Прва брачна ноќ... пред скоро 10 години, декември 2003... а како вчера да беше...
Тој ден ми беше напорен... многу... како физички, така и психички. Го памтам секој еден детаљ...
Значи, бидна свадба... прво матично, па црква, и ресторан на крајот, со сите нишани.
Тогаш не даваа соба за младенците хехехе. Сега дават.
Фала им на другарите мои кои се организираа и ги собраа поклоните од ресторанот и ги транспортираа до станот уште пред крајот на свадбата
И, така, беше некаде скоро 4 сабајле, недела беше веќе... направивме адетот, нешто леб и вода кај моите, па јас и госпожата у колата и отидовме у станот кој до скоро го нрекувавме дома
Тоа е едно мало станче од 48 квадрати, кое таа декемвриска ноќ беше празно... во едната соба полн под поклони, и само наместена спална. Друго ништо немавме... а да! И, една кварцна греалка, која ја имав купено порано... се собиравме друштво во тој стан да играме јамб, хант... такви работи
Не бев ни близу до пијан. На мојата свадба испив една чашка ракија, чашка шампањ, едно пиво и многу сокови...
Падна квалитетен секс.... и заспавме.
Недела околу ручек... се разбудивме, броевме пари, отваравме поклони. Бевме на ручек докај моите и пак отваравме поклони...