Прашање за Христијанството III

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Прашање до христијаните:

Како вие ја објаснувате книгата "Ecclesiastes" или појасно "Проповедникот" или "Книга на Проповедникот" од Стар Завет.

Некои авторитети тврдат дека авторот е Цар Соломон,
но тоа не ми е битно
туку значењето на самата книга
и како тоа би го поврзале со
"Новиот Завет"?

Можеби е фина метафора во тој редослед - младост, средновечност, старост.

Пред се "стрaв од бога" земи го како метафора за почит, прифаќање, осознавање, интуитивно чувство за постоење на интелигентен принцип, невидлив но проткаен во реалноста и дека постои начин да се биде во синк со него. Може дри и паралела со Таоизам да направиш како достигнување на состојба на флоу со животот.

Ecclesiastes може да се гледа на почеток како отфрлање на тој принцип и влегување во материјализам, препуштање на земните задоволства и дека тоа води кон патење.

Паралела со нов завет - Исус како начин да се ставиш во синк со флоуто на животот.

Доколку ја препознаеш метафората има многу мудрост во се ова.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Не постојат докази дека постоеле Марија, Исус, Аврам итн итн , ама доказ дека богот на евреите (од кој подоцна влечат корени христијансвото и исламот) е реален - постои? :)

Што ќе смени нештото ако биле реални историски ликови?

П.С. За да не пишувам во темата за ислам, а е поврзано со ова твое прашање: Мухамед на пример кај муслиманите постоел историски? И ако постоел, тоа е доволно да богот опишан во светата книга на муслиманите е реалност?
Just saying ....
А демек постојат докази за вашите ликови Скарлетна ороспија,Вавилонска блудница,Змејовите,принцови на темнината итн.итн....Нели гледате дека се што напишал Алистер е под дејство на демони и дроги? Дрогераши ќе ги претставувате тука како морални ликови и ќе ги учите младите такви да следат?!?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Прашање до христијаните:

Како вие ја објаснувате книгата "Ecclesiastes" или појасно "Проповедникот" или "Книга на Проповедникот" од Стар Завет.

Некои авторитети тврдат дека авторот е Цар Соломон,
но тоа не ми е битно
туку значењето на самата книга
и како тоа би го поврзале со
"Новиот Завет"?
Накратко, Проповедникот размислува за смислата на постоењето на светот, потребата од еден вечен закон даден од Бог, немоќта на материјалното богатство да го направи човекот среќен. Важно е разбирањето дека е неосновано Бог да ја предестинира човечката егзистенција, напротив, човекот слободно ја креира својата судбина....
Овие поенти се типолошки како откривање и познание на Бог, кои Христос во Новиот Завет Лично ги потврдува.
Точно е дека Соломон е авторот според еврејското предание и тоа на постари години а и самата содржина има стих кој ги претставува како,, Зборови на Проповедникот син Давидов... ", има и мислења кои го отфрлаат како автор
Автоматски споено мислење:

не сум некој познавач на фактите за религиските личности, наидов нешто на ФБ, ме заинтересира

Ne postoje dokazi da su postojali, Marija, Josip, Isus, Abraham, da su Židovi bili u Egiptu, da si izašli iz Egipta, ...
Tora je pisana 1.000 godina poslije događaja koje opisuje.
Jedina istina je progonstvo u Babilon.
Biblija je pisana 300 godina nakon promjene kalendara.
Ne postoji ni jedan pisani ili arheološki dokaz.
Напротив, постојат безброј археолошки и историски докази комплементарни на Библиската историја...
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Накратко, Проповедникот размислува за смислата на постоењето на светот, потребата од еден вечен закон даден од Бог, немоќта на материјалното богатство да го направи човекот среќен. Важно е разбирањето дека е неосновано Бог да ја предестинира човечката егзистенција, напротив, човекот слободно ја креира својата судбина....
Овие поенти се типолошки како откривање и познание на Бог, кои Христос во Новиот Завет Лично ги потврдува.
Точно е дека Соломон е авторот според еврејското предание и тоа на постари години а и самата содржина има стих кој ги претставува како,, Зборови на Проповедникот син Давидов... ", има и мислења кои го отфрлаат како автор
Автоматски споено мислење:


Напротив, постојат безброј археолошки и историски докази комплементарни на Библиската историја...
Иритирачка книга,
само ми предизвикува уште
поголем револт кон христијанството.
Заради неа имам спалено 3-4 библии
(колку и да сум сакал на арно да ја фатам работата).
Регулирајте си ги работите со монарсите и другите олоши,
каков пристап имате кон нив.
Кој е Соломон?
Сатанист.
Полигамист.
Све имал од материјални ствари
и не споделил на сиромасите.
Па ќе ми го кажувате
на проповеди.

Тешки лицемери сте .
И јас кога ќе се прејадам и препијам им кажувам прикаски на помладите дека не треба така да прават,
лесно е :)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Иритирачка книга,
само ми предизвикува уште
поголем револт кон христијанството.
Заради неа имам спалено 3-4 библии
(колку и да сум сакал на арно да ја фатам работата).
Регулирајте си ги работите со монарсите и другите олоши,
каков пристап имате кон нив.
Кој е Соломон?
Сатанист.
Полигамист.
Све имал од материјални ствари
и не споделил на сиромасите.
Па ќе ми го кажувате
на проповеди.

Тешки лицемери сте .
И јас кога ќе се прејадам и препијам им кажувам прикаски на помладите дека не треба така да прават,
лесно е :)
Нема ништо иритирачко, Господ точно кажува кога треба да го очекуваме Совршеното, тоа незначи да седиме со скрстени раце, напротив, треба колку можеме да се потрудиме уште сега и овде да го живееме Есхатонот во реалната состојба на гревот.....
За почеток смири се и гледај во себе што можеш да сториш на тој план, без да го осудуваш "другиот" и ќе ти се открие Величието Божјо...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Важно е разбирањето дека е неосновано Бог да ја предестинира човечката егзистенција, напротив, човекот слободно ја креира својата судбина.
Toa e можно само ако сме ние дел од креаторот. Милион пати сум кажал ај уште еднаш.....ако Бог е уметникот(креатор) и е како вајар тогаш неговото дело(човекот во случајов) ќе биде мртво, ќе нема слободна волја. Ако е Бог како балерина на пример тогаш уметничкото дело балерина како игра ќе има слободна волја, затоа што од бог се "одвоил" еден дел и станал балерина. Размислувај по принципи на холограми и ќе ти биде полесно прифаќање на таа идеја....а со време се надевам ќе доживееш и лично искуство. Ќе го погледнеш еден ден светот разбуден, кој си и што си.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Toa e можно само ако сме ние дел од креаторот. Милион пати сум кажал ај уште еднаш.....ако Бог е уметникот(креатор) и е како вајар тогаш неговото дело(човекот во случајов) ќе биде мртво, ќе нема слободна волја. Ако е Бог како балерина на пример тогаш уметничкото дело балерина како игра ќе има слободна волја, затоа што од бог се "одвоил" еден дел и станал балерина. Размислувај по принципи на холограми и ќе ти биде полесно прифаќање на таа идеја....а со време се надевам ќе доживееш и лично искуство. Ќе го погледнеш еден ден светот разбуден, кој си и што си.
Господ создава слободно, независно од својата онтологија, твојата претпоставка за Креатор кој создава од својата природа важи за неспособен Бог да создаде нешто ново..., а притоа да не направи промена на својата природа, суштина.
Христос го ослободува човекот од својата зададеност, давајќи му вечно постоење во слобода да го прифати или отфрли својот Создател.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Господ создава слободно, независно од својата онтологија, твојата претпоставка за Креатор кој создава од својата природа важи за неспособен Бог да создаде нешто ново..., а притоа да не направи промена на својата природа, суштина.
Христос го ослободува човекот од својата зададеност, давајќи му вечно постоење во слобода да го прифати или отфрли својот Создател.
Објасни го светото тројство ако сакаш.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Објасни го светото тројство ако сакаш.
Бог се открива како Света Троица, погрешно е да се именува со тројство. Еден Бог, Една Природа, Суштина во три Лица, Отец, Син и Свет Дух.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Бог се открива како Света Троица, погрешно е да се именува со тројство. Еден Бог, Една Природа, Суштина во три Лица, Отец, Син и Свет Дух.
Ние колку лица имаме?
Во смисла на душа, тело и т.н.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ние колку лица имаме?
Во смисла на душа, тело и т.н.
Душата и телото се човечка природа, два онтолошки слоја како објективна категорија, додека човечката личност е духовната категорија, која ни ја дава специфичноста, посебноста секој човек да биде единствен, неповторлив, креативен..., секој човек е една посебна личност.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
За почеток смири се и гледај во себе што можеш да сториш на тој план, без да го осудуваш "другиот" и ќе ти се открие Величието Божјо...
Зошто тогаш богот во кој веруваш не го примени ова врз него? Причина повеќе е тоа што тој самиот наводно осмислил и допуштил се а и покрај тоа навестува дека ќе суди?! Тоа што ќе го пресуди како зло од кого е?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Зошто тогаш богот во кој веруваш не го примени ова врз него? Причина повеќе е тоа што тој самиот наводно осмислил и допуштил се а и покрај тоа навестува дека ќе суди?! Тоа што ќе го пресуди како зло од кого е?
Христос никого не осуди, напротив, покажа дека безусловно го сака човекот и му го реши проблемот на битисување, за да може во реална слобода да одлучи, дали го прифаќа зададениот вечен живот или не, што практично го најавува во Второто Свое доаѓање да даде ,,Суд"кој за што се одлучил, избрал.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Иритирачка книга,
само ми предизвикува уште
поголем револт кон христијанството.
Заради неа имам спалено 3-4 библии
(колку и да сум сакал на арно да ја фатам работата).
Регулирајте си ги работите со монарсите и другите олоши,
каков пристап имате кон нив.
Кој е Соломон?
Сатанист.
Полигамист.
Све имал од материјални ствари
и не споделил на сиромасите.
Па ќе ми го кажувате
на проповеди.

Тешки лицемери сте .
И јас кога ќе се прејадам и препијам им кажувам прикаски на помладите дека не треба така да прават,
лесно е :)
Соломон дал бил или не, дал постоел или не воопшто не е битно, проповедникот како фаза може да биде секој, и јас и ти, препуштање на хедонизам, алкохол, наркотици, се е тоа повторување на истиот експеримент, некому му е потребно да го искуси екстремот за да ги согледа сам последиците од истиот.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Зошто тогаш богот во кој веруваш не го примени ова врз него? Причина повеќе е тоа што тој самиот наводно осмислил и допуштил се а и покрај тоа навестува дека ќе суди?! Тоа што ќе го пресуди како зло од кого е?
Не постои саглам татко кој би го осудил своето дете, толку од приказната за казни и пеколи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom