Прво "нафлекување", се сеќавате?

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Првиот контакт со алкохолот во малце поголеми количини т.е првото начукување,го памтите,кога било ако било,што све се десило итн.

Јас прв пат пробав алкохол на такозвана полу-матура.Се погоди другарка да слави роденден во исто време и се договоривме кај нејзе дома да правиме полу-матура.До тогаш немав испиено ни капка алкохол,закоравен спортист и све остало.Почна демек забавава и ја по дефолт си земав кока-кола арно ама имаше некои страни постари инстанци кои пиеа пиво и ми понудија и мене едно.Не ми идеше некако и пола го оставив.Ми доаѓа другарка ми да ме праша што ке пијам и и кажав дека ни кока-кола ни пиво не ми идат.Она ми вика имам
ако сакаш да пробаш,може ке ти тргне тоа.Го отвори шишето пред мене и ми сипа чаша една со 2 коцки мраз,пробувам,фино ми легна.Мавнав уште 2-3 чаши...У меѓувреме ми дојде еден од оние постарите,ми вика што пиеш,ја викам виски,ај да праиме муабет за музика надвор со групата негова,ја викам ја и искачам со флашава под рака.После едно саат време влегов внатре ја остаив флашата на маса со уште некои 3-4 прста виски у неа.Ја гледав едно минута време,и пријдов и остатокот го шибнав на екс.
После тоа знам дека играв танго со една женска,лупетав нешто на англиски,истурив кафе што ми го направија демек за трезнење,повратив на тепихот у салон,ја слушав ко у бунило мајката на другарка ми како се обидува да ме освести,па на кратко го слушнав татко и,па татко ми и се разбудив у градска болница.Ама тука не завршува,уште неможев да отворам очи ама бев свесен за околина.На маса покрај мене беа татко ми,таткото на другаркава,доктор еден у бел мантил и плава,згодна медицинска сестра.Кога виделе дека,после инфузијата,давам знаци на живот,го слушнав татко ми како ми вика-Ајде доста се одмараше,ај станувај да бркаме жени:nesvest:
На тоа докторов вика-глеј го каков е сега и гола да му се соблече некоја нема да му се дигне.
а ја на тоа со уште неотворени очи му викам-викни ја сестрана плава да видиш дали нема да ми се дигне:kesa:
После тоа видоа дека сум ок,ме дигнаа ко инвалид и ме однесоа дома.
Другиот ден ми дојдоа другарки дома на посета и ми донесоа сокче од морковче(не се заебавам:pos2:)

После тоа патешествие неколку години немав контакти со алкохол,продолжив да спортувам со дупло поголем фанатизам ама дојде време кога пивото ми стана вкусно а до сега ми се нема десено да сум бил толку пијан.
А како последица од овој мој несрекен обрачун со алкохолот ден-денес органски неможам да поднесам било каков вид на обоен жесток алкохолен пијалок освен жолта.

Тоа беше моето прво среќавање со Џон Барликорн на Џек Лондон.
Ваши истории?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
ЛОЛ, само да си прво резервирам место на темава. Ќе едитирам наскоро.

Поради слични причини сум опериран т.е. вакциниран од ракија и узо. Кога ќе си ја видиш храната што си ја внесувал два дена, хм... да речам приготвена од страна на желудочните сокови, не знам дали уште еднаш ќе ти текне да ставиш во уста од истиот алкохол. Прво пијанство, хах ваљда осмолетка иако повеќе беше преправање дека бев пијан, јебига копиљче па демек бев шема.

Прво сериозно пијанство прва година средно, ама сериозно СЕРИОЗНО. Од тогаш навака на прсти се бројат големите пијанства, плус мојот организамНАвол не ми дозволува да се опијанам лесно, па важам за голем ''крепач'' во друштвото. Сепак си иам мера бидејќи еднаш веќе беше доведена во крајност работава, а со оглед на прележаната жолтица МОРАМ да си се пазам.

И да, љубител на виски, вотка и џин. Пивото е не е алкохол :)
Врхуњац во кариерата, оргазмот наречен 50 години старо виски на 80тиот роденден на дедо ми.
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
13 god pola litar zestoko se sho najdov i posle padnav od bike i spijav pokraj pat:D
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не се многу голема љубител (фан) на алкохолот. Сакам да пијам, но онака во умерени количини.

Не можам да кажам дека не сум бил пијан, но искрено многу ретко-најчесто кога се слави и има голема причина за тоа. Поради ова искрено не го памтам првото „начукување„ заради тоа што сигурно не било нешто ептен претерано.

Далеку од тоа дека живеам без алкохол, во суштина некако не би било интересно без него.

Кога сме кај алкохолот и кај пиењето не можам а да не спомнам дека неверојатно лоша слика ми е пијана девојка. Можеби малце дискриминирачки звучи, но тоа ми е некако нешто најлошо во животот.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.268
Оооф...Прво зашеметување и онака малку расеано потпивнување ми се деси у шесто одд, кога си испив пола шише ликер од чоколада(ми беше вкусен:))и после знам дека шантрав, се чудеа по дома што ми е, за на крај да увидат дека ликерот го нема!:)
Второто биг пијанство ми се деси на роЃенден кај другарка, измешав црвено вино и кикирики, а и танцував до бесвест, па не беше добра комбинацијата.Повраќав цела вечер, ама дома кога дојдов, актер холивудски не ми беше рамен, глума 100%дека сум трезна...Имав 15.Нејсе, и тоа мораш да го преживееш, и по можност да го запамтиш:pos2:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
досега во моиве 18 години не се имам ниту еднаш начукано па да повраќам или да не знам шо прам или да не се сеќавам...:nesum:
доста често си се пијанам ама со мерка и секош сум си весел играм скокам и слични ствари али секогаш со граница...
ај ко ќе се начукам ко шо требит ќе напишам пост ко Mad Maxx :vozbud:

водка и џин, то је сада ин...:cug::cug:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
1л водка-џус 60%-40% на гладен стомак (и тоа цел ден).
Фамозна квота од таа вечер „Другари одете си, јас ќе останам со женската, а ти моме сеа ој си дома“!!! :tapp:
 
V

[vladimir]

Гостин
Oooo тоа беше одамна почеток на осмо одд. бев на роденден кај другарче и нешто се филмавме пиевме вино и тоа црвено се изопивме едвај дома си отидов, моите беа излезени па кога се вратија имаа што да видат, "нови" теписи по дома хехехехе...немаше ќотек ама затоа имаше час и половина предавање од татко ми
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
8 одд. Нова год. испив многу пиво, вотка, узо и мастика. После седнав на шанкерка и ставив 2 чаши вотка, узо и мастика. Ги рокнав сите на екс и после не се сеќавам на ништо. Тоа е... млад и зелен во паметот :pos: Додуша ни сега не сум подобар нешто :kesa:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ееее јас у осмо,за нова година вечерта на дочекот,се препив.Не ми текнува баш што се испив,ама знам што најдов измешав.Летаа пијачки со тогашниот ми другар,кој многу ми недостига моментално.И на крај испив вино и тоа не ми требаше.Е тогаш почнав да им го уништувам дочекот на сите присутни,добро не бев само ја,две бевме,ама еве втората не ја кажувам :)
И така почнав јас да повраќам,и дојде тогашниот дечко со другарите,и имаа што да видат,у тој момент повраќав и го промашив најлонот и све на земја,и чув еден коментар:Еее свегде поврати само у најлонот не.
И после не се сеќавам како ме преместиле од едно место на друго,тоа уште ми е мистерија.И додека бев у ВЦ, таму другарката тогашна ме освестуваше,дојде другар ми и ме заебаваше дека сум била земја,а он беше уш бетер,ама ете нему не му беше прв пут. И на крај кома,заспав на стол,односно не спиев,само не можев да ги отворам очиве и да зборам од мука,и тоа другите си го превеле како спиење.И тука додека спиев почнаа караници,па другата пијана ме молеше да се разбудам,со закани дека ќе ми се налути ако заспијам:pos:,па имаше лигавења од страна на бившиот,па другар му нешто јадеше г***а се правеше многу голем другар,па дојде после едно девојче лимун да ми даде и ме испоцеди цела,па кисела вода демек ќе пиев,ама по грешка пиво сум зела:pos:,па пак повраќање,и така.
Едно време после викав више никад пиење,особено сабајлето кој станав...ама викам и сега па...:toe:

И да,многу гадна глетка е пијана девојка,односно општо пијан човек е гадна глетка,па уште ако треба да го враќаш дома...
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Првото пијанство али асално пијанство ми беше пред две години на одмор коа бев во Охрид.. се баш баш неможам да се присетам на тоа што се дешаваше зошто беше од дамна али знам дека правев мн глупости :) Можеби малце имам црна дупка и од тоа што испив.. јбг живот :)
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
за прв пат така кога се начукав беше на нова година во 8одд, испивме со другар ми литар црвено вино, после 5-6 лименки пиво бакарди, смирноф и седнувам на фотељја и се чудам шо ми е гледам собата се врти околу мене, после тоа пиев ама не по толку...се додека не отидов на роденден на еден другар од тренингот после 3 месеца, бевме на маса 10 души и во мода беше коњак, ни го дадоа топол, ни лед не ни дадоа, пластични чаши испив 5 чаши скроз полни, после пиев 2 чаши узо и кока кола, и толку почнав да се вртам ко улав, немав рамнотежа, ме однесоа дома една другарка, одам дома прв пат така пијан ми се повраќа, чекам да ми дојде само и заспав чекајки др, ден станувам неможам ништо во уста да ставам освен вода.....
 

Alien®

Finally founded...in love...
Член од
3 февруари 2008
Мислења
162
Поени од реакции
5
Јас малце покасно почнав со алкохолот...прв допир со него ми беше на 17 години. Знам дека мешав пиво и текила. Се сеќавам...гзот не знаев кај ми е :pijan:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во 2 год средно на Нова Година решив да се опијанам еднаш да видам како е, ама не очекував до таа мера до која се случи. Пиев вотка, седев во собата и следното што се сеќавам е будење дома во кревет во пижами и да не зборам за меѓувреме. Од тогаш некако ми се одмилија пожестоките пијалоци.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ауу офлекување.... сум пиел да, ама до некоја граница онака малку да ми се врти некаде од кај 2ра средно, ама офлекувањето беше пред 3-4 год, на зима со убаво мешано друштво, се работеше на случајот со помош на жолта кавадаречка, музиката баш ја погодија, наша стара македонска, друштвото како што реков беше супер и се пиеше полека лезетски се додека не ми збрчи да почнам да се натпреварувам со една девојка кој повеќе ќе испие, е арно ама бидејќи немавме доволно чашки пиевме во филџани за кафе :kesa: иии ни тргна и натпреварот, финџал по финџал (ги пиевме на екс) се разбира со кратки паузи меѓу нив ни се собраа 4-5 и тука девојката се откажа јас си продолжив (машко јбг мора повеќе) и ги напраив некаде до кај 7 (овој последниот одвај влегуваше) и прекинав веќе не можев да пијам... станав да му покажам нешто на моб. на другарот ама некако и масата стана сосе мене а и столот не остана покусо, се разбира елегантно се претумбав преку маса а ништо не истурив нити пак се удрив :pos: паѓаа глупости едно 20 мин, оваа што пиеше со мене веќе поврати 2 пати и ја носеа за дома, ми текнува како само се смеев кога ја гледав како шанта низ собата и како паѓа... за само после 10 мин јас да неможам ни да седам како што треба... некако ме однесоа до вецето и фино лепо си повратив еднашка и малку прогледав и назад до собата си закачив уште една чашка.... поточно обид до пола да ја испијам некако се враќаше назад ракијата... и пак со трк до вц уште повраќање, па се собраа другарите и уште мајтап си правеа ме изнервираа и им ја затворив вратата од внатре, и си легнав во туш кабината, одма до вц шољата, иии така сум задремал со кратки паузи нормално за повраќање а стомакот и главата ме кинеа, капак на се во текот на една сесија ми заѕвони мобилниот и гледам таму некој број... се јавувам и ми викаат што си барал бе ти преѓеска ??????????? *тука им одржав еден рецитал од слободни рими* и веќе не се јавија.... и пак заспав... а влегов во вц некаде кај 11 ипол саат и се разбудив кај 1 саатот со тропање тоа другарите ја обиле вратата да ме видат дали сум жив... па после едно јако кафе, само тоа го памтам знам дека беше жешко, не за друго другиот ден јазикот ми беше чуден т.е изгорен, ме однесоа дома со такси и едниот цимер заспа во собата кај мене на стол да ме чува да не приумрам ептем ме кинеше стомакот :( ама се беше ок дури и во 9 се разбудив и бев супер... барем додека дигнав глава, малку матно ми беше и ме болеше ама ги слегов скалите без проблем... после тоа следеа 3 литри пелистерка со лимон и аналгин за глава.... и отогаш од мирисот на ракија ми се повраќа веќе не можам да ја смислам, можам да пијам ама само по голтка две, и тоа како што слегува осеќам дека сака и да излезе :pos:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom