Прв Биткоин meetup во Македонија!

Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
Здраво на сите кои се заинтересирани за Биткоин.

На 24 април 2014 ќе биде организиран првиот Биткоин meetup во Скопје, Македонија.

На истиот ќе можете да дознаете нешто повеќе за Биткоин, да купите биткоини, како и да купите кафе, пијалак или храна со вашите биткоини.

Повеќе за meetup-от: http://www.meetup.com/Skopje-Bitcoin-Meetup/events/171621222/ - тука може да го потврдите вашето присуство.

Целта на овој митап е да гради Биткоин заедница на ентузијасти кои се залагаат за глобална имплементација на оваа крипто-валута.

Со Биткоин подетално се запознав при моето доаѓање во Полска во 2013. Компанијата во која сега работам е првата софтверска компанија во Полска која прима биткоини за своите услуги. Воедно, тоа е и првата компанија во Полска која на своите вработени им нуди опција да бидат исплатени во Биткоин. Јас бев првиот што зема плата 100% во Биткоин.

Нешто повеќе за ова: http://blog.elpassion.com/el-passion-pays-november-salaries-bitcoin/ беше на врвот на /r/Bitcoin.

Во тек е креирање на Биткоин статија на македонската Википедија, со цел да информираме подетално за оваа крипто-валута. Тимот кој го организира ова се состои од мене, @mitcome, @alektasev. Доколку сакате да се вклучите во организација и промоција на настанот, да презентирате или пак на било кој начин да помогнете, слободно пишете ми тука или на @cchevymk.

Тука сум да одговорам и на прашања во врска со настанот.

Се гледаме на 24-ти април!
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Биткоинот според оваа веб страна каде што ти го пресметува во долари, јени,евра...еве да земеме евра е 441,04794 евра.Така да на кафе можам да поминам,а за биткоинот кога ќе ме зема тета од аусралија да поработам малку таму може и ќе го земам.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
Не мора да купиш 1 биткоин.

1 биткоин може да се подели на 8 децимали, така да 0.00000001 BTC е најмалата сума со која можеш да извршиш трансакција.

На митапот ќе има луѓе од кои ќе можеш да купиш мали суми биткоин (200-300 ден.) за кафе, јадење.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Лесно ти е тебе бато си работиш во странство си земаш убава плата и ни продаваш нас пуканки овде за биткоин.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
Лесно ти е тебе бато си работиш во странство си земаш убава плата и ни продаваш нас пуканки овде за биткоин.
Хаха. Нема лесно во странство. Се зависи од тебе...

Се надевам ќе се видиме во април, па ќе дискутираме повеќе.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Што е митап? Малце не сум у тек со македонскиот јазик во Австралија. Те молам преведи.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
http://en.wikipedia.org/wiki/Meetup

Целта на овој прв Биткоин митап е луѓето да се запознаат со Биткоин, да видат како функционира паричникот на смартфон, како се прави трансакција и сл.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Како што беше потенцирано, во Македонија е илегално да се плаќа со биткоин... верувам дека ова го знаете, па може да си имаат проблеми луѓето. Исто така, тргувањето со биткоин е незаконско кај нас. Значи, соберете си се вие, правете си муабет, ама не е паметна идејата да се плаќа со ВС, ниту да се продаваат таму. Едноставно- незаконски е.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
Не пишува ништо изрично за крипто-валути во законот. Се додека постои фискална и се плати ДДВ за купената услуга, би требало да е во ред.

Дополнително се консултираме со сметководители и адвокати на оваа тема.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
@Alice in Wonderland убаво си кажа човекот тебе може и гомна да ти продадат буквално,но ако добиеш фискална во замена за услугата ондак се си е по закон.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Со среќа Шевченко :)
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Не пишува ништо изрично за крипто-валути во законот. Се додека постои фискална и се плати ДДВ за купената услуга, би требало да е во ред.

Дополнително се консултираме со сметководители и адвокати на оваа тема.
БОГОВ: ТРГУВАЊЕТО СО БИТКОИНИ ВО МАКЕДОНИЈА Е НЕЗАКОНСКО
Само неколку дена откако македонските граѓани добија можност да тргуваат со биткоини преку регионалната платформа за тргување со валути FXLider, гувернерот на Народnата банка на Македонија, Димитар Богов предупредува дека тргувањето со биткоин или негово користење за плаќања во Македонија e незаконско.

“Во Македонија законско средство за плаќање во готовинскиот и безготовинскиот платен промет е денарот. Платниот промет со странство се одвива преку носителите на платен промет, а тоа се банките. Оттука, тргувањето со биткоин или негово користење за плаќања во Македонија e незаконско.

 
Член од
19 март 2014
Мислења
8
Поени од реакции
9
Фала, запознаен сум со ова.

Ја разбирам грижата на гувернерот, затоа што биткоин основано би ја намалил улогата на банките во Македонија - особено кога се работи за интернационални трансфери.

Последен пат кога префрлив 300 евра во Македонија преку банка, за провизија платив 30 евра. Неверојатни 10%. Им требаше 3 дена да стигнат.

Со Биткоин трансферот е скоро инстантен (10 мин. за првата верификација), а трансакцијата иревирзибилна. Провизијата на биткоин трансакцијата е минорна - 0.0005BTC oдносно 10-15 денари. Помала од PayPal, Western Union или било која слична компанија. Тоа е за биткоин трансакцијата од паричник до паричник. Доколку сакаш да ги претвориш тие биткоини во денари, треба да ги продадеш на Биткоин маркет - кој моментално не постои во Македонија. Или пак да ги продадеш во живо на некој што сака да купи BTC, како што тоа го прават во Лондон на Satoshi Market. Така би ја избегнал и провизијата на Биткоин маркетот, која е повторно помала од 1%.

Ова е само една мала придобивка од Биткоин. Има уште многу. На нас е да ги информираме луѓето за решенија кои се поевтини и подобри за нив.

Митап секако ќе има, оваа вест не го одложува.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Kajgana Shop

На врв Bottom