Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 4.907
- Поени од реакции
- 12.393
Кај било кој доктор да одиш сите ќе ги кажат дека немаат одговор зошто се јавува болеста. Нема ни долгорочен лек, едноставно си живееш со неа и ја менаџираш некако.Твојот совет на темава не држи вода, не знам како поинаку да објаснам кога имаш неколку примери овде дека конзумирање алкохол и цигари не играат голема односно директна улога у појавата на првутот.
Глупости и рандом совети се тоа, од стрес ти е, откажи алкохол цигари, повеќе овошје и зеленчук. wow.
Постои легенда која вели дека има доктор кој рекол не знам како да ти помогнам и немам решение за твојот проблем, обрати се кај мои колеги кои се покомпетентни на таа проблематика.
-наместо ова имаме рандом совет, спомнат погоре.
Јас не пушам, не пијам, ама мене ми "букна" во период на стрес. Кај мене е поизразено во зимските месеци, особено во периодите без сонце. Минатата зима се будев од спиење со нагон за чешање на скалпот, дури и крв ми течеше. Имав и цели бели парчиња на скалпот. Пред тоа имав првут кој го менаџирав со Head&Shoulders. Најголема грешка во животов. Сите доктори што ги посетив, и во МК и надвор сите ми кажаа одма да го прекинам тој шампон. Ако го прочитате упатството за употреба пишува и на него да се користи ретко, а не секој ден. Ефективен е во поглед дека го решава првутот ден/два, иначе долгорочно шампонот прави голема штета.
Јас пробав секакви лекови, од оцет, до прополис, ништо не ми помогна. Мислам само ми ја влоши состојбата. На крај си појдов кај саглам дерматолог и терапијата ми е следна :
Кога имам поизразени симптоми, мене обично ми започнува во октомври некаде, почнувам со Реконазол шампон. Еднаш до два пати неделно, кога ќе се смири состојбата го употребувам еднаш месечно. Во летниот период ако немам мака воопшто не го користам.
Исто во периодите кога имам чешање и првут нанесувам раствор директно на скалпот, еднаш дневно, исто додека не се смири состојбата. Не знам кое е името, на шишенцето ова го пишува Locoid, cutaneous solution 0.1% Hydrocortisone butyrate .
Мислам дека и шампонот и растворот содржат кортико стероиди, затоа не се препорачува константна употреба.
Во меѓувреме, исфрлив тешки шампони со милион хемии внатре и моментално користам само вегански, без мирис. Мислам дека и тоа ми помага многу бидејќи зимава, за разлика од минатата многу ми е посмирена состојбата.