Прашање до вработените програмери

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Имам и јас едно прашање па би се надоврзал на темава..
Од колку до колку се движат платите во Македонија за оваа професија ?
Од 200 евра за почетник па до 1000 евра па и повеќе за ИТ менаџерите и дечки што си ја знаат работата, просекот е некаде 400 до 500 евра.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Во Сивус јаките програмери не зимаат 1-2-3000 евра? Заедно со бонуси таа сума.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Може прашањево ќе звучи малце глупаво но би сакал да знам што се бара од вработен програмер почетник односно колкаво знаење поточно за MySQL и .NET програмерите.
Прашувам затоа што наскоро дипломирам па сакам да имам дојам за тоа како личи тоа работно место и кои проблеми ги носи со себе.
Однапред фала.
Кога ќе се вработиш тазе сите знаат дека или ништо или ептен малце знаеш. Но исто така работодавците знаат дека ја имаш логиката и способноста да р'мбаш како коњ и да научиш се што треба да знаеш за успешно да си ја вршиш работата, посебно ако имаш завршено електро факултет :D.
Така што не се обесхрабрувај, за работа ќе најдеш релативно брзо, но напредувањето а со тоа и големината на платата ќе зависат најмногу од твоите резултати на работното место. :smir:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Зависи на кој факс си. Пример во Битола на Информатика, ништо не се учи од оние работи што наоѓаат примена во секојдневното работење. Најблиску што имаше од практична гледна точка беше Java/C/C++. SQL сааааааамо во кратки црти се спомена нешто,а 95% беше теорија на тупење за бази на податоци.

Секогаш е проблем во која насока да се усмериш после дипломирање. Јас моето место под Сонцето го пронадјов со изучување на информатичката НАУКА, а не програмски јазици. Значи архитектура, мрежи, подобрувања на системи, визуелизација итн. Продолжив со магистерски студии, во план сум за докторски студии и така :)

Сакаш да кажиш дека фак во Битола нечини? Прашувам од проста причина што сум со намера таму да се запишам.
 
R

Reve0ke

Гостин

Море чоек зошто факултетите ви го ограничуваат знаењето да неречам. Ти кога ќе се запишиш на факс не ќе чекаш од професорот да те научи, туку треба ти сам да седнеш да си научеш. Идејата на факс е да професорот те насочи а ти сам продолжиш да учиш и развиваш.

п.с ако јас до сеа чекав од факсот да ме научи ќе чекав и никогаш нема да дочекав.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

Точно така ..

обвинувањето на факултетот е само изговор :toe:
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Точно така ..

обвинувањето на факултетот е само изговор :toe:
Не само изговор туку и лага голема. Неможе студент кој положил најмалку два предмети за програмирање на C++ да незнае да разбере што и како се случува во 50 реда код. Да, ова страшно ме нервира :)
Само погледнете прашања овде на форум во тема C++ ... оние кои поставуваат такви прашања потоа го обвинуваат факултетот. Па само да ги решавале домашните и да следеле редовно настава ќе научеле доволно за самостојно да работат. Кога тие прашања би биле за математика, веројатно не би биле посложени од равенка со една непозната ... а што со посложените? Ништо, факултетот не ги научил. :tapp:
Се сложувам дека факултетот може само да ти помогне во сопственото наобразување и да ти даде насоки, но и само она што таму се учи верувам дека е доволно за да човек излезе како учен просечен програмер, па да продолжи да се развива во некоја локална фирма.
5-6 испити се, не повеќе, оние кои ги двојат студентите кои нешто научиле и кои ќе бидат програмери и оние кои ќе работат во продажба. Првите ќе бидат хардкор работници спремни да учат и натаму, а вторите ќе се кријат да не ги гребне некој под површина да го покажат своето незнаење. :toe:
Во крајна линија, не е битно на кој факултет ќе се запишеш (некој спомна Битола) ... ако сакаш да научиш, почни веднаш ... затвори ја оваа тема и отвори стари теми за програмирање за почетници ... па може да научиш и без факултетот ... само треба навистина да сакаш. За крај едно прашање ... дали сакаш?
 
Абе финтава е сите сакаме да бидиме програмери и хакери, но се знаат тие што вистина сакаат и знаат дека туку така не се станува ни едното ни другото, а тие што почнуваат со програмирање или кои ги мрзи да земат сами да учат никогаш нема да станат ДОБРИ програмери во смисла има разлика од програмер до програмер.
 
ElektriX

Велешанче :)
Член од
30 март 2007
Мислења
127
Поени од реакции
3
Абе финтава е сите сакаме да бидиме програмери и хакери, но се знаат тие што вистина сакаат и знаат дека туку така не се станува ни едното ни другото, а тие што почнуваат со програмирање или кои ги мрзи да земат сами да учат никогаш нема да станат ДОБРИ програмери во смисла има разлика од програмер до програмер.
Го знаеме ние ова,твојата поента со постов е?

Дај малце постови со поента(како на дечкото погоре...),не само да се пише нешто...

Несакам ова да го сватиш како навреда или нешто,само како совет,пошо нема поента да се ставаат постови без смисла.
Се извињавам за офтопик...
 
:pop:Нека ти е напомош.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Јас веќе 10 години работам како програмер. Факт е дека на факултетот не се спомна ни 1% од работите кој ги сретнувам во праксата. Едина корист од факултетот беше таа што на тоа време 98-03 не беше ефтино дома да имаш компјутер, па тие што ги имаше на факултетот максимално ги искористив. Сам си инсталирав и уче програмски јазици и бази на податоци. Инаку не го завршив факултетот, а газдата ме праша за него некаде у третата-четвртата година кога веќе работев. Значи прво практично ме испробаа, па кога задоволив пи дадоја работа. И од тогаш наваки се е школо, Delphi, .NET, Visual Studio, WEB, Mobilni.
Инаку платата е 400 евра и не е Скопска, односно не работам во Скопје, па рачунам дека е подобра од просекот.
 
А што работиш отприлика пошо не знам вака што се работи по фирми т.е немам искуство за тоа?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Во основа е книговодствен систем, надградуван со разни извештаи и анализи, кој што работи во комбинација со главен сервер и по потреба рачни компјутери и мобилни телефони преку интернет. Разни фирми, разни потреби и желби.
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Јас веќе 10 години работам како програмер. Факт е дека на факултетот не се спомна ни 1% од работите кој ги сретнувам во праксата. Едина корист од факултетот беше таа што на тоа време 98-03 не беше ефтино дома да имаш компјутер, па тие што ги имаше на факултетот максимално ги искористив. Сам си инсталирав и уче програмски јазици и бази на податоци. Инаку не го завршив факултетот, а газдата ме праша за него некаде у третата-четвртата година кога веќе работев. Значи прво практично ме испробаа, па кога задоволив пи дадоја работа. И од тогаш наваки се е школо, Delphi, .NET, Visual Studio, WEB, Mobilni.
Инаку платата е 400 евра и не е Скопска, односно не работам во Скопје, па рачунам дека е подобра од просекот.
Поентата со факултетот пријателе е дека тој ти дава општо знаење, т.е. ти ја развива интелигенцијата и те учи како да учиш. Јас дипломирав на ФЕИТ пред година и пол и можам да кажам
дека, благодарение на основата што ја стекнав таму и добиените предзнаења, одма најдов работа и брзо ги совладав програмските јазици Java и C#, кои на факултет немав можност да ги научам. Значи, според моето искуство можам да заклучам дека факултетот не е неопходен, но е важен фактор во обрзованието на еден човек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom