Првут (Перут) и Себореа

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Во ред тоа, очигледно е дека ако престанам со користењето на кокосовото масло би се вратиле и првичните симптоми. Него, ми се чини дека кокосовото масло е нож со две острици токму поради нивото на комедогеност.

Би било супер доколку некој сподели испробана алтернатива на кокосовото масло што не е комедогена.

П.С Јас мака мачам со себореата веќе 8 години.
Под "комедогеност" подразбираш дека ќе ти створи акни, слично на мубаетот како Бекутан кремата стварала црнки?

Не знам, можеби е така, но кај мене не е случај. Поточно го користам ( кокосовото масло ) отприлика месец дена и не забележувам промени на лицето на полошо, туку напротив, и тие малку црвени иритации кои ми се појавуваа околу брадата после бричење повеќе ги нема. Инаку, имав многу првут и делот од лицето кој го нарекуваат Т - зона, поточно носот и челото ми беа со месеци како со мали лушпички. Но јас лицето обавезно го мијам со сапун па сменив и сапун, хидратантен на Дав и тоа е можеби дел од решението.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455

Масло од авокадо, (рафинирано) со меша со масло од диво оригано 1-2 капки, и clove/каранфилче или чајно дрво (tea tree) исто така 2 капки во солуција од 20мл авокадо. Да се пази на очите.

Пробајте веган диета на 2 недели, би требло целосно да го стопира па дури и елиминира проблемот (се додека се држите на неа)
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508

Се извинувам, требаше во целост да објаснам ( не ми замерувајте, нов сум тука).

Од тоа што го прочитав на интернет, маслата кои што се означени како комедогени можат да причинат појава на подкожни акни и црнки на скала од 0-5. Маслата со комедогеност 0 не можат да ви причинат подкожни акни или црнки или поневеројатно е тоа да се случи. Додека кокосовото масло е означено со 4, тоа е голема веројатност за појава на подкожни акни и црнки.

Масло од авокадо, (рафинирано) со меша со масло од диво оригано 1-2 капки, и clove/каранфилче или чајно дрво (tea tree) исто така 2 капки во солуција од 20мл авокадо. Да се пази на очите.

Пробајте веган диета на 2 недели, би требло целосно да го стопира па дури и елиминира проблемот (се додека се држите на неа)
Фала за предлогот.

Засега е во ред. Ако се појави повторно себореата ќе ја пробам оваа комбинација.
Уште во понеделник ќе ги набавам состојките.

Прашање:
Која е состојката која што може да му наштети на очите од твојава комбинација?
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Се извинувам требаше во целост да објаснам ( не ми замерувајте, нов сум тука).

Од тоа што го прочитав на интернет, маслата кои што се означени како комедогени можат да причинат појава на подкожни акни и црнки на скала од 0-5. Маслата со комедогеност 0 не можат да ви причинат подкожни акни или црнки или поневеројатно е тоа да се случи. Додека кокосовото масло е означено со 4, тоа е голема веројатност за подкожни акни и црнки.

Фала за предлогот.

Засега е во ред. Ако се појави повторно себореата ќе ја пробам оваа комбинација.
Уште во понеделник ќе ги набавам состојките.

Прашање:
Која е состојката која што може да му наштети на очите од твојава комбинација?
Есенцијалните масла, (clove/tea tree/oregano) скоро било кое и да го користиш се премногу концентрирани, и љути. Идејата дека маслата со 0 не можат предизвикаат акни или да ги затнат порите е погрешна, сеедно рафинирано или благо рафинирано масло од авокадо е убедливо најдоброто базно масло за БИЛО кој проблем со кожа, ако на истото се додадат есенцијални масла - служи како носач на истите длабоко во кожата. другите базни масла не го можат тоа.

Маслото од авокадо, има многу ситни молекули (рафинирано) и пробива над 3 слоја на кожа, наместо да се задржи на епидермисот, исто така е многу богато со витамин е, и ја прави кожата фантастично мека и еластична.

Ако сакаш максимален ефект, додај и есенцијални масла од лаванда-рузмарин, исто по 2x капки од 2-те заедно со clove/tea tree/oregano.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Идејата дека маслата со 0 не можат причиат акни или да ги затнат порите е погрешна.
Не бев сигурен затоа така се поставив. Значи помала е веројатноста.

Фала за деталното објаснување.
Обавезно ќе ја испробам комбинацијава.
Поздрав
 
Член од
7 јуни 2017
Мислења
11
Поени од реакции
2
Многу добро искуство со Здраве шампонот што е против перут...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Многу добро искуство со Здраве шампонот што е против перут...
Преку еден ден?
Преку 2 дена?
2 пати неделно?
1 неделно?
Колку време го користиш?
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Не пишав што направив со маслата што ги предложи Psyside.

Маслата од чајно дрво и диво оригано ги имаше во Зегин Битола по цена од 500 денари. Но, рафинираното масло од авокадо (350 денари) го немаше во Битола, го имале во Прилеп, но не праќале карго за еден производ.
Така да, нема за скоро да го испробам еликсирот на Psyside :/
 
Член од
7 јуни 2017
Мислења
11
Поени од реакции
2
Преку еден ден?
Преку 2 дена?
2 пати неделно?
1 неделно?
Колку време го користиш?
На 3ти ден,одличен е (y),е ако престанам да го користам не знам каква ќе биде ситуацијата
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Земи не рафинирано, разреди го во кокосово рафинирано, 1:10 да биде авокадо спрема кокосово

Не пишав што направив со маслата што ги предложи Psyside.

Маслата од чајно дрво и диво оригано ги имаше во Зегин Битола по цена од 500 денари. Но, рафинираното масло од авокадо (350 денари) го немаше во Битола, го имале во Прилеп, но не праќале карго за еден производ.
Така да, нема за скоро да го испробам еликсирот на Psyside :/
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Syoss protiv prvut probajte. Crnata kutija so plavo sto e. Da cuknam u drvo, do sea super e kaj mene.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.764
Поени од реакции
29.026
,,,ne e losho koga drugi preparati ne pomaagat da probate i so ,,,

,,,Rekonazol/ketoconazole/-Nizoral,,,shampon ,,,samiot tretman trae neshto podolgo vremenski no dava odlichni rezultati ,,,
 
Член од
14 март 2014
Мислења
10
Поени од реакции
0
Имам себореа со години. Веќе 5 сигурно. Се појави прво на веѓите, а сега ако не го лечам имам на образи,нос,чело,уши, а за скалпот воопшто да не зборувам. Кога ќе почне перутањето и чешањето од дома не ми се излегува. Како и да е, прочитав дека некој ја има препорачано Blue Cap кремата. Таа ми е спасот веќе 2 год и повеќе, барем лицето ми го средува. Нема кортико (прашав секаде), така да нема проблем со долгорочно користење.. Стигнав до темава зошто пробував да пронајдам дали кај нас постојат шампоните на Head & Shoulders Clinically Proven (пишува на него дека е за првут и за себореа специјално и различно пакување се од обичните што ги има кај нас по маркетиве)?
Во Америка го користев и најискрено што немам купено и немам користено ништо така да ми изреагирало.. Со миење на косата и лицето ми се среди. 3 дена сум назад и без шампон и повторно почнува себореата па затоа и го барам насекаде :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom