deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
Од неодамна почна да се зборува за пребарувачкиот енџин кој Microsoft го подготвува и испадна дека истиот е сега достапен баш на адресата Live.com. Пребарувачкиот енџин се вика Windows live Search, а бидејќи тој навистина привлекува внимание, денес ќе го посетиме.
Најимпресивен е самиот кориснички интерфејс кој го карактеризираат неколку поважни работи. Најупадлив е бесконечниот scrollbar кој ослободува од потребата за користење на копчето next со цел добивање на дополнителните резултати. Сите резултати на страната се генерираат динамично, што значи постепено и се сместени на само една страна. На една страна можат да се најдат најмногу 1000 резултати, но според некои испитувања на Microsoft, само 30% од корисниците пристапиле кон кликање на втората страна со резултати.
Втората важна работа се однесува на можностите при пребарување на слики. Slidebar-от во горниот десен агол овозможува прилагодување на големината на прикажаните слики според моменталните потреби на корисниците. За да прегледате што повеќе слики, практично е да го изберете најмалиот можен thumbnail приказ, додека доколку сакате да навлезете во повеќе детали од сликата, изберете го максималниот приказ.
Третата убава работа е можноста за преглед на сликата пред истата да биде отворена во нова страна. Со доближување на курсорот до саканата слика, истата се зголемува и под неа се прикажуваат неколку информации. На клик, сликата се отвора при што во рамките на новоотворената страна, и тоа од нејзината лева страна, активен останува slidebar-от кој можете да го движите за да изберете друга слика за која претходно започнавте пребарување. Ова е сето возможно благодарение на платформата AJAX.
Како што кажавме уште кога ја начнавме темата Windows Live, страната www.live.com е наменета да биде поставувана како почетната страна на компјутерите на корисниците. За таа цел пак, на корисниците им се дадени многу можности за персонализација, како и за додавање на содржини. Користејќи го копчето add stuff можете да си активирате дополнителни содржини кои ќе ви бидат прикажувани на вашата почетна страна. Можете да додавате и нови страни, па на тој начин да си ги организирате различните содржини. Подесувањата ќе ви овозможат да го смените бројот на колоните, односно начинот на прикажување на содржините во рамките на главната страна, а на неа можете да и доделите и друга основна боја.
Покрај табовите за пребарување на веб содржини и слики, тука е и табот news кој функционира на сличен начин како и кај останатите пребарувачи и кој ги доставува вестите од селектираните извори. Табот Local пак овозможува визуелно прегледување на географски региони за која цел ја користи Virtual Earth технологијата за мапирање.
Feed-овите се особено истакнати во дизајнот на Windows Live search. Секој може да се зачлени за постојано прегледување на одредени резултати со едноставен клик на копчето add to live.com.
Search macros е нова карактеристика која е дизајнирана со цел да им овозможи на луѓето да создаваат стандардизирани начини за пребарување преку поставување на повеќе параметри. Опцијата Create macros веројатно ќе им биде корисна на техничките корисници, додека останатите можат да ги инсталираат ваквите команди кои ги создале други. Со инсталирање на овие команди се зголемува можноста за побрзо добивање на конкретен тип на резултати при пребарувањето. За таа цел, постои посебна галерија со команди кои ги има дизајнирано Microsoft како и некои надворешни развивачи.
Со оглед на тоа дека, live.com се одликува со модерен и чист дизајн, кој го надополнува голема функционалност, овој пребарувач станува сериозна закана за Google. Исто така, треба да се земе во предвид и фактот дека тој е се уште во бета фаза од својот развој, па додека биде конечно готов, веројатно многу корисници ќе се преориентираат на него. Предвидувањата велат дека live.com може да го надмине google.com, а ние само ќе кажеме дека со оглед на квалитетот на пребарувачкиот енџин на Microsoft, доколку ова навистина се случи, нема да ни биде чудно.
извор http://www.inbox.net.mk