврат е најдобра идеа според мене, ако си у план за сам да одиш. Ќе те остави во Катимерини, од таму фаќаш автобусче (некаде околу 2-3 евра ако не се лажам, половина час пат) до Паралиа и решен проблем.
Уште еднаш, ова делува ако си у план да идеш сам и сакаш да поминеш евтино :)
Незнаев дека бизнис вртат шоферите и на ваков начин, мислев без пари пренесуваат некого уз пат :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ами сеа, кај нас Црногорците знаеш како се вика.. Нема џабе ни код старе бабе.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Незнаев дека бизнис вртат шоферите и на ваков начин, мислев без пари пренесуваат некого уз пат :)
Што знам... ако си женско без пари цепаш без проблем ваљда. Ја ко машко, ќе си платам, поубо се осеќам некако :icon_lol:

Него, се врти бизнис бе, зашо да не... Немора да те превезуе, нарачај си нешто од Грчка, Германија или било каде ќе ти го донесе бадијала (добро, ќе му бутнеш нешо у џеб за маката) :D

Пс: ако на некој некогаш му се укаже шанса да биде пренесуван вака, ја поуката што ја извадив е дека се иде ненаспан, макар и од Скопје до Велес да те носи... Тежок е тој муабет со шофери. То ест, не е муабет, монолог е на шоферот :tapp:
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Еднодневно капење за до Паралиа или ОлимпикБич али преку работна недела? Знае некој некоја агенција?
фала
 
Kajgana Shop

На врв Bottom