Прашање за DHL-Пошта

Член од
18 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
7
Планирам да порачам нешто од интернет па ме интересира кога производот ке стигне во мк (Во DHL поштата) дали ке може друга личност да го земе наместо мене пошо кај мене во градот нема ДХЛ-пошта т.е од Берово сум...Фала однапред
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Тешко, мора лично ти да отидеш со лична карта и да се потпишеш дека си го примил.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
DHL би требало до дома да ти го достави пакетот, без разлика од кој град си. Најубаво да се јавиш на 15333 и да прашаш.
Ако сакаш да го подигне некој друг треба или да потпишеш полномошно или да го пратиш директно на име на лицето кое би го подигнало пакетот наместо на твое име.
Кога ќе порачуваш имај предвид дека секоја пратка над 22 евра се царини, а во тие 22 евра се вклучуваат и трошоците за испраќање, така што речиси и нема пратка која нема да ја надмине таа вредност. Се плаќа 2000 денари за шпедиција, 1300 за лежарина и плус трошоци за царинење и данок, па види дали воопшто ти се исплати да порачуваш нешто.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дхл стасува до врата, макар живеел и во Свирипичино.
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Чекај малце има една
DHL би требало до дома да ти го достави пакетот, без разлика од кој град си. Најубаво да се јавиш на 15333 и да прашаш.
Ако сакаш да го подигне некој друг треба или да потпишеш полномошно или да го пратиш директно на име на лицето кое би го подигнало пакетот наместо на твое име.
Кога ќе порачуваш имај предвид дека секоја пратка над 22 евра се царини, а во тие 22 евра се вклучуваат и трошоците за испраќање, така што речиси и нема пратка која нема да ја надмине таа вредност. Се плаќа 2000 денари за шпедиција, 1300 за лежарина и плус трошоци за царинење и данок, па види дали воопшто ти се исплати да порачуваш нешто.
Чекај малце, има една страна на нет за порачување облека од Германија, се доставува со DHL и кога ке направиш се да видиш вкупен трошок иде сумата на производот и DHL +20 евра. Сега значи на овие 20 евра и сумата на производот иде плус 2000 денари за шпедиција и1300 за лежарина или .... ?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99

Не е точна информацијата се царинат само пратки над 40 евра, не над 22, така да немај гајле не треба ништо да плаќаш, се подигнува со лична карта а ако сакаш да ти ја донесат до дома тогаш веројатно ќе треба да им платиш ама незнам колку.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298

Добро, мене ми царинеа факинг часовник од 6 евра кој со вклучените трошоци за испорака по DHL чинеше нешто под 30 евра - само затоа што сметале дека часовникот чини повеќе. Иако, јас сум убеден дека станува збор за игра на македонското претставништво на DHL да профитира преку шпедитерските трошоци и лежарината која треба да ја платиме.

Значи, за часовникот и испораката платив помалку од 30 долари, а кога стигна пратката од DHL ме информираа дека треба да платам + нешто ситно за царина и лежарина (околу 300 денари) и 3.000 денари за шпедитерски трошоци. И тука настанува шокот, затоа што од DHL ме информираа дека тие 3.000 денари се фиксни - без разлика дали ти пренесуваш нешто што вреди 300.000 евра или 30 евра. На мое инсистирање пратката да не се царини (затоа што нема логика за саат од 6 евра да платам повеќе од 70 евра), трчање до претставништвото во DHL, објаснување дека всушност станува за „играчка - часовник“ од Кина, приложување докази дека саатот навистина вреди 6 евра, објаснување што е тоа LED и тн... DHL конечно реши да покрене „жалба“ за да не го царинат производот. Барем така ми рекоа. После неколку дена ми се јавија цели радосни дека жалбата ми ја прифатиле, но за жалбата сум требал да платам 1.500 денари. Си реков ФАКИТ, еве ви 1.500 денари, дајте ми го саатот и веќе не сакам да ве видам...

Така да, се после тоа што сум порачувал идело преку регуларна пошта (преку која за ниту еден производ не сум имал вакви перипетии, ниту пак сум требал да платам царина, ни шпедитерски трошоци, ни лежарина - а сум одел и над 50 евра). Никако DHL. Како од ѓавол бегам од нив и на никој не му ги препорачувам.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
македонската DHL е жали боже за пратка во вредност од 11евра ми наплатија 4800 ден :mad: царина, шпедиција и лежарина... само не знам кај најдоа за 11 евра конкретно држач за книги царина не ми е јасно ... и кога отидов да се жалам госпожата ми вика ако ти е скапо што не ти го прателе со обична пошта :mad: она мене ке ми кажува за мој пари како да ми го пратат :(
 
Јас ќе се откажев од саатот, иако имав „фрлено“ околу 30 евра... Само за да не платам уште 60!
И најјако беше кога ми кажаа дека не можам туку-така да го оставам, туку ако не сакам да ја примам пратката - ќе мора да платам некои „200 евра“ за ништење :pos:

Нормално, ова им се само глупи финти за да те натераат да платиш. Инаку, ако сакаш да заебеш некој непријател, испрати му нешто преку DHL на домашна адреса. Ќе го банкротираш...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не е точна информацијата се царинат само пратки над 40 евра, не над 22, така да немај гајле не треба ништо да плаќаш, се подигнува со лична карта а ако сакаш да ти ја донесат до дома тогаш веројатно ќе треба да им платиш ама незнам колку.
Информацијата е точна, порачав книга од амазон која со поштарина ме чинеше 40 евра мислејќи дека максималната дозволена вредност е до 45 евра, ама пред месец дена го имаат сменето правилото и е до 22 евра. Веројатно немаш порачувано нешто во последно време, и јас така се зезнав и ми дојдоа дополнителните трошоци поскапи од книгата, ама кога веќе сум ја порачала не сакав да ја враќам. Инаку мене ми стигна преку UPS ама процедурата е иста преку сите, а ограничувањето за вредноста исто така, можеби нешто ситно разлика да има во трошоците за шпедиција, но по тоа што го пиша Acid не ми се чини како да нема многу разлика. И патем се порачува преку тие служби за брза пошта за да ти ја донесат пратката до дома/адресата на која е порачано, а не да одиш да ја земеш. Преку UPS секогаш ми ја носеле до врата, не знам зошто преку DHL сте оделе да ја земете пратката.
Stein да, така доаѓа, цената на облеката+трошоци за поштарина (колку ќе ти пресметаат за праќање преку DHL)+шпедиција+царина+данок (данокот не знам за што и колку земаат, но се плаќа).
На крај ќе направат повеќе да се исплати да отидеш до Грција или Бугарија да си купиш нешто отколку да се плаќа арач на царина. Ненормално е 22 евра да биде максималната сума кога само поштарината на повеќето пратки доаѓа околу 20 евра.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Е ова е магичното прашање.
Како и се друго што функционира во Македонија, така е и оваа процедура.
Чекав пратка еднаш и ми се јавуваат да отидам да си ја подигнам, демек стигнала, арно ама Петок ми се јавуваат да сум отишол во Понеделник, бидејќи подружната единица работела до 3 сат? Си викам ВТФ, али ај. Иначе подружната единица е на 30 метри од мене.
Чекам Понеделник и идам да си ја подигнам пратката љут кибрит. Ја зимам пратката и му викам на типот - зошто не ја донесовте и морав да чекам плус 3 дена? Ааааа епа, ми вели, и јас имам викенд. Бидејќи наводно само тој бил вработен од ДХЛ во мојот град. Ај зимам тоа пратката и ми вика треба да платиш 100 денари - за испорака.... и ми дава фискална.... Абе му викам па не ми ја испорача до дома? Ааа епа не ги знам јас сите адреси во градот па да доаѓам до кај тебе дома... Абе неписмен на 30 метри ми е домот, а и што ме интересира мене дали ти знаеш или не... И ај да не раскажувам се во детали, битно беше дека типацот од увек не ги носел пратките а зима пари за испорака - фактички парите за бензин за испорака си ги ставал во џеб. Фино лепо си пишав маил, ми се јавија и ми кажаа дека не сум првиот што се пожалил и дека го сакнционирале.
Ко за малер, го гледам типот утредента и ми вика дали сум морал да се пожалам и дека ако сум побарал он ќе ми ги плател тие 100 денари....
И така, тоа е таа професионалност на ДХЛ.
Thanks but no thanks со нив веќе.
 
Член од
18 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
7
Аха...ок....фала на сите доволно се тие информации...значи гледам дека повекето имате лошо искуство со ДХЛ...ај ке си почекам еден месец со free shipping па да ми биде посигурно тоа...Фала уше еднаш :D
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Не е точна информацијата се царинат само пратки над 40 евра, не над 22, така да немај гајле не треба ништо да плаќаш, се подигнува со лична карта а ако сакаш да ти ја донесат до дома тогаш веројатно ќе треба да им платиш ама незнам колку.
70 евра е производот. Имаш искуство или ?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.590
И сега 22 евра е границата, или 45 или 50?! Дај некој нека каже 100% сигурно! :eek:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom