Прваче маче! :)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.507
За Македонија конкретно, ова е невозможно бидејќи има веќе многу дејности во кои не постојат експерти за менторство.
Ако станува збор за дејности кои се битни за државата, може да се одвојат фондови и да се пратат надвор, но потоа да се вратат назад и доколку се преселат во рок од Х години, ќе си ги вратат трошоците.
За одредени области кои ниту се потребни, ниту пак имаме експертиза, не гледам ни потреба да постојат како образование.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.926
Поени од реакции
29.757

Тоа е огромен финансиски товар, и не можеш на некој да му ја ограничиш слободата и животот на тој начин.
Попрактично е да се донесат експертите тука.

Реално, кадри како филозофија се бескорисни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.507
Тоа е огромен финансиски товар, и не можеш на некој да му ја ограничиш слободата и животот на тој начин.
Попрактично е да се донесат експертите тука.

Реално, кадри како филозофија се бескорисни.
Не е ограничување на слобода, класичен договор за надомест на трошоци за школување (tuition reimbursement agreement), ваков имав потпишувано и како вработен, а и давано на вработени.

Ништо не е гратис, ако некој ти го плати, очекува дека ќе го примениш тоа знаење за придонес на негови проекти, или на тебе да направи профит, или во случај на државата да и платиш даноци.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.926
Поени од реакции
29.757
Не е ограничување на слобода, класичен договор за надомест на трошоци за школување (tuition reimbursement agreement), ваков имав потпишувано и како вработен, а и давано на вработени.

Ништо не е гратис, ако некој ти го плати, очекува дека ќе го примениш тоа знаење за придонес на негови проекти, или на тебе да направи профит, или во случај на државата да и платиш даноци.
Апсолутно е ограничување, ако е млад човек, и треба да живее неколку години од младоста таму. Клучни години кога се стекнуваат друштва и врски, и потоа да го присилиш да ги растури или да ти плати за тоа.
Максимум 5 луѓе би прифатиле таков договор на 18 години, односно пропаднат проект.
Фауст е поука, не пример за следење.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.507
Апсолутно е ограничување, ако е млад човек, и треба да живее неколку години од младоста таму. Клучни години кога се стекнуваат друштва и врски, и потоа да го присилиш да ги растури или да ти плати за тоа.
Максимум 5 луѓе би прифатиле таков договор на 18 години, односно пропаднат проект.
Фауст е поука, не пример за следење.
Никој не ги тера на сила, може да си го платат од џеб, или да си одат некаде каде што ќе им го платат.
Инаку вакви потпишуваат и доктори за специјализација, и истото важи секаде не само во Македонија.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.926
Поени од реакции
29.757
Никој не ги тера на сила, може да си го платат од џеб, или да си одат некаде каде што ќе им го платат.
Инаку вакви потпишуваат и доктори за специјализација, и истото важи секаде не само во Македонија.
Не ги тера, но не ги ни привлекува твојата идеја. САД не стана академска сила оти ги праќаше студентите по светот, туку ги собра сите експерти од светот во универзитети.
Доктор прво завршува студии па оди на специјализација потоа.
Јас зборувам за деца на 18 години, кои допрва почнуваат студии.
И не зборувам само за доктори, не е само медицината која е во недостаток во Македонија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.507
Не ги тера, но не ги ни привлекува твојата идеја. САД не стана академска сила оти ги праќаше студентите по светот, туку ги собра сите експерти од светот во универзитети.
Доктор прво завршува студии па оди на специјализација потоа.
Јас зборувам за деца на 18 години, кои допрва почнуваат студии.
И не зборувам само за доктори, не е само медицината која е во недостаток во Македонија.
Па и ова не е на 18, јас ти викам за да може да работат да мора прво да поминат пракса, ако решиле да си одат од земјата - со среќа, ни први, а ни последни.

Во моментов и двете страни се несреќни, земаш да работи, трупец и плачки оти не се платени, тие што ќе потпркнат си одат и пак само биле товар на системот.

САД е во различна положба, исто и Австралија, а и секоја богата земја.
За во овие држави имаш луѓе со докторати, кои запишуваат пак факултет, се со цел да стапнат таму. Во Македонија и да му дадеш гратис студии, нема да дојдат ни од Африка, а не пак поасални.

Не навлегувам во професијата, моето видување е дека треба да бркаме квалитет, а не квантитет, за второто ниту сме доволно ефтини, а ниту големи.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.926
Поени од реакции
29.757
САД е во различна положба, исто и Австралија, а и секоја богата земја.
За во овие држави имаш луѓе со докторати, кои запишуваат пак факултет, се со цел да стапнат таму. Во Македонија и да му дадеш гратис студии, нема да дојдат ни од Африка, а не пак поасални.
Ниедна од тие не почнале богато туку увезувале експертиза и станале богати.
Барем за Австралија знаеш дека е почната како истовариште за криминалци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom