Прваче маче! :)

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.923
Поени од реакции
29.757
Да се разладеме, да собориме темтература или за миг помисли дека се иде само за курч и заборави на вистинската причина? :pos:
Иако се согласувам со остатокот од твојот пост, Маја е во право.
Како се разладуваш на плажа, гол, сончевите зраци директно удираат на кожа, а песокта жешка тлее уште повеќе?
На плажа може да се оди ради вајб, мода или релаксација од море. Се друго е лага во која си веруваме.
 
Член од
14 мај 2024
Мислења
7
Поени од реакции
13
Кај нас во основно имаше една наставничка по француски што ги праќаше децата до дома да и ја промешаат манџата, да го исклучат шпоретот и слично.
Пенка да не е по француски? Ова на неа ми личи. :D
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.204
Поени од реакции
25.326
Како истиот да ни бил хаусмајстор. Овој кај нас Зоки се викаше и главна мајсторија му беше ковање шајки. Што и да не чинеше шајката. Во училницата од прво до 4то што ни беше, на крај само 1 прозор се отвараше од 2 ѕида цели прозори.
Овој Ангелко или Зоки парт тајм да не работел у другото школо или и тој како професорите надополнувал фонд на часови у друго школо ?
Автоматски споено мислење:

100 стапа за оваа е лекот.
Какви стапа ? Црнечки ?!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506
Ајде вака да гледаме на работите, од друга перспектива - да, во право се мамичките, треба да се климатизирани училниците, сепак во 21 век живееме и не би требало да споредуваме со наше време, треба да одиме напред...

Но, во држава во која се останато оди назад, да ти е најважно најмалку неопходното, е во најмала рака срамота!
1. Учениците уште немаат учебници.
2. За тетратки и прибор за едно дете, и при тоа го бирав најпристапното по цена, завчера дадов 2 800 денари. Постојат родители со социјална помош или пензии кои не можат да си ги дозволат тие 2 800 денари, а нели секое дете има право на еднаквост и образование. И образованието кај нас треба да е бесплатно.
3. Секоја година им ги менуваат програмите, па учениците се експериментални глувчиња.
4. Училиштата бараат од родителите да купат А4 хартија, хамери, тонери, па дури и креди и фломастери и сличен прибор зашто општините ни тоа не им го даваат.
5. Лани за училиштето каде учи син ми дониравме пари со кои се купија 2 телевизори и 2 училници опремија со ТВ. Значи училиштата немаат пари за телевизор, а не па паметни табли кои според последната реформа на образованието на Царовска беа задолжителни.
6. Знам 2 случаи во 2 различни училишта каде наставниците им даваат на децата стари лектири, кои веќе не се во програма зашто библиотеките не се снабдени со новите лектири. Во училиштето на син ми 2 години секое дете донира по 1 лектира на библиотеката за да се направи фонд од кој ќе може да читаат идните генерации.

Значи со други зборови: ние немаме за леб, она бара кавијар! Срамота е да помисли и да пише такво нешто кога во државава дечиња мораат да одат во училишта каде крововите течат, ѕидовите се испукани и буквално немаат топка за фудбал, а она се жали зошто немало клима.
Како држава имаме одбрано лоши учители за како да ни се развива образовниот систем. За жал во западните демократии школскиот систем е задна дупка на свирало - децата не гласаат па се тотално небитни.

Побитно е пумпање на цени на недвижности за гурмишите кои се со по една нога во гроб, бидејќи тие се загарантирани гласови.

Проблемот на Македонија и сличните државички е што гледаат од држави кои си го имаат сјебано образовниот систем до даска, арно ама кај нив умот се носи од увоз, нешто што е невозможно за Македонија, па системот функционира. Отепана држава како нашата нема ниту можност да лупнеш даноци од по 30-40% како тука, ниту да финансира милиони секоја година за експерименти.

Ако викаш дека библиотеките се отепани, може да замислам во каква состојба се компјутерите и лабораториите. Да не правиме муабет за квалитетот на кадарот што треба да ја води наставата, или за партиските директори што го менаџираат (пљачкаат) буџетот на училиштата.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.442
Овој Ангелко или Зоки парт тајм да не работел у другото школо или и тој како професорите надополнувал фонд на часови у друго школо ?
Автоматски споено мислење:

Какви стапа ? Црнечки ?!
Изгледа кај ист мајстор чираци биле. :D
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.496
Поени од реакции
8.147
Како држава имаме одбрано лоши учители за како да ни се развива образовниот систем. За жал во западните демократии школскиот систем е задна дупка на свирало - децата не гласаат па се тотално небитни.

Побитно е пумпање на цени на недвижности за гурмишите кои се со по една нога во гроб, бидејќи тие се загарантирани гласови.

Проблемот на Македонија и сличните државички е што гледаат од држави кои си го имаат сјебано образовниот систем до даска, арно ама кај нив умот се носи од увоз, нешто што е невозможно за Македонија, па системот функционира. Отепана држава како нашата нема ниту можност да лупнеш даноци од по 30-40% како тука, ниту да финансира милиони секоја година за експерименти.

Ако викаш дека библиотеките се отепани, може да замислам во каква состојба се компјутерите и лабораториите. Да не правиме муабет за квалитетот на кадарот што треба да ја води наставата, или за партиските директори што го менаџираат (пљачкаат) буџетот на училиштата.
Види, тоа е глобална тенденција веќе да се оттргнуваат луѓето од конвенционалниот образовен систем. И таму исто како и овде, оној концепт "учи синко да не работиш" со кој не труеле и индоктринирале нас (80's - late 90's ) веќе не е толку доминантен, од повеќе причини.

Но, не можеш да го споредиш системот таму и овде од проста причина што таму, од време на време ќе искочи некој светска класа бисер, за разлика од кај нас.
Имаат услови, и ќе се погоди некој што ептен ја сака науката (зборам за еве, технички/инжинерски/природни науки, економија, право, медицина), и ќе искочи некој мега ѕвер од нивни редови, бидејќи ги имаат искреирано сите услови што може човек да ги замисли. Но генерално, оваа разлика се приметува подоцна на колеџ/факултет.
Значи државата направила повеќе "врати" за да една особа биде продуктивен дел од едно општество. Кај нас тие врати се многу малку.

Од друга страна, една од најлошите професии, еве во Америка е да се биде учител/наставник до факултет. Факултетски професори се друга приказна.
Нешто за што и они имаат проблеми, и кај нив кадарот е веќе очаен, се што вреди (барем во Америка) од учители/наставници има сменето професија или работи нешто многу подалеку од просвета. Зошто некој би работел како учител по Англиски во основно за мочани 3000$, кога може како content writer на пример да заработува дупло од тоа, од дома, под свој распоред и со цела слобода на овој свет, секако, без 20-30 деца да му кинат живци ?
Тоа е трендот, и секаде во светот има пад во квалитетот на образованието, меѓу другото и од овие причини.

Понатаму, дел од проблемот лежи и во самиот систем на образование. Во 21 век, самото образование е не-еволуирано и се базира на болоњски концепти етаблирани од 12 век или пак на американски академици од 18от век. Или пак можеби тоа е дел од scam-ot.
Пример јас лично одбивам да прифатам дека за 99% од професииве за кои треба факултет, времетраењето на студиите треба да биде 4 години за bachelor. Дотолку повеќе. еден архитект, доктор, адвокат, судија и тн и тн, треба едно 10 години да одвои во пусто учење, полагања, испити и тн, во ера кога технологијата прави многу ствари наместо нас. Со други зборови, мора да се скрати времетраењето на студиите и самите студенти да бидат ослободени од беспотребни труења кои никад во живот нема да им требаат, а тоа ги кошта драгоцено време, и секако пари (веројатно затоа и толку долго траат студиите во денешно време, од финансиски интерес пред се).

Времетраењето на образованието, особено факултетското, треба да биде скратено за 20-25% across the board. Ако за адвокат денес ти требаат 10 години, треба да биде скратено на 8 рецимо. Ако да станеш доктор ти требаат 6 години учење + 6 години специјализација, тоа треба да биде сведено БАРЕМ на 5+5. Секако овие бројки ги давам пластично. Да се аплицира ова пропорционално за сите смерови/професии.
Траењето е само уште еден фактор што ги оттргнува младите да идат на колеџ/факултет. Бидејќи
а) тоа ги кошта пари, у смисла ако годишно плаќаат 25.000$, тоа се додатни 50.000$ у долгови
б) влегување на пазар на труд 2 години порано, што многу значи

Зошто некој да иде у колеџ и да живее мизерно 8 години и да биде у дугови до гуша, кога може да иде у trade school и за 2 години да прави пари, со значително помал долг ?
А за таквите снегулки што се запишуваат на радикално левичарски смерови како gender theory, race theory, social studies и тн и тн, тоа се џабе фрлени и инвестирани пари.
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.636
Поени од реакции
59.952
Капак на се, разведена е ?
Ако е разведена, наместо да се замара за површни работи како клима во школо, нека се запраша каков и е нејзе односот со таткото на детето, каков е односот на таткото со тоа дете... Дали воопшто тоа дете има татко или го родила синот преку донор не знам ? Каков импакт има врз психофизичкиот развој на детето фактот што расте без татко ?
Не ни била мажена никад. За оваа се збореше дека не ни знае кој му е татко на син и. Доека беше трудна или откако се породи, се плеткаше со Бетмен затвореникот па раскинаа, па ако не се лажам беше у врска со таа една со која се сликаа голи за Плејбој Македонија на времето.
Мислам дека и се прогласи за Би сексуалец, сексуалка пардон.
Ментална глупача, не ни вреди да и се дава медиумско и било какво внимание.

За Миа Костова иначе праиме муабет, чисто ради гугл срч го пишав името и презимето, нека чита интернетот. hhh
 
Сепак тоа си е нејзин живот, не ме интересира реално, што сака нека прави, ако сака и со Робин и Алфред нека се клеца for all I care.
Иако од месечина се гледа дека жената си има барем едно (ако не и неколку) психо пореметување/а.
Она што е најтрагично е што ваквиве "girl power, women pride", МОЖАМ ЈАС СЕ САМА, егоцентрични нарцисоидни битија - инфлуенсерки, благодарение на фактот што се повеќе разводи се случуваат, им се role-model на многу разведени жени. ЗА ЖАЛ, пак ќе кажам.
Лош пример е за жениве, од било која сексуалност и со било каков брачен статус. Тука е фрката, што многу се угледуваат на дотичнава и ја сметаат за не знам што.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.506
Види, тоа е глобална тенденција веќе да се оттргнуваат луѓето од конвенционалниот образовен систем. И таму исто како и овде, оној концепт "учи синко да не работиш" со кој не труеле и индоктринирале нас (80's - late 90's ) веќе не е толку доминантен, од повеќе причини.

Но, не можеш да го споредиш системот таму и овде од проста причина што таму, од време на време ќе искочи некој светска класа бисер, за разлика од кај нас.
Имаат услови, и ќе се погоди некој што ептен ја сака науката (зборам за еве, технички/инжинерски/природни науки, економија, право, медицина), и ќе искочи некој мега ѕвер од нивни редови, бидејќи ги имаат искреирано сите услови што може човек да ги замисли. Но генерално, оваа разлика се приметува подоцна на колеџ/факултет.
Значи државата направила повеќе "врати" за да една особа биде продуктивен дел од едно општество. Кај нас тие врати се многу малку.

Од друга страна, една од најлошите професии, еве во Америка е да се биде учител/наставник до факултет. Факултетски професори се друга приказна.
Нешто за што и они имаат проблеми, и кај нив кадарот е веќе очаен, се што вреди (барем во Америка) од учители/наставници има сменето професија или работи нешто многу подалеку од просвета. Зошто некој би работел како учител по Англиски во основно за мочани 3000$, кога може како content writer на пример да заработува дупло од тоа, од дома, под свој распоред и со цела слобода на овој свет, секако, без 20-30 деца да му кинат живци ?
Тоа е трендот, и секаде во светот има пад во квалитетот на образованието, меѓу другото и од овие причини.

Понатаму, дел од проблемот лежи и во самиот систем на образование. Во 21 век, самото образование е не-еволуирано и се базира на болоњски концепти етаблирани од 12 век или пак на американски академици од 18от век. Или пак можеби тоа е дел од scam-ot.
Пример јас лично одбивам да прифатам дека за 99% од професииве за кои треба факултет, времетраењето на студиите треба да биде 4 години за bachelor. Дотолку повеќе. еден архитект, доктор, адвокат, судија и тн и тн, треба едно 10 години да одвои во пусто учење, полагања, испити и тн, во ера кога технологијата прави многу ствари наместо нас. Со други зборови, мора да се скрати времетраењето на студиите и самите студенти да бидат ослободени од беспотребни труења кои никад во живот нема да им требаат, а тоа ги кошта драгоцено време, и секако пари (веројатно затоа и толку долго траат студиите во денешно време, од финансиски интерес пред се).

Времетраењето на образованието, особено факултетското, треба да биде скратено за 20-25% across the board. Ако за адвокат денес ти требаат 10 години, треба да биде скратено на 8 рецимо. Ако да станеш доктор ти требаат 6 години учење + 6 години специјализација, тоа треба да биде сведено БАРЕМ на 5+5. Секако овие бројки ги давам пластично. Да се аплицира ова пропорционално за сите смерови/професии.
Траењето е само уште еден фактор што ги оттргнува младите да идат на колеџ/факултет. Бидејќи
а) тоа ги кошта пари, у смисла ако годишно плаќаат 25.000$, тоа се додатни 50.000$ у долгови
б) влегување на пазар на труд 2 години порано, што многу значи

Зошто некој да иде у колеџ и да живее мизерно 8 години и да биде у дугови до гуша, кога може да иде у trade school и за 2 години да прави пари, со значително помал долг ?
А за таквите снегулки што се запишуваат на радикално левичарски смерови како gender theory, race theory, social studies и тн и тн, тоа се џабе фрлени и инвестирани пари.
Да, ова се дел од работите, и затоа пишав дека гледаме примери од погрешни места.

Реалноста е дека не требаат толку писари, но и уште пореално е дека и тие писарите излегуваат неписмени.

Не ми беше поентата за времетраењето на школувањето, повеќе мислам дека треба да се обрне внимание на практичната настава и во таа за писари, и во таа за работници.

Јас не би го крател времетраењето, туку би оставил да има опција на „виша школа“ со што ќе има граница до каде може да одат со кариерен напредок и одговорности, а тие што навистина сакаат да се занимаваат со далеку повисока наука/поодговорна, може да одат на целосно школување.
Во секое можно школување, би ставил минимум од 1 година практична настава во фирми, или пожелно 2 години од кои едната е неплатена, а втората ќе биде подмирена како практикант, па макар и да треба да се школуваат 6 години.

Е вака ќе добиеш некој што разбира што прави уште од прв ден на работа, а не како во моментов, во секоја професија имаш луѓе кои трошат 5 години од својот живот на школување, и кога ќе почнат се тотално неупотребливи во првите 6-12 месеци.

Истото треба да биде и за среднистите кои решаваат да работат мајстори и слично. Апсолутно секој за да работи ќе мора да помине одреден курс кој ќе се состои од основна теорија за дејноста и 1-2 години задолжителна пракса.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.923
Поени од реакции
29.757
Во секое можно школување, би ставил минимум од 1 година практична настава во фирми, или пожелно 2 години од кои едната е неплатена, а втората ќе биде подмирена како практикант, па макар и да треба да се школуваат 6 години.
За Македонија конкретно, ова е невозможно бидејќи има веќе многу дејности во кои не постојат експерти за менторство.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.148
Поени од реакции
1.025
Јас мојот прв школски ден ,беше многу одамна...
Бевме многу детно семејство и за мене немаше ни градинка ни забавиште ,само еден ден бев во забавиште на една од моите сестри кога им дојде дедо мраз па нормално и мене ми даде пакетче. На првиот школски ден бев како изгубен ,мирен ,повлечен . Седнав до едно дете ми се претстави Горги ,и седевме заедно дури не не разместат. Улитлката беше прекрасна Зуица се викаше ,многу си ја сакав ,многу работи за животот научив од неа. Еее години како летнаа ,времиња, детство ,никогаш нема да се врати...
Убавини
 
Kajgana Shop

На врв Bottom