Први на Балканот! (во малолетна деликвенција)

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Гласни сме кога ќе пробаат со закони да не ограничат во порочноста. Веднаш почнуваме да се расфрламе со фрази за нашата лична слобода, право на избор, бла, бла...

Истовремено, неми сме кога треба да бараме гласно спортски сали, образовни и воншколски активности достапни за сите деца, едукација за дрогата, сексот, алкохолот и етиката...

А, се прашуваме ли како лесната достапност на пороците влијае на нашите деца, нашите потомци?
Се прашуваме ли дали им ја отвораме самите вратата на иднина без иднина?

До кога ќе се опираме на некои корисни, имплементирани во свестки рамки закони, само затоа што гаиме анимозитет кон одредена политичка структура?
Затоа што либерализмот и декаденцијата за кои упорно се држиме, не носат до ова:

Фрапантни резултати од истражување за младите
Македонската младина водечка на Балканот: пуши, пие, се однесува насилно и прави планови за самоубиство

Македонските деца според ваквото однесување се водечки на Балканот. Резултатите од истражувањето на РЗЗЗ за здравјето и однесувањето на адолесцентите покажуваат загрижувачки резултати.
Скоро 9 проценти од младите во земјава на возраст од 13 до 15 години размислувале да си го одземат животот, 50 отсто од децата на оваа возраст пушат цигари, 2 проценти пробале дрога.
- Употребата на алкохолот во државата е повисока во однос на другите земји. Дури 35 проценти од младите пијат алкохол,што е навистина загрижувачки -изјави Шелкдон Јет од УНИЦЕФ.
Дури 20 проценти од родителите не знаат што им прават децата во слободното време. Истражувањето е спроведено во 2007 и 2008 година во 30 училишта, а биле анкетирани 2.114 младинци.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
:kesa:
пак ќе гласаат за некој важен закон ?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
:kesa:
пак ќе гласаат за некој важен закон ?
Појма неам.

Ама знам дека секој обид да се обузда малку тоа порочноста, мора да иде на stand by на неодредено.

Баш ме занимаат истиве анкети за 2010/11. Ваљда ќе догураме до 70% алкохолизирани малолетници и 30% наџанкани деца, односно повеќе од половина идни неспособни граѓани.

Lovely :wub:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
Македонската младина водечка на Балканот: пуши, пие, се однесува насилно и прави планови за самоубиство
Ова треба сериозно да го сватиме?

Прво, кој рекол дека сме први на Балканот во ова, слабо прати што се случува во другите земји. Отворете ги само Хрватските портали да видите колку често малолетници извршуваат убиства, а за тепачки и кражби воопшто да не зборуваме.

Тој типот од УНИЦЕФ нека каже дали во западните држави младината помалку пие, кои држави се најголеми потрошувачи на пиво на пример? Кои се државите во кои 90% од младите пробале лесни дроги, за разлика од нашава во која 90% од младите не виделе дрога со очи.

Доаѓаат од којк**стан што би рекол еден наш бивш колумнист и ни продаваат морал овде, а тие се оние кои се погрижија да ги уништат сите вредности кои го красеа човекот.

Сме биле први на Балканот, мош' мислит...
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Гласни сме кога ќе пробаат со закони да не ограничат во порочноста. Веднаш почнуваме да се расфрламе со фрази за нашата лична слобода, право на избор, бла, бла...

Истовремено, неми сме кога треба да бараме гласно спортски сали, образовни и воншколски активности достапни за сите деца, едукација за дрогата, сексот, алкохолот и етиката...

А, се прашуваме ли како лесната достапност на пороците влијае на нашите деца, нашите потомци?
Се прашуваме ли дали им ја отвораме самите вратата на иднина без иднина?

До кога ќе се опираме на некои корисни, имплементирани во свестки рамки закони, само затоа што гаиме анимозитет кон одредена политичка структура?
Затоа што либерализмот и декаденцијата за кои упорно се држиме, не носат до ова:
Има начини да се направи здрава и креативна младина но треба да тргне од горе. Самата младина нема ни сила а ни знаење тоа самата да го направи.

Но дали власта (било која) сака таква младина (која тешко се контролира и манипулира) е друго прашање.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
жити мајка и на анкетите лажливи :))))))))

Ова треба сериозно да го сватиме?

Прво, кој рекол дека сме први на Балканот во ова, слабо прати што се случува во другите земји. Отворете ги само Хрватските портали да видите колку често малолетници извршуваат убиства, а за тепачки и кражби воопшто да не зборуваме.

Тој типот од УНИЦЕФ нека каже дали во западните држави младината помалку пие, кои држави се најголеми потрошувачи на пиво на пример? Кои се државите во кои 90% од младите пробале лесни дроги, за разлика од нашава во која 90% од младите не виделе дрога со очи.

Доаѓаат од којк**стан што би рекол еден наш бивш колумнист и ни продаваат морал овде, а тие се оние кои се погрижија да ги уништат сите вредности кои го красеа човекот.

Сме биле први на Балканот, мош' мислит...
така така, наметнувај „несакајќи„ мислења. :kesa:

Има начини да се направи здрава и креативна младина но треба да тргне од горе. Самата младина нема ни сила а ни знаење тоа самата да го направи.

Но дали власта (било која) сака таква младина (која тешко се контролира и манипулира) е друго прашање.
на власта не и одговара паметна и здрава младина,не само на оваа влада, било која.... во спротивно нема да се таму кај што се сега.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
така така, наметнувај „несакајќи„ мислења.
Ништо не те разбрав, сериозно...

Ова е моето мислење, ме изнервира насловот на темата “Први на Балканот“ што апсолутно нема врска, и изјавите на типот од УНИЦЕФ кој како да паднал од Марс овде.

Мое си е мислењето, стојам зад него и не го наметнувам на никого.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ова треба сериозно да го сватиме?

Прво, кој рекол дека сме први на Балканот во ова, слабо прати што се случува во другите земји. Отворете ги само Хрватските портали да видите колку често малолетници извршуваат убиства, а за тепачки и кражби воопшто да не зборуваме.

Тој типот од УНИЦЕФ нека каже дали во западните држави младината помалку пие, кои држави се најголеми потрошувачи на пиво на пример? Кои се државите во кои 90% од младите пробале лесни дроги, за разлика од нашава во која 90% од младите не виделе дрога со очи.

Доаѓаат од којк**стан што би рекол еден наш бивш колумнист и ни продаваат морал овде, а тие се оние кои се погрижија да ги уништат сите вредности кои го красеа човекот.

Сме биле први на Балканот, мош' мислит...
ОН во соработка со УНИЦЕФ и нашите институции, по 2 години истражување дошле до тој заклучок.

И остај тоа што западот ни згрешил на нас...Глеј што сами на себе си правиме.

Да, сегде има деликвентна младина. Ама не сегде (особено не во тој омразен запад) копиљ може 24/7 да си наоѓа цигари/алкохол, да кисне на улици, да не сноси никакви последици ако го укебаат со алкохол/наркотици..

Има начини да се направи здрава и креативна младина но треба да тргне од горе. Самата младина нема ни сила а ни знаење тоа самата да го направи.

Но дали власта (било која) сака таква младина (која тешко се контролира и манипулира) е друго прашање.
Нормално дека не е одговорноста на младите.
И нормално дека се очекува законот, и неговите извршни органи да го имаат крајниот збор...

Ама како кога плачеме шо само 12 саати место 24 може да купуваме алкохол од продавница?
Како кога сме у паника ако не ни дадат да пушиме у секое кафуле/биртија?
Како кога коса ни се крева од веронаука?

Сами блокираме секаков обид за мала конторла и етичко унапредување.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
Ништо не те разбрав, сериозно...
ти добро ме разбра, очигледно е дека тие што треба не те разбираат и утре ќе идат се тепаат, да убиваат.... нели тоа во другите земји преминало веќе нормала па зошто да не и кај нас. Фамилија, деца. жена, баба, дедо не треба да бидат интересни. Такви позитивни мислења не се покажуваат, туку само најнегативните.

Се на се, отров за народот како му се наметнува потсвесно мислење.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.331
Поени од реакции
57.874
ОН во соработка со УНИЦЕФ и нашите институции, по 2 години истражување дошле до тој заклучок.

И остај тоа што западот ни згрешил на нас...Глеј што сами на себе си правиме.

Да, сегде има деликвентна младина. Ама не сегде (особено не во тој омразен запад) копиљ може 24/7 да си наоѓа цигари/алкохол, да кисне на улици, да не сноси никакви последици ако го укебаат со алкохол/наркотици..

И за сите овие три работи не се согласувам со тебе:

1. Тоа дека две години “истражувале“ и дошле до заклучок за мене се приказни. Ова се готови резултати кои по потреба ни ги сервираат. Да истражувале, нема теорија да сме први на листата.

2. Не си ги правиме овие работи сами. Западот ни ги увезе овие вредности преку нивните brainwash ТВ програми. Работи кои беа незамисливи станаа нормални, затоа што така ни кажа кутијата во дневната соба. Се разбија нашите сваќања и вредности и се заменија со туѓи, кои не одговараат на нашиот менталитет. Тоа што некој е скинхед,има 16 тетоважи, се дрогира и пијанчи, сигурно не го научил овде.

3. Дрога тие што бараат и на запад и овде ќе ја најдат 24/7. За купување алкохол се донесе закон и веднаш беше критикуван.

Сакам да кажам само дека се нервирам кога ни доаѓаат анонимуси да ни солат памет како треба, а тие се жив пример за тоа како не треба, плус се и одговорни за многу проблеми кои ги имаме. Денес, нашите млади не можат да мрднат 1000 км од дома затоа што истите тие што ни солат памет ни удрија визи. И кога ќе затвориш еден млад човек на толку мал простор, без можност да се движи, да види различни работи, да запознае нови луѓе... и кога ќе ги додадеш проблемите со кои се соочува секојдневно, ќе добиеш млад човек без надеж и верба кој се оддал на сите тие пороци што ги наброи.

И покрај се, далеку сме ние од таа деликвенција со која тие се соочуваат секојдневно.
 
Се слагам со тебе за сомнителните вредности кои западот, преку глобализацијата, ги шири.

Исто како што тврдам (најповеќе затоа што имам контакти со центарот за малолетна деликвенција) дека од година на година имаме се поалармантни бројки кои несомнено укажуваат на една порочна и инертна, а со тоа безперспектива младина.

Без разлика дали бројките на УНИЦЕФ и ОН се фингирани...Реално, на терен се гледа дека состојбата со младите не ни е завидна.

И она штво всушност најмногу ме интересира...
Зошто, ко попарени бегаме, од било каква рестрикција на алкохол, цигари, абортус?

Зошто веронауката, или еве етиката за атеистите, никако да пројде во школите без огромен отпор?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Ама како кога плачеме шо само 12 саати место 24 може да купуваме алкохол од продавница?
Како кога сме у паника ако не ни дадат да пушиме у секое кафуле/биртија?
Како кога коса ни се крева од веронаука?

Сами блокираме секаков обид за мала конторла и етичко унапредување.
Ада, вистински резултати се постигнуваат со креација а не со забрани!

Уметник си треба да ја знаеш моќта на креацијата!

Дај им на младите замена за пороците и за неколку години ќе создадеш интелигентни луѓе.

Да не објаснувам повеќе работи кои се повеќе од јасни..
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада, вистински резултати се постигнуваат со креација а не со забрани!

Уметник си треба да ја знаеш моќта на креацијата!

Дај им на младите замена за пороците и за неколку години ќе создадеш интелигентни луѓе.

Да не објаснувам повеќе работи кои се повеќе од јасни..
Мора да има и рестрикција.
Рестрикцијата бутка кон трагање по нови алтернативи.

И баш ко уметник, односно некој кој бил дел од миље што е познато по својата девијантност и порочност, знам што направиле пороците од млади креативци, и тоа баш поради лесната достапност.
Руини од луѓе.

А, со законски рестрикции...е нечемо тако лако.

Али еве ние рестрикции не сакаме. И после западот ни е крив.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
абе џабе им се сите закони што ги донесоа , јас реков во неколку наврати дека законите со забрани ќе донесат само до зголемување на бројот на пушачи, алкоси и слично... јбг ама мене никој не ме слуша...
за да се поправи ова треба темелно да се сменат многу работи во општествово ...
Сепак мислам дека конечно треба да се започне со казни за тие што ќе го прекршат законот па да видиме дали некој ќе и понатаму ќе ги прекршува законите. Тоа е само со казни и санкции чим нејке со убаво:)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Зошто, ко попарени бегаме, од било каква рестрикција на абортус?

Зошто веронауката, или еве етиката за атеистите, никако да пројде во школите без огромен отпор?

Etika, ne samo veronauka, a i veronauki, ne vo ednina.

Abortus, ima tema, ama ne begame. Ne se slozuvame za parametrite.

Ne znaeme ili ne sakame kako drzava da znaeme!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom