Прашање до правници адвокати

Член од
17 јануари 2009
Мислења
91
Поени од реакции
19
Вака имам добиено со нотарски договор имот во наследство од моите родители односно од татко ми по смрта на мајка ми сега братми ми бара дел од наследството дали има право на тоа а наследството беше и од мајками и од татко ми
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Генерално земено има право да добие дел од наследството. побарувања за наследство никогаш не застаруваат. А зошто ти мислишдека не треба да му се даде дел од наследството? Дури и да го немало никаде и да не комуницирал со вашите родители пак има право на еднаков дел (освен ако не го исклучиле од наследството или ти си направил договор за доживотна издршка со нив).
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
6.693

....
Само под посебни услови може да биде некој исклучен од наследство, плус тоа обично се утврдува во постапка.

Ако брат му не бил обезбеден со никаков имот има право да бара нужен дел во секој случај, каков сака договор нека постои.
Може со тужба(и) да бара да бидат раскинати сите договори/решенија во сразмерен дел у негова корист.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Теоретски да. Имаме премалку податоци за да дискутираме.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
91
Поени од реакции
19
Теоретски да. Имаме премалку податоци за да дискутираме.
кои други податоци би ве интересирале
јас имам договор за издршка со татко ми заверен на нотар по смрта на мјака ми
а инаку на братми претходно му имаат купено стана и мислам дека едниот сеуште е на име на брат ми
 
Ова звучи како материјал за долг процес. Мора да си ангажираш адвокат. Треба да утврдиш дали има доказ дека родителите му ги дале тие пари на брат ти за да купи стан. Што се случило со оставинската постапка кога починала мајката, затоа што тогаш сите тројца ти брати ти и такто ти сте добиле еднаков дел од наследството на вашата мајка. Дали брат ти се откажал од неговиот дел, не се откажал и тн.
Пријателски совет, најдборо е да седнете и да се разберете и покрај сите разлики како луѓе да се договорите затоа што ова може да трае многу долго не се знае конечно како ќе заврши и ќе ве чини и двајцата и пари и здравје.
 
Член од
30 ноември 2011
Мислења
661
Поени од реакции
151

Ова е најзаебано со среќа другар и подршка моја имаш
 
фала другар
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.985
Штом имаш договор за доживотна издршка на родителите кој е заверен на нотар а на твојот брат како наследство му е купено стан,нема ни етичко ни морално право да бара нешто што не е негово.
Имотниот лист на твое име ли е?
Станот на кредит ли е купен или во годово и дали имаш за тоа некаков документ.

Токму заради вакви лакоми суштества си требао да бараш нотарски договор со родителите и брат ти дека како дел од наследство тој добива стан а од другиот го отстапува на тебе се откаува од него.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
6.693
Теоретски да. Имаме премалку податоци за да дискутираме.
Не само теоретски, де факто е така

Што се случило со оставинската постапка кога починала мајката, затоа што тогаш сите тројца ти брати ти и такто ти сте добиле еднаков дел од наследството на вашата мајка.
....
Не оди тоа на овој начин, речиси секогаш постои имот стекнат во брак каде се издвојува една половина во корист на брачниот другар, другата половина и останатиот имот (доколку не постоел план за физичка делба) се дели меѓу сите наследници во еднакви идеални делови...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Не само теоретски, де факто е така

....
Не оди тоа на овој начин, речиси секогаш постои имот стекнат во брак каде се издвојува една половина во корист на брачниот другар, другата половина и останатиот имот (доколку не постоел план за физичка делба) се дели меѓу сите наследници во еднакви идеални делови...
Така така. Тоа и сакав да го кажам. Само оди ти утврдувај колкав удел во имотот имало некое починато лице пред 30 години на пример:)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
520
Пријателски совет, најдборо е да седнете и да се разберете и покрај сите разлики како луѓе да се договорите затоа што ова може да трае многу долго не се знае конечно како ќе заврши и ќе ве чини и двајцата и пари и здравје.
во случак да не може да се договори, отприлика колку пари би го чинело се тоа?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
во случак да не може да се договори, отприлика колку пари би го чинело се тоа?
Зависи од адвокатот. Ама да бидеш спремен дека ќе чини - адвокатот, нотарот, суд и тн. Еден поднесок до суд е 1500-2000 денари (зависи кај кој адвокат). Овде претпоставувам дека ќе има многу поднесоци. Во секој случај да одиш кај адвокат и да раскажеш не би требало да ти земе ништо (освен ако не одиш кај најјаките адвокати, тие и за да те сослушаат земаат пари).
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.228
Поени од реакции
733
Стасано ми е пред година, две изречена казна од 500 евра за нешто што не сум го направил од министерството за шумарство и водостопанство и бев таму кај таа инспекторката, се насмеав многу и заклучивме дека не сум јас виновникот всушност и требаше само да се појавам на суд да го решиме тоа официјално. Ми стаса покана за на суд т.е да си подигнам покана од суд за да идам на суд и бидејќи ме замараат непотребно не ни обратив толку внимание и вчера по некоја случајност се начекав со една адвокатка ја запознав и кога дојдов дома видов датумот на поканата и истечена ми е пред пет дена... Што се случува сега, ќе ми изречат казна за нешто што не сум го направил а имам алиби за истото? Или можам да ги тужам за замарање и лажна клевета?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.671
Поени од реакции
5.499

мора или да одиш на суд или да дадеш оправдание, боледување.... имаше случка сопругата, на времето, ама исто е и сега, беше тужена дека не платила рата на кредит за намештај. На рочиште беше она и носеше уплатници, а тужителт не беше; но она немаше адвокат да бара завршување на работата па судијата по дифолт го одложи рочиштето. На следното никој не дојде, судијата ја отфрли тужбата, но судските трошоци ги подели на двете странки... а сигурен сум дека фирмата својот дел и не го плати никогаш, работаат со затворени сметки, мува не ги лазе...
 
На врв Bottom