Прва vs. Втора смена

Која смена највеќе ви годи?


  • Вкупно гласачи
    79

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Прва -никако,пропаднат денот,завршен пазарот.
Втора - супер,посписи малку,не повеќе од 7часот,и цел ден е пред тебе.
Трета - најдобра, ги нема досадните неписмени шефови и менаџери пред очи.
------------------------- ова како мене ми одговара
а еве како им одговара на работниците-граѓаните кој се 90% каде јас работам а се од: Кадино-Јурумлери-Стајковци-Црешево-Смиљковци-Кучевиште-Трубарево-Петровец
1.
Прва смена - Прифатливо,наутро пушташ браздата или моторот-навадуваш,им фрлаш една конзерва пченица на кокошките,товараш тоа набраното од синоќа-го носиш на пазар тоа ама и жената.Одиш на работа.Го викаш шефот на троа патлиџани и сиренце,
а пред тоа и една домашна лута, после пауза во 9 часот излегуваш на мала работа,
а се враќаш во 15 часот да те видат, во кола те чекат парите и жената од пазар.
2.
Втора смена - Посакувачко, денот е твој. Отвараш фолиите.На раат береш и наутро.
Ако е за кроење- закројуваш,ако е за орање-ораш, ако е за клање нешто-заколуваш.
Одиш на работа уморен, чекаш да заминат првосменашите и шефовите,овие последниве ги испраќаш до кола и божем да земеш клучевите од шкаф, им тупнуваш во кола по една гајба одбрани праски,вреќиче компири и низа заостанати везен пипер.Малку забушаваш во околните грмушки но веќе замрачува и влегуваш во погон.
3.
Трета смена - твојот животен идеал-дење дома работи, ноќе на работа одмарај.
Дента копаш пченка, копаш канал за канализација,ја празниш јамата,ги прередуваш цреповите на шталата,еден трактор ѓубре исфрлаш и одиш пред кооперација на пиво
а потоа цел поручек си мачкал кај шефот фасада,си редел плочки, или си му ја косел тревата или си му ги шетал кучињата ако тој имал состанок.
Одиш на работа-папсан и веднаш му се оптегаш на некоја клупа, а пред тоа веќе си ги обавестил колегите да никој не смее да те буди до 5,30 минути.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Позитивна работа на втора смена е спиење, ама и на прва смена ако одмараш после работа следниот ден нема да имаш проблем за станување рано. Втора е многу глупаво додека да станеш, да јадеш и ќе дојде време за работа.
Цел ден си таму и отишол денот. Прва во 14:00 дома и до вечер уживање. :icon_lol:
 

DarthKaran

Gray Jedi
Член од
4 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
123
веќе подолго време работам само втора и се навикнав, ама никако не ми одговара. денот е поделен, не се стигнува ништо да се направи. се прибирам дома во 20:30-21:00, па нема време ни за средување за излегување, а камоли нешто друго. а наутро пак, колку и да се трудам да станам порано, пред 9 не сум станал па ми отиде денот само во кафе и весник
трета не сум работел никогаш, и иако доцна легнувам, мислам дека не би можел да жаивеам вампирски живот. плус, никогаш не сум можел да заспијам ако знам дека надвор има сонце :)
дефинитивно прва, ама не nine-to-five, туку според мене најдобро е 8-16ч, ем има 1-2 часа пред тоа ден, да не се будиш по темници, еме16ч ни во зима не е темно и останува многу време од денот за бркање други работи
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Подобро е од сабајле, Цел ден ти е пред тебе. Средна школа сум и воопшто не сум спремен за нашкола кога сум од сабајче. КАко што кажа еден член, на вечер касно си легнуваш, а на сабајле ќе станеш во 9 и ќе се излежуваш до 12-12 сатот.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ако може да се бира помеѓу комунистичкото (7-15ч) и капталистичково (8-17) тогаш гласот иде за комунистичкото!!!
но ако збориме за класично сменско работење, тогаш прва смена му е мајката. 6-14ч (y)
е сега, и втора смена си има свои предности, но само ако/кога треба да се среди некоја работа ....... ко по банки, некои институции, лекари, пазар и др. негативноста на втората е дека трпи социјалниот живот, дали со пријатели по гости, дали со други дешавки по кафичи или концерти.
трета смена..... хммммм, кој не работел трета не знае како е:( утепан по сите основи, и физички и психички. кога си помлад и ќе кажам дека е полесно, но целото тоа малтретирање си остава траги на телото и последиците се покажуваат покасно низ годините. ноќта е да се спие, така одредила природата, но благодарејќи на “цивилизацијата“ и нејзината потреба за задоволување на апетитите (читај потребите на потрошувачите и лакомоста запари на производителите) воведена е третата смена. (n)
BOTTOM LINE: прва смена е закон!!!;)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Исто ми се мене и за прва и за втора ми треба аларм :(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Погрда смена од 9 до 5 (освен трета) или слична варијација тешко.Цел ден ти е непогоден.Ништо нема да завршиш после, сите веќе го испиле кафето попладне, а во 4 и пол е веќе темница и чадливо од турбо оџаци.А вака си се будиш сабајле свеж, туширање, сонце, кафе, некое пециво и да испешачиш до точка Б (y)
Уште полоша комбинација да ротираш од смена 15-23 (која никогаш не завршила во 23) во 7-15 или 1-2-3 распоред.

Прва!
 
Член од
27 декември 2012
Мислења
28
Поени од реакции
4
2ra smena najubavo, se naspivash a ne koa sum prva vo 7-8 si legnuvam i retko koga sum naspijan :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom