Прва помош (Read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
L

Lu

Гостин
1) Вештачко дишење:
Само во случај кучето да престанало да дише , а срцето и понатаму да работи.

1) Легнете го кучето на страна. Тргнете ги надворешните тела, ако ги има и повлечете го јазикот напред (да не му смета на патот на воздухот). Затворете му ја устата, истегнете го вратот, ставете ја вашата уста на носот на кучето и дувнете воздух додека градниот кош не почне да се шири (дувајте околу 3 секунди)

2) Тргнете ја вашата уста и пуштете го воздухот сам да излезе од градите. Повторете ја постапката 1-20 пати во минута, додека не започне сам да дише.

3) Проверувајте секои 15 секунди. Ако срцето престанало да чука, применете и масажа на срцето заедно со вештачкото дишенње. Веднаш побарајте ветеринарска помош!

2) Масажа на срце и вештачко дишење:
Ако имате големо или средно големо куче следете ја оваа постапка: кај малите кучиња постапката е поинаква, опишана подолу. Не се грижите ако има појава на подлив на крв доколку прејако ги притиснете ребрата при масажата - се работи за живот или смрт.

А - Големи/Средно големи кучиња
1) Ставете го кучето на страна, со главата свиткана подолу од остатокот на телото. Ставите ги дланките на неговите гради, веднаш под лактот. Ставете ја едната дланка врз другата. Притиснете со дланките надолу во ритам 100 пати во минута, буткајќи према вратот на кучето.

2) По 15 секунди масажа на срцето, дајте вештачко дишенее во траенње од 10 секунди . Продолжете со оживувањето се додека не осетите пулс, тогаш продолжете само со вештачко дишење. Ако се присутни 2 луге, едниот 5 секунди дава масажа на срце ,па другиот дува воздух. Веднаш побарајте ветеринарска помош!

Б - Мали кучиња
1) Легнете го кучето на страна, по можност со главата малку надолу. Фатете ги градите на кучето помеѓу вашиот палец и показалец, веднаш под лактите. Со другата рака потпрете го грбот на кучето.

2) Цврсто притиснете, стискајќи го градниот кош во правец на вратот на кучето, повторете го ова брзо и цврсто во ритам 120 пати во минута.

3) По 15 секунди започнете со вештачко дишење во траење од 10 секунди. Продолжете со оживувањето додека не осетите пулс, тогаш продолжете само со вештачко дишење. Веднаш обратете се кај ветеринарот за помош!

Масажа на срце


Како да се пријде при вештачко дишење


Давање на вештачко дишење


Прва помош при топлотен удар


* Вообичаена повреда кај домашните миленици е повреда на шепата. Сепак, постапката при крварење е иста без оглед на делот на телото кој е повреден. Ако забележите дека на вашиот чевтроножен пријател му крвари шепата, користите завој кој добро впива ( или импровизирајте и користите марамче) и притиснете ја раната за да го запрете крваренњето. Артериската крв е обично со силен млаз и со жарко црвена боја. Тоа значи дека раната е озбилна. Во тој случај ставете уште впивачки слоеви и продолжете цврсто да притискате до доаѓањето на професионална помош.

* Епилепсијата не е ретка кај кучињата и мачките и првиот напад кај васиот миленик може да биде трауматичен за обајцата. Карактеристични симптоми се: повлечени усни, пена која излегува на уста, стаклени очи и нозете им се тресат. Во тој случај разлабавете им го ланчето, покријте ги и останете со нив додека не дојде професионална помош.

* Убодот од пчела или оса или гризнуванње од змија може да биде голем проблем затоа што тие често предизвикуваат алергиски реакции и бараат итен третман. Првите знаци највероватно ќе бидат отекувања и на животното ке му биде очигледно лошо. Оладете го отокот од убодот на пчела со содабикарбона, а убодот од оса со оцет. Секое отекување во подрачјето на вратот бара неодложлив третман, а исто така и гризнуванњето од змија или отровен инсект.

* Милениците можат да се отрујат и со некои вообичаени средства во домаќинството како што се боите, избелувачите, хербицидите и отровите за глувци. Посматрајте дали животното има проблем со дишењето, рамнотежата, дали се лигави и дали има грчеви. Обратете му се на ветеринар што е можно побргу и кажете му што мислите дека е причина за труењето.
Не му давајте на кучето да пие сем ако ветеринарот поинаку не ве упатил. Ако суспстанција како избелувач го испрскала животното, веденаш темелно измијте го зафатено подрачје со благ раствор на сапун и потоа исушете го незно со пешкир или фен за коса подесен на најниска температура. Постои голема опасност животното да доживее состојба на шок, па затоа држете ја мачката или кучето на топло.
Исто така, додека дојде/стигнете (кај) ветеринарот, може да му дадете црн јаглен ( го има во секоја аптека ). Ако не го голта, тогаш со шприц, издробено и помешано со вода.

* Ако вашиот миленик е изгорен или попарен, натопете го зафатеното подрачје со ладна вода и држете така најмалку десет минути за да бидете сигурни дека изгореницата нема понатаму да ја оштетува кожата. Не ставајте масла и креми на изгореницата, ке биде доволен завој од ткаенина која не се разресува, а да биде натопена со ладна вода.

* Како да се однесуваме со животно повредено во сообраќајна несреќа ?
Прво, обидете да не паничарите. Пристапите му полека на животното, изговарајќи зборови на охрабрување. Проценете ја ситуацијата и одлучете дали вие или други се во опасност. Ако е потребно, замолете некој да го пренасочува сообраќајот и што побргу побарајте помош од ветеринар. Ако треба да го помрднете животното, направите носила од покривки или палта, а мачката ставете ја во кутија или замотајте ја во прекривка. Многу е веројатно дека жртвата ке биде во шок и затоа држете ја затоплена, мирна и охрабрувајте ја додека не дојде ветеринар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom