Прашање за Христијанството III

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Уште еден круг?
Го создал и тие самите си одбираат да одат кон зло никој не ги тера.
- Ако направил се како да биде ќе бидеме роботи програмирани и раководени со далечинско.

- Злото не е создадено или допуштено ние го правиме злото луѓето раководени од Сатаната.Тој Сатанител му се одмаздува на Бог преку луѓето.и затоа постои зло.
Зошто допушта да има зло?
За да не бидеме роботи.за да не бидеме уништени....
- На кој начин допуштање на слободен избор го поистовети со детерминизмот и роботите? Ако не сме како роботи, зошто не остава последиците од постапките да бидат поука? Зарем не е далечинско токму заканата и навестувањето за лична интервенција и суд од страна на Бог?

- Ако Сатаната е причина за злото и тој му се одмаздува на Бог (кој е сезнаен и семоќен нели) зошто Бог не го уништи Сатаната и зошто не ја предвидел неговата појава? Ако пак дозволува да постои затоа што има потреба од неговото постоење, која е поентата на страшниот суд и казната со вечно страдање?
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
......

Деница бил исфрлен од Небесата, не од Рајот. Адама и Ева беа исфрелни од Рајот, но ниту Адам ниту Ева немаа непосреден контакт со Небесата и со демоните па затоа и не можеа искуствено да осознаат како изгледа злото.

Демоните беа исфрлени од Небесата пред Адамовото создавање и грешење.
Во книгата за Јов 1:6 пишува: “Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната“.
Според приказната дејствието се одвива многу години после Адам. Ако биле исфрлени пред Адамовото создавање како тогаш пристапува Сатаната пред Бога? :confused:

Второ прашање.
Пред Бог да ги протера Адам и Ева од Рајската градина им кажува дека ќе умрат т.е од прав се створени во прав ќе се вратат. Пеколот не е спомнат! По смртта што се случило со нив? Дали се во пеколот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Како дестинација за душите на мртвите во стариот завет се спомнува еврејскиот збор „шеолот“ кој што значи „Подземјето“. Сепак тоа не е „пеколот“. Под пекол обично се подразбира „огненото езеро“ кое што е спомнато во Откровението, место приготвено за ѓаволот и демоните. Тоа е наречено „втората смрт“ каде што ќе бидат погубени ѓаволското тројство (ѓаволот, ѕверот и лажниот пророк), демоните и сите оние непокајани души кои ќе останат до крај бунтовни.
Првата смрт е смрт само за телото. Втората смрт е за телото и за душата.

„И не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.“ (Исус Христос, ев. Матеј 10:28, Библијата)
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
“Подземјето“ е 2 метра под земја народски кажано или би требало поинаква дестинација да е?
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Зошто Бог дозволил поради предизвик од Сатаната да дозволи дотичниот да нанесе страдања на невини луѓе за да ја тестира верата на Јов?

Јов 1:18 и 1:19

18 I dodeka toj u{te govore{e, se pojavi drug i re~e: „Sinovite i }erkitetvoi jadea i pieja vino vo ku}ata naprvorodeniot svoj brat;
19 ete, duvna silen vetar otkaj pustinata i gi zafati ~etirite agli na ku}ata; ku}ata se urna vrz decata i tie umrea; se spasiv samo jas, za da ti javam.”
Се извинувам за латиницата, ама библијата на Премин ја пишувале со фонт, не со поддршка.

Секако дека Бог можел да ја види неговата верност без да дозволи да настрадаат неговите најмили и тоа со разрушување на цела куќа над нив (што сигурно е ужасен начин да се умре).

Разбирам зошто страдал Јов до некаде, но со која цел страдале неговите деца?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
“Подземјето“ е 2 метра под земја народски кажано или би требало поинаква дестинација да е?

Не се знае точно каде е. Сепак е духовно место, а не физичко за да се одреди со просторни координати (овде претпоставувам дека духовните места веројатно се во друга димензија од нашиов простор). А бидејќи секогаш се спомнува во еднина, значи станува збор за едно место (наспроти повеќето гробови).
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Како дестинација за душите на мртвите во стариот завет се спомнува еврејскиот збор „шеолот“ кој што значи „Подземјето“. Сепак тоа не е „пеколот“.

„И не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.“ (Исус Христос, ев. Матеј 10:28, Библијата)
שאול - Sheol - Grave и е врзан со Бина (ако ги работиме евреите).
И го има пеколот но е врзан со друг дел од еврејскиот систем.
Не се така е добро објаснето од христијанските секти во Јудеја во тие времиња...
Исто во еврејскиот Закон се споменува и צַלְמָוֶת или Сенка на смртта. И не се однесува на смрт на духот или телото. Еврејските кабалисти се паметни луѓе. Толкувањето на неуките и неупатените, прави глупости од светите книги. Не се што пишува таму тоа и означува, треба да се знае веќе еднаш за секогаш зошто е така напишано, оригинално, не толкување од некакви си идни свети отци и светци и „учењаци“ што би рекле некои луѓе тука.

Премногу мачење за еден човек како единка дал овој бог. Зошто?

И како успеаа христијаните да направат хаос од сложениот еврејски систем за функцијата на божественото на Земјата? Тоа сеуште не ми е јасно! Може некој да ми објасни? Како успеаа да го кастрираат, обезглават, искасапат еврејскиот бог за да си направат свој? Нормално, евреите се потоа обвинети од истите...
Како дојде до тоа? Богот така сакаше?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто Бог дозволил поради предизвик од Сатаната да дозволи дотичниот да нанесе страдања на невини луѓе за да ја тестира верата на Јов?

Јов 1:18 и 1:19
Секое прашање што почнува со зборовите „Зошто Бог“ е тешко вистински да се одговори, освен ако Бог не го навел Неговото „затоа“ во Библијата. Во спротивно христијаните се ставаат во улога на портпароли или адвокати на Бог и најчесто би зборувале лаги во Негово име и покрај тоа што на нив одговорите може да им изгледаат логични и разумни.

Сепак познавајќи го карактерот на Бог од оваа и од други ситуации, можам со сигурност да кажам дека Тој на многу места користејќи ги потезите на ѓаволот, често пати знаел да ги заврти на добро или преку нив да постигне повисоки и подолгорочни цели. Така на пример браќата на Јосиф го продале Јосиф на некои Исмаилци како роб. По некое време тој се нашол како роб во дворецот на фараонот, а откако му протолкувал некој сон, фараонот го назначил за управител над Египетската земја. Потоа тој го спасува евреите и неговото семејство од сушата и гладта што настапила.

Тоа што некогаш ќе паднеле и човечки жртви, тоа за Бог не е проблем, бидејќи сепак сите животи се Негови и Тој лесно може да ги прибере кај Себе, на далеку поубаво место од Земјата. Ова мора да го расчистиме, Бог го дал животот и Тој има власт да го земе кога што сака. Тука нема никаква неправда од страна на Бог.

На пример по тие настани, Бог ја зацврстил верата на Јов, му одржал добри лекции, а што е уште поважно, милиони верници порано и сега (и во иднината) се поучуваат од трпението и верата на Јов. Речиси секој христијанин кога поминува низ тешки страдања се утешува и охрабрува читајќи ја книгата на Јов.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Во книгата за Јов 1:6 пишува: “Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната“.
Според приказната дејствието се одвива многу години после Адам. Ако биле исфрлени пред Адамовото создавање како тогаш пристапува Сатаната пред Бога? :confused:
Одговор дава еден од современите теолози и вели дека после истерувањето на Сатаната и неговите следбеници од Небесата на Земјава, комуникацијата помеѓу Бог и Сатаната не е прекината. Ако продолжиш да ги читаш и наредните стихови после посочениот. ќе увидиш дека Бог навистина продолжил да разговара со Сатаната, овој пат дозволувјаќи му (на Сатаната) да го искушува праведниот Јов, но до границата на искушување, која сам Бог му ја поставува на Сатаната.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 08:58 ---
Второ прашање.
Пред Бог да ги протера Адам и Ева од Рајската градина им кажува дека ќе умрат т.е од прав се створени во прав ќе се вратат. Пеколот не е спомнат! По смртта што се случило со нив? Дали се во пеколот?
Пеколот не е споменат, но веќе постоел и пред падот/гревот Адамов и Евин, оти пеколот е створен од самите демони, после нивното отпаѓање од близината Божја на Небесата, а пред создавањето на Адам.

По смртта, душите од Адама и Ева се наоѓаат во делот од пеколот наменет за „сместување„ на душите од праведниците. На Велика Сабота, кога Христос го разби пеколот и на душите од упокоените им го проповедаше евангелието, душите од упокоените луѓе кои го прифатиле евангелието Христово, преоѓаат во Рајот, а оние тврдокорните, кои ниту во пеколот не Го прифатија Христа, остануваат и понатаму во пеколот.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 09:38 ---
Ајде следеќе... Духовно докажи го потопот :D
Еве: верувам дека Потопот се случил...:D
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 09:39 ---
Нели сум во право во врска со право+славието? Хм?
Хепта,

јас сум убеден дека 24/7 си во право, кога стоиш пред огледало...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Зошто Бог дозволил поради предизвик од Сатаната да дозволи дотичниот да нанесе страдања на невини луѓе за да ја тестира верата на Јов?

Јов 1:18 и 1:19

Се извинувам за латиницата, ама библијата на Премин ја пишувале со фонт, не со поддршка.

Секако дека Бог можел да ја види неговата верност без да дозволи да настрадаат неговите најмили и тоа со разрушување на цела куќа над нив (што сигурно е ужасен начин да се умре).

Разбирам зошто страдал Јов до некаде, но со која цел страдале неговите деца?
Да не заборавиме дека библијата е духовна книга во која многу нешта се дадени во духовна смисла и метафора.

Не само Книга Јов туку и приказната за Адам и Ева се искажани во длабока духовна смисла и истите ако се толкуваат буквално може да се дојде до погрешни заклучоци.
А со такви прашања може само да се вртите во круг,ниту тој што поставил прашање е во смисла на духовното,а ниту тој што ќе одговори.

Настаните во приказните,наместо да ги сваќате надворешно од вас,завртете ги обратно,насочете ги внатрешно ,приказната е внатре во човекот.
Никој нема да ви даде одговор како е да бидеш родител,ако самиот не станеш,затоа бидете трпеливи кон самите себе,сите прашања ќе ви се откријат постепено со вашите доживувања.

Во спротивно ќе се вртите на рингишпилот!:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пеколот не е споменат, но веќе постоел и пред падот/гревот Адамов и Евин, оти пеколот е створен од самите демони, после нивното отпаѓање од близината Божја на Небесата, а пред создавањето на Адам.
Да бе, демоните сами си создале пекол за да си се бањаат во него хаха. Напротив, Библијата јасно вели дека пеколот е приготвен токму за нив, за ѓаволот и неговите ангели (демоните).

„Тогаш (Бог) ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!“ (Господ Исус Христос, ев. Матеј 25:41, Библијата)

А тоа дека демоните нема сами да си се измачуваат себе си (садомазохистички) во пеколот, тоа јасно го гледаме од нивното обраќање кон Исус:

„ И ете, (демоните) извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”“ (ев. Матеј 8:29, Библијата)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да бе, демоните сами си создале пекол за да си се бањаат во него хаха. Напротив, Библијата јасно вели дека пеколот е приготвен токму за нив, за ѓаволот и неговите ангели (демоните).

„Тогаш (Бог) ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!“ (Господ Исус Христос, ев. Матеј 25:41, Библијата)
Ај сега, посочи ми кој е „готвачот„ (творецот) на пеколот и тоа поткрепи го со неизбежниот „...библиски цитат...„; оти од цитатов што си го препишал, никако не можам да прочитам кој е творецот на пеколот, освен што пеколот е „...приготвен...„,...

Уште да дознаеме од кого, кога и како...
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 12:09 ---
А тоа дека демоните нема сами да си се измачуваат себе си (садомазохистички) во пеколот, тоа јасно го гледаме од нивното обраќање кон Исус:

„ И ете, (демоните) извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”“ (ев. Матеј 8:29, Библијата)
И?
Како Христос ќе ги измачува демоните? На скара? На клада? Во лонец? Со трозабец?...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Во книгата за Јов 1:6 пишува: “Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната“.
Според приказната дејствието се одвива многу години после Адам. Ако биле исфрлени пред Адамовото создавање како тогаш пристапува Сатаната пред Бога? :confused:
Многу често Сатаната е помеѓу луѓето од причина да ги наведува на грев.
а пред Бог излегува да ги кодоши нивните гревови и да ги повчече во пекол.

Второ прашање.
Пред Бог да ги протера Адам и Ева од Рајската градина им кажува дека ќе умрат т.е од прав се створени во прав ќе се вратат. Пеколот не е спомнат! По смртта што се случило со нив? Дали се во пеколот?

Никој жив не може да знае после смртта кој каде може да биде освен Бог,и да биле во пеколот,по воведувањето на новиот завет како жртвувано јагне за нивните гревови сите праведници од минатото се спасија.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Хепта,

јас сум убеден дека 24/7 си во право, кога стоиш пред огледало...
Како христијанин, тебе е многу лесно да те убеди човек по се изгледа.Ти си научен да веруваш и преку свети книги да објаснуваш се и така да си убеден како вистината е во христијанството ;)

Прашањата беа:
И како успеаа христијаните да направат хаос од сложениот еврејски систем за функцијата на божественото на Земјата? Тоа сеуште не ми е јасно! Може некој да ми објасни?
Како успеаа да го кастрираат, обезглават, искасапат еврејскиот бог за да си направат свој? Нормално, евреите се потоа обвинети од истите...
Како дојде до тоа? Богот така сакаше?

Не може да барате од луѓето да ја заборават гранката од која изникнавте како секта и успеавте со политики да ја осудите верата на Евреите и како тие се неспособни да го познаат вашиот месија, кој е Евреин! Затоа, не се нервирај :) Нема да исчезне христијанството уште некое време воопшто не се сеќирај, сеуште не е изникната сектата од кај вас која ќе ја турне последната тула од оваа огромна кула на духовно распаѓање... :love:
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Да не заборавиме дека библијата е духовна книга во која многу нешта се дадени во духовна смисла и метафора.

Не само Книга Јов туку и приказната за Адам и Ева се искажани во длабока духовна смисла и истите ако се толкуваат буквално може да се дојде до погрешни заклучоци.
А со такви прашања може само да се вртите во круг,ниту тој што поставил прашање е во смисла на духовното,а ниту тој што ќе одговори.
Има ли упатство да знам кои приказни се буквално напишани а кои се метафора?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom