Во саботата бев во дискотека и околу 3:30 часот наутро тргнав да си одам дома.Кога излезев од дискотеката на улицата пред дискотеката имаше бркотница (приватна кола и алфите позади неа) и продолжија нагоре по улицата со голема брзина ... За од прилика 1 минута погоре на улицата стигнав и јас оти тамо ми беше паркирана колата за да си ја земам и да си одам ... Ама одма на 40-50 cm позади мојта кола беше сопрена колата која ја бркаа алфите и јас не можев никако да излезам.Културно ги замолив и алфите и дечкото што беше негова колата да ја поместат за да може да си одам, ама дечкото заинает оти го тепал некој од алфите не сакаше да ја поместе колата, а алфите ми речеа дека не смеале да влегуват без одобрение во неговата кола да ја поместуват... И ај почекав 10 минути да се среде ситуацијата ама ништо се тегавеа нешто алфите со него ... После 5 минути еден од алфите ми рече ај да пробаме да излезам полека на рикверц и додека он ми кажуваше уште колку имам за назад излизга ми тркалото од тротоарот и мојта кола залепи до та другата шо ја бркаа алфите ... И дечкото шо беше со таа кола почна да вика да бара оштета од мене и тн. Колите беа буквално само залепени (мојот браник беше залепен за лајсната на неговата врата) и јас реално не гледав дека има штета на неговата кола ни па на мојта .... ама тој побара увид од сообраќајна и дојдеа сликаа записник правија и тн ... неговата кола беше на бугарски таблици со изминат зелен картон и тој беше пијан 1.86 промили .... подоцна настана некоја гужва он удари некој од алфите и го приведеа, јас останав со сообраќајците и ми пишаа казна за дејство (дека не сум се уверил дали е безбедно да одам рикверц иако полициски службеници ми кажуваа уште колку имам за назад) и си заработив 30 евра казна ( на која се потпишав да си ја платам ) ... на крајот не можеа да ја тргнат неговата кола а веќе беше 5 30 часот ја морав да си одам и на раци ја дигнавме мојта кола јас и тие шо беа со мене за да може да излезам да си одам ..... сеа ме интересира дали ќе ме викат на суд како ќе оди понатака процедурата, ако некој знае да ми објасни? ...