Превод на Лавкрафт и Толкин

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Ова не може.
Пази ја не сум литературџија или како и да се викаат тие што се занимаваат со ова, али барем знам дека Енглезите имаат само миљарда зборови поише од нашиот јазик, така да тоа за секој еден збор дека требе да има еден и само еден еквивалент, може само у обратна насока - коа преведуеш од енглески на македонски.
Дефинитивно не си можеме во фонд на зборови со англискиот, но токму тоа е уште поголема причина за секогаш кога може, да се искористат сите зборови кои ги имаме. И мислам дека би се изненадил од тоа колку богат јазик е всушност македонскиот и колку јуначки може да се брани кога е во костец со англискиот. Проблемот е што едноставно не стоиме многу добро со модерна литература којашто тоа убаво го покажува. А јаловоста на просечниот превод на пазарот воопшто не помага во подобрување на ситуацијата.
Поради тоа и ставив толковник на крајот на преводот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Tоа ќе бидат неупотребувани често зборови, кои ќе делуваат страно и неприродно за просечниот читач. Може текстот да делува извештачено при тоа (во очите на просечниот читач).
Тука веќе доаѓаме до тоа да се запрашаме која е функцијата на преводот што го прави преведувачот? Што сака да постигне тој со својот превод. Дали сака да постигне некоја можеби понекомформистичка цел?
Како и да е, знам што сакале да постигнат досегашните преведувачи на печатените изданија од светот на популарната епска фанстастика. И силно не успеале во тоа.

Ова е поокеј превод (далеку), али си имам ја право на свои замисли и решенија, околу ова.
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Фактот што некои зборови се ретко употребени не треба да биде препрека. Зашто ако одиме по таа патека, македонскиот јазик само ќе продолжи да тоне. Ако треба сосила да му се стават в гуша некои зборови на читателите, за да истите се спасат од изумирање и да му се покаже на народот колку е всушност богат македонскиот јазик, па да живне и литература и се, so be it.
Но да, тука веќе се работи за која преведувачка школа ја следи преведувачот. Долга и широка е оваа тема.

И да, несомнено секој си има право на свои замисли и идеи за што треба да е како. Колку преведувачи - толку преводи (за среќа или за жал).
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Фактот што некои зборови се ретко употребени не треба да биде препрека. Зашто ако одиме по таа патека, македонскиот јазик само ќе продолжи да тоне. Ако треба сосила да му се стават в гуша некои зборови на читателите, за да истите се спасат од изумирање и да му се покаже на народот колку е всушност богат македонскиот јазик, па да живне и литература и се, so be it.
Но да, тука веќе се работи за која преведувачка школа ја следи преведувачот. Долга и широка е оваа тема.

И да, несомнено секој си има право на свои замисли и идеи за што треба да е како. Колку преведувачи - толку преводи (за среќа или за жал).
Потполно се сложувам дека дека треба почесто да се користат зборови од нашиот јазик кои ретко се употребуваат во денешниов говорен јазик. За жал голем дел од старите наши зборови многу ретко се употребуваат и што е уште пострашно младиве не ги ни разбираат , а од друга страна многу често се користат интернационализми или новокомпонирани зборови кои дури не се ни македонски . За да биде работата уште пострашна во ова касапење на македонскиот јазик кое се случува одамна , помагаат и медиумите со нивното користење на интернационализми и англицизми за зборови кои дури не се ни архаични . Примери има еден куп , еве само некоку од нив . Баланс наместо рамнотежа , вркшоп наместо работилница , журнализам наместо новинарство , таргет наместо цел , лимит наместо граница итн итн .
Што се однесува пак до преводите на странска литература во последниве 20 години , многу ретко сум сретнал асолен превод на книга . Ми се чини дека до пред 20 години многу повеќе се внимаваше на преводите и посебно на лекторирањето на изданијата . Дури ми се чини дека денес за жал ретко која книга од странски автор е лектурирана , а и тие што се се лошо лектурирани , со чест на исклучоци кои се малубројни .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru
Член од
18 октомври 2007
Мислења
31
Поени од реакции
21
Одлична тема, и јас сум фантаик за Толкин. За Силмалирион се надевам ќе ти помогне српскиот превод на професорката по книжевност - Дубравка Попадић-Грбенаровић. Само напред.

Еве еден мој превод на омилен дел од „Господарот на Прстените“ - Враќање на Кралот. Толку ме погоди генеричкиот и бездушен превод во книгите на Македонски јазик, што пред некој ден седнав да го „поправам“.


„Во служба на Кралот! Во служба на Кралот!“ срцето врескаше од внатре. „Мора да останеш покрај него. Ќе ми бидете како татко, му велев.“ Но, волјата затаи, а телото му се тресеше. Тој не се осмелуваше да ги отвори очите или да погледне нагоре.
Тогаш, низ темнината на умот, му се причини дека го слушна Дернхелм како зборува; сепак, гласот имаше чуден призвук што потсетуваше на веќе познат глас.
„Бегај, нечисто сениште, господару на мршојадците! Остави ги мртвите да почиваат во мир!“
Одговори студен глас, „Не стој меѓу Назгулот и неговиот плен! Или кога редот ќе ти дојде тој нема да те погуби. Ќе те однесе далеку, во домовите на јадот, зад незнајната тмина, каде телото ќе ти биде глодано, и каде умот свенат и слечен ќе трепери пред Окото Оголено.“
Мечот заѕвони, изваден од корицата. „Прави како ти е волја; но јас ќе те запрам, ако можам.“
„Да ме запреш? Беузмнику. Не се родил маж што може да ме запре!“
Тогаш Мери, од сите повици, го слушна дотогаш најчудниот. Се чинеше како Дернхелм да се насмевна, и чистиот глас беше како челичен екот. „Но, јас не сум родум маж! Пред тебе стои жена! Јас сум Еовин, ќерка на Еомунд. Не застанувај помеѓу мене и мојот господар и род. Изгуби се, ако смртен не си! И да дишеш и да си мракот нежив, ако го допреш, ќе те сотрам.“
Крилестото суштество вресна кон неа, но сеништето на прстенот не одговори, и молчеше, како обземено од ненадеен сомнеж. Изненадувањето за момент го навјаса стравот на Мери. Тој ги отвори очите и темнината пред нив се расчисти. Големиот ѕвер беше на дистанца од неколку чекори и мракот што го обвиваше голташе сè, а над него надвиснуваше Господарот на Назгулите како сенка од очај. Малку на лево, свртена кон нив, стоеше онаа која се одѕиваше на името Дернхелм. Но, шлемот беше паднат, повеќе не криејќи ја нејзината тајна, а сјајната коса, ослободена од стегите, зрачеше ко бледо злато на нејзините раменици. Очите, сиви како морето, тврди и чемерни, но сепак имаше и солзи што ѝ се слеваа по образите. Мечот цврсто стегнат во раката, а штитот подигнат наспроти ужасот во очите на непријателот.
Таа беше Еовин, но и Дернхелм во исто време. Во умот на Мери блеснаа мемориите за лицето што го виде по патот од Дунхароу: лице на некој што ита по смртта, на некој одроден од надежта. Тага и голема восхит му го исполнија срцето, и одеднаш му се разбуди касната храброст што беше вродена во неговата сорта. Ја стисна дланката. Таа не смееше да умре, така прекрасна, толку очајна, сама и без поткрепа.
Лицето на заедничкиот непријател не се заврти кон него, а тој сè уште не се осмели да мрдне, стравувајќи дека смртоносните очи ќе го најдат. Лека, пополека, тој почна да ползи отстрана; но Црниот Заповедник, во сомнеж и коб кон жената пред себе, не го сметаше за повеќе отколку еден црв во калта.
Одеднаш големото суштество ги затресе крилјата, и ветрот од нив ширеше гнасна реа. Тоа повторно скокна во воздух, и потоа набрзина се втурна кон Еовин, врескајќи, колвејќи со клунот и канџите.
Сепак, таа не отстапуваше: воина на Рохиримите, потомок на кралевите, тенка, но опасна и остра како челик, прекрасна, и страшна. Таа брзо замавна, смртоносно и со вештина. Го пресече истегнатиот врат, и отсечената глава се стркала како камен. Рипна наназад откако големото суштество падна во неповрат, со крилјата раширени и стуткани на тлото; и со неговата смрт сенката исчезна. Тогаш светлината повторно ја облеа, и нејзината коса блескаше на изгрејсонцето.
Од пропаста се издигна Црниот Јавач, исправен и опак, надвиснувајќи се над неа. Со крик кој ги бодеше ушите како со отровно шило, тој удри со својот боздоган. Штитот и се скрши на многу парчиња, и нејзината рака беше скршена; потоа таа падна на колена. Тој се исправи над неа како облак, и очите му блеснаа; тој го подигна боздоганот за да усмрти.
Но, одеднаш и тој се заниша нанапред со вресок од лута болка, и боздоганот му затаи, па заврши долу во земјата. Мечот на Мери го прободе од зад грб, кинејќи ја црната роба, сечејќи ја тетивата под оклопот и силното колено.
„Еовин! Еовин!“ викаше Мери. Тетеравејќи се и мачејќи се да стане, со последните сили таа го заби мечот меѓу круната и мантијата, додека моќните плеќи се виткаа кон земјата. Мечот по јасен блесок се искрши на многу парчиња. Круната се отркала недалеку со ѕвекот. Еовин се струполи нанапред, преку својот противник. Но погледај! Мантијата и Оклопот беа празни. Сега лежеа на земјата безоблични, искинати и стуткани, и вресок се издигна во растреперениот воздух, претворајќи се во затаено завивање, кое исчезна со ветрот, глас обезглавен и слаб, на смртна постела легнат, проголтан, и нечуен повеќе во таа ера на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Силмарилионот веќе го сметам за готов, макар што одвреме-навреме пак го поправам со по некој збор-два. Најактуелната верзија ја имам на веб страната (poligramaton.mk), па кога ќе имаш време ѕирни ја и баш кажи ми што мислиш. Секогаш сум отворен за коментари и подобрувања.

Инаку, преводот ти е добар, макар што би се осмелил да ти дадам неколку забелешки.
Не би употребил релативно модерни зборови како „дистанца“, „тетива“, и „меморија“. Во последните два случаи, „жила“ и „спомен“ би биле посоодветни. Исто, иако имаш супер решенија за некои делови, понекогаш си предалеку од оригиналот за мој вкус, а понекогаш пак, преблиску. Меѓутоа не знам колку преведувачко искуство имаш, па затоа не можам да ти замерам премногу бидејќи рамнотежата меѓу овие две работи, како и тоа да се знае кога да се употреби поетски збор, а кога не, е една од најтешките делови во преводот, како што споменав во коментарот погоре. Претпоставувам дека знаеш и за тоа дека имињата Дернхелм и Данхероу, според Толкин треба да се преведат. Ме интересира баш како се запишани во македонскиот превод, ако ти е при рака?

Бидејќи секогаш ми се прави ќеф кога вака ќе видам туѓи преводи на Толкин, а особено на еден од деловите коишто и мене лично ми е омилен, еве ја и мојата верзија, којашто ја направив набрзина откако ја прочитав твојата. Не е совршена зашто немам многу време да ја тинтарам, ама сепак сум задоволен. Види ја и кажи ми дали ќе те бендиса. За болдираните делови долу напишав и по некоја забелешка.

---
Кралски човек! Кралски човек!“, му викаше срцето од внатре. „Мора да останеш крај него. За татко ќе те имам, му рече.“ Но волјата не му се одзва, а телото му затрепери. Не се осмели да ги отвори очите или да погледне нагоре.

Тогаш од црнилото на умот му се пристори како да го слуша Кришношлем кај зборува; ама сега гласот се чинеше чуден, присеќавајќи му некој друг глас што го беше знаел.

„Сиктер оттука, гнасни двимерлејк, владару на мрши! Остави ги умрените на мира!“

Студен глас одговори: „Не застанувај меѓу Назгулот и пленот! Зашто нема да те отепа кога ќе ти се заврти. Ќе те одведе во куќите на лелек, отаде сета темнина, кај што месото ќе ти го изедат и пеплосаната ти душа гола ќе е оставена пред Неклепното Око.“

Меч заѕуни од ножница. „Прави што сакаш; ама ќе те запрам ако можам.“

„Ќе ме запреш? Будало една. Не се родил маж кадар да ме запре!“

Тогаш Мери од сите звуци во тој час го чу најчудниот. Се чинеше како Кришношлем да се смее и бистриот глас беше како ѕун на челик. „Не сум ти јас маж! Жена стои пред тебе. Еовин сум јас, ќерката на Еомунд. Стоиш меѓу мене и мојот владар и роднина. Сиктер оттука ако си смртен! Зашто жив бил или мрачен немртовец, има да те сотрам ако го допреш.“

Крилатиот створ ѝ вресна, но Прстеновото сениште не врати одговор и беше тивко, како во ненадеен сомнеж. Чисто чудење за момент надваса над стравот во Мери. Ги отвори очите и црнилото му се крена од нив. Таму, на неколку чекори од него седеше големиот ѕвер и сѐ се чинеше темно околу него, а одозгора беше истопорен Назгулскиот Владар како сенка на очај. Малку полево наспрема нив стоеше онаа којашто ја беше викал Кришношлем. Но шлемот на тајностa ѝ беше паднат пред неа и светлата коса, ослободена од врвките, како бледо злато ѝ болскотеше врз рамената. Очите сиви како море ѝ беа силни и лути, а сепак солзи ѝ беа врз образите. Меч ѝ беше во раката и го подигна штитот наспроти ужасот на очите на непријателот.

Еовин беше, а и Кришношлем. Зашто во умот на Мери блесна споменот на лицето што го виде при јавањето од Дунхарг; лицето на некој што оди да си ја најде смртта, немајќи надеж. Жалост му го исполни срцето и голем восхит и наеднаш бавнотлејната храброст на неговата раса се разбуди. Ја стисна дланката. Не смее да умре, толку лична, толку очајна. Или барем не смее да умре сама, непомогната.

Лицето на нивниот непријател не беше свртено кон него, но сепак едвај се осмелуваше да се помрдне, преплашен да не се најде во погледот на смртоносните очи. Полека, полека почна да ползи настрана; но Црниот Војвода, во сомнеж и намерен лошотилук врз жената пред него, го есапеше помалку и од црв во калта.

Наеднаш големиот ѕвер мавна со одвратните крила и ветерот од нив беше гнасен. Повторно скокна во воздух, а потоа бргу се спушти врз Еовин, врискајќи, колвејќи со клун и со канџа.

Ама таа не се сепна: рохиримската мома, кралското чедо, тенка, но како челична острица, лична, но ужасна. Брз удар зададе, вешт и кобен. На две го расцепи истегнатиот врат и отсечената глава падна како камен. Срипа наназад како што огромната снага се сруши срозана, а огромните раширени крила пласнаа врз земјата; и со нејзиниот пад сенката помина. Светлина се зададе околу неа, а косата ѝ заблеска на изгрејсонцето.

Од кршот се крена Црниот Јавач, висок и застрашувачки, надвиснат над неа. Со крик на омраза што како отров ги бодеше ушите го спушти боздоганот. Штитот ѝ се распрсна на многу парчиња и раката ѝ се скрши; па се спрепна и падна на колена. Тој се наведна врз неа како облак и очите му засветија; го крена боздоганот готов да ја погуби.

Но наеднаш и тој се спрепна нанапред со крик на лута болка и замавот му залета, заривајќи се во земјата. Мечот на Мери го беше забодил од позади, расекувајќи ја црната мантија и минејќи нагоре под железната кошула ја беше прободил жилата зад снажното колено.

„Еовин! Еовин!“ извика Мери. Тогаш таа тетеравејќи се, едвај станувајќи, со последните сили го зари мечот помеѓу круната и мантијата, додека големите плеѓи беа свиткани пред неа. Мечот се скрши болскотејќи во многу парчиња. Круната се истркала во ѕвекот. Еовин падна напред врз паднатиот душман. Но гледај чудо! Мантилот и железната кошула беа празни. Лежеа безоблични на земјата, искинати и растурени; и крик се крена во растреперениот воздух и избледе во крескав лелек, минејќи со ветерот, глас бестелесен и тенок кој умре и беше проголтан и веќе никогаш не беше чуен во таа ера на светов.
---

Кралски човек - ова го имам слушано во македонските народни приказни во многу сличен контекст, т.е. човек кој работи за кралот, па мислам може да се употреби наместо „Кралски војник“ што инаку би било првото нешто на што би се досетил.
двимерлејк - збор кој не треба да се преведува бидејќи не е англиски, туку рохански.
Неклепното Око - ми се допаѓа и твојот превод. Ова е само превод кој ми текна во моментот и не знам дали би го нарекол краен.
Кришношлем - превод кој, исто како тоа и погоре, ми текна во моментот и не би го сметал за краен.
Дунхарг - често се имам думано за превод на Данхероу и сеуште немам добро решение, па го пишав со роханското име, колку да не биде само препишано. Наскоро во план ми е да ја преведам „From dark Dunharrow in the dim morning“, која ми е една од најомилените песни, па кога ќе седнам, најпосле ќе решам како би го превел ова.
 
Член од
18 октомври 2007
Мислења
31
Поени од реакции
21
Другар, фала за одговорот и конструктивна критика.

За двимерлејк, сосема си во право. Многу се премислував за ова, a со фуснота може да се објасни дека е од „рохански“. За кралски човек (иако и двата преводи на фразата „'King's man! King's man!'“) се во ред, сепак мислам дека Мери, размислува за службата која Теоден му ја назначува во втората книга, па мислам дека е посоодветно: Во служба на кралот.
Исто така, пред десетина години зборував за преводот на Мери во Веселко, на форумите "The council of Elrond," не знам дали сè уште постојат. Ги прашував луѓето од другите земји какви се искуствата со нивните преводи на Норвешки, Шведски, Француски. Никаде Мери не е преведен со „Веселко,“ затоа што доаѓа од Мериадок, а тоа е целосно име, односно не значи „Веселин,“ па ние да го преведуваме Мери - Веселко.
Што се однесува до преводот на Силмарилион, немој да го завршуваш. Доколку времето и животот ти дозволува, наврати се на него уште илјадапати, додека не мислиш дека навистина е совршен. Јас еден ден наскоро ( сега пишувам еден свој расказ ), ќе го преведам „Хобит,“ како за почеток, а подоцна во животот ќе се обидам и „Господар на Прстените.“

Убав ден
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Eru

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Само напред. Има еден куп работи коишто и јас сум во план да ги преведам еден ден, а секако во нив се и Хобитот и Господарот. Ај па ко ќе дојде време ќе споредуваме белешки.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Неклепното Око - ми се допаѓа и твојот превод. Ова е само превод кој ми текна во моментот и не знам дали би го нарекол краен.
Кришношлем - превод кој, исто како тоа и погоре, ми текна во моментот и не би го сметал за краен.
.
IMO, овие два, не треба да бидат крајни.
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Да, не би ги рекол дека се, мада ми се допаѓа како звучат.
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Тајландски е ова?
Баш изгледа Меѓуземјесто. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Мене грузијски ми личи. (или тоа, или тајландски)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337
овие ни точка ни запирка немаат
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Тајландски е 100%. Грузиското писмо има поовални форми на буквите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom