Првите европски староседелци и денешните Европејци

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Кои се првите европски староседелци ? Дали навистина се староседелци ? Која е нивната судбина и од каде потекнуваат современите Европејци?

Современите историчари применувајќи интердисциплинарни методи одамна докажаа дека креаторите на старите неолитски култури во Европа се земјоделци кои мигрирале од регионот на Блискиот Исток, Кавказ и Африка. Овие неолитски земјоделци се носители на гените G2, J и E1b. Носителите на гените G2 и J се луѓе од Блискиот Исток и Кавказ каде и до денес тие гени се најмногу распространети. Тие говореле најверојатно јазици блиски до синокавказките (грузиски, ваjнахски, лезгински) и семитски. Во Европа земјоделците од Африка, Блискиот Исток и Кавказ носители на овие гени се мешаат со локални ловци и собирачи кои носат генот I и се наследници на кроманьонците.

Како интересен факт може да се даде примерот со гените на ледениот човек Ötzi кој е носител на генот G2

http://en.wikipedia.org/wiki/Haplogroup_G-M201
http://dienekes.blogspot.com/2011/09/otzi-tyrolean-iceman-belonged-to-y.html

Во периодот од 3500 г.п.н.е. се случува нешто што ќе ja промени засекогаш историјата на Европа (и Азија). Во степите северно од Црното Море се создава културата Jaмна.

http://en.wikipedia.org/wiki/Yamna_culture

Креаторите на оваа култура носат генот R1a и се првите кои припитомуваат коњот. Oвие луѓе се силно милитаризирани, многу агресивни спрема своите соседи и склони кон експанзија за разлика од земјоделците. На грбовите на своите коњи тие ги напаѓаат и уништуваат своите соседи - неолитски земјоделци од Блискиот Исток, Кавказ и Африка како асимилираат оцелилете по нападите им. Подоцна во Централна и Западна Европа се создава Battle axe culture која е генетически поврзана со Yamna. Современите историчари сметаат дека токму претставниците на Yamna culture уништуваат неолитските земјоделски цивилизации на Балканот. Тоа е културата од која произлегуваат сите антички и современи европски (без некои угро - фински, сардиниски групи и Баскијците) народи. Од оваа култура потекнуваат предците на античките Грци, Римјани, Илири, Македонци, Траки, Фриги, Келти, германските племиња, Перси, Скити, Мидиjци, Ерменци, Тохари.

Антрополошки реконструкции на луѓе од Yamna culture




Две интересни книги по темата :
Древни миграции и потекло на индоевропејските народи Л. С. Клеjн. во неа под секоја тема има дискусија на истакнати историчари од Руската академија на науките
http://www.archaeology.ru/Download/Klejn/Klejn_2007_Drevnie_migratsii.pdf

The Horse, The Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders From the Eurasian Steppes Shaped the Modern World ; David Anthony
http://bookre.org/reader?file=712762


Од сите познати на историјата факти може да се извлече заклучок дека од староседелците останале дел од гените кои ги имаат многу современи Европејци, но јазикот и културата се наследени од агресивните освојувачи од Yamna culture - индоевропеjците.

Па тоа е апсурдно кога некои народи на Балканот истакнуваат својата автохтоност, а на сите историчари им е јасно дека пред 5000 години сите ИЕ народи живееле на територијата на денешна Украина, односно зад Карпатите.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Друга хипотеза;
http://en.wikipedia.org/wiki/Anatolian_hypothesis

Инаку еве карта на Неолитска Европа (пред ИЕ);
[DOUBLEPOST=1417372068][/DOUBLEPOST]Заборавив...
@red baron; прекрсти ја темава во прото ИЕ, ИЕ миграции; корените на Европската цивилизација.
ИЕ е не се староседелците на Европа, ако одиме од Неолит па назад (хронолошки)
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Глупости... Теоријата за преселбата на Словените спакувана во нова опаковка...
Општо, мислам дека целата теорија за преселбите е булшит, поготово африканската генеологија на СИТЕ народи, која е најидиотската од сите, но добро, слаткоречиво спакувана и со сериозни политички мотиви како и сите овие теории за преселбите...
А зошто преселбите не би биле од Европа кон Азија и Африка? Ако истиот ген се среќава и овде и таму кој вели дека “миграцијата“ се одвивала од Африка и Азија кон ваму, а не обратно?
И зошто појавата на човекот не би била универзална туку локална на едно место (и тоа баш Африка и тоа баш од местото на потеклото на семитските народи). Премногу политика има во сите овие теории и не им верувам многу, без разлика кој и колкав авторитет стои зад нив...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова ќе биде многу интересна тема.
Неолитските култури се интересни. Но јас немам многу доверба во генетските истражувања.
Но постојат и археолошки истражувања
Ќе се обидам деновиве да најдам нешто за неолитските култури
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.680
Премногу политика има во сите овие теории и не им верувам многу, без разлика кој и колкав авторитет стои зад нив...
Не премногу политика туку имаше премногу мраз Европа, затоа.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Не премногу политика туку имаше премногу мраз Европа, затоа.
Да, да... Но на север има бели мечки, бели лисици, бели зајаци... И бели луѓе :)
Колку одиш понајуг толку боите стануваат потемни и поколоритни. Ако миграцијата и воопшто постоела, а според сите вас значи била од југ кон север, тогаш во цела Европа би требало да преовладуваат црномањести луѓе. (не значи дека за некоја деценија нема и да преовладуваат со сегашнава економска миграција :) ).
Самиот здрав разум кажува дека такви миграции баш и немало како што не учеа (учат)...
Користете го секогаш здравиот разум, а книгите само онолку колку да си создадете свое мислење од нафрланите факти, честопати грешни и лажни “факти“...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ова ќе биде многу интересна тема.
Неолитските култури се интересни. Но јас немам многу доверба во генетските истражувања.
Но постојат и археолошки истражувања
Ќе се обидам деновиве да најдам нешто за неолитските култури
Повелете;
http://arheo.com.mk/2010/11/10/praistorija-jugoslovenskih-zemalja-pjz/
http://www.scribd.com/doc/147157147/Neolithic-art-in-the-Region-of-the-Republic-of-Macedonia
http://www.scribd.com/doc/142685088/Камена-индустрија-са-неолитског-локалитета-Руг-Баир-Република-Македонија-Василка-Димитровска

Барајте ги статиите и книгите на Гоце Наумов, Драгиша Здравковски, Драги Митревски, Милутин Гарашин итн ако ги најдам (а ги има, bookmarks требало да чувам) ќе постирам линкови или ќе скенираме нешто.

Оваа може само да си ја купите :)


Има многу за праисторијата на Блискиот исток, Балканот итн...
 
Последно уредено:

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
А што мислите за неандерталските култури во Европа неандерталците дошле во Европа 50-250.000 години пред хомо сапиенс а, дел од научниците ги смеаат неандерталците за ист вид со хомо сапиенс.
Дали првите европски староседелци се неандерталци?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
^ Јес афкрос. Само во Македонија има хомо сапиенс сапиенс, лулка на цивилизацијата, името не го даваме, ако треба уш десет долара ќе дадам, ВМРО!
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
^ Јес афкрос. Само во Македонија има хомо сапиенс сапиенс, лулка на цивилизацијата, името не го даваме, ако треба уш десет долара ќе дадам, ВМРО!
Зи Хајл...еј за палеолит збориме национализам е измислен во 18 век.:)
 
Ф

Флеш

Гостин
А што мислите за неандерталските култури во Европа неандерталците дошле во Европа 50-250.000 години пред хомо сапиенс а, дел од научниците ги смеаат неандерталците за ист вид со хомо сапиенс.
Дали првите европски староседелци се неандерталци?
Научниците и СМЕТААТ дека паралелно постоеле две раси на човекот во тоа време .... Малку ти е чудно изјаснувањето ..... Значи опстојувале две раси .... Неандрталецот и Хомо Сапиенс .... Тоа научниците го зборуваат
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Глупости... Теоријата за преселбата на Словените спакувана во нова опаковка...
Општо, мислам дека целата теорија за преселбите е булшит, поготово африканската генеологија на СИТЕ народи, која е најидиотската од сите, но добро, слаткоречиво спакувана и со сериозни политички мотиви како и сите овие теории за преселбите...
А зошто преселбите не би биле од Европа кон Азија и Африка? Ако истиот ген се среќава и овде и таму кој вели дека “миграцијата“ се одвивала од Африка и Азија кон ваму, а не обратно?
И зошто појавата на човекот не би била универзална туку локална на едно место (и тоа баш Африка и тоа баш од местото на потеклото на семитските народи). Премногу политика има во сите овие теории и не им верувам многу, без разлика кој и колкав авторитет стои зад нив...
Почнав да читам и читам политички мотиви... и нема потреба да дочитам.[DOUBLEPOST=1417390572][/DOUBLEPOST]
Зи Хајл...еј за палеолит збориме национализам е измислен во 18 век.:)
Не бе, и тогаш тие се Македонци, белата раса, македоноиди со плава/црвена коса и сини очи ...
Комунистиве уште ве лажат!
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Почнав да читам и читам политички мотиви... и нема потреба да дочитам.[DOUBLEPOST=1417390572][/DOUBLEPOST]

Не бе, и тогаш тие се Македонци, белата раса, македоноиди со плава/црвена коса и сини очи ...
Комунистиве уште ве лажат!
Дечко ако мислиш да ја усеруваш темава ќе те молам да земаш барем тоалетна хартија.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
@red baron[/USER]; прекрсти ја темава во прото ИЕ, ИЕ миграции; корените на Европската цивилизација.
''Корените на Европската цивилизација'' е попрецизно име за темата но не знам како се менува насловот.

А зошто преселбите не би биле од Европа кон Азија и Африка?
Причината е многу едноставна - климата во Блискиот Исток во тоа време бил погоден за земјоделство додека во Европа било студено. Кога климата во Европа станува погоден за земјоделство, а обробатваемите земјишта и пасишта за добитокот во Блискиот Исток и Анадолија стануваат ограничени овие земјоделски општества бараат нови земји за населување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom