1. Што е вселена -
(Конечен) или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија
2. Што е ротација -
Вртење, кружење на некое тело околу својата оска.
3. Што подразбираме под Земјина револуција -
Движењето на Земјата околу Сонцето се нарекува годишно движење или земјина револуција
4. Што е извор -
Отвор на површината на земјата низ кој излегува подземна вода
5. Што се тоа пост-вулкански појави -
Избивање на гасови и вода од места на некогашен активен вулканизам
6. Што се тоа гејзери -
Жежок-термален извор од кој, под внатрешен притисок, повремено се исфрла млаз вода во височина во вид на водоскок.
7. Која е најгусто населена котлина во Р.Македонија -
Скопската котлина
8. Што подразбираме под поимот природен прираст -
Разлика помеѓу наталитетот и морталитетот т.е бројот на новородени деца и бројот на умрени лица
9. Што е депопулација -
Забрзано намалување на бројот на населението поради одредени причини
10. Наброј ги организациите на Македонците во Албанија -
,,Преспа" ,, Мир" ,,Гора" и ,,Meд"
11. Како се нарекува организацијата на Македонците во пиринска Македонија -
ОМО ,,Илинден"
12. Како се нарекува организацијата на Мекедонците во егејска Македонија -
,,Виножито"
13. Во кој град има најголема македонска заедница во дијаспората -
Отава или Мелбурн
14. Од кој извор се снабдува со вода за пиење градот Прилеп -
,,Студенчица"
15. Од кој извор се снабдува со вода за пиење градот Скопје -
,,Рашче"
16. Што е размер -
Размерот е степен на намалување на сите линии и димензии на картата во однос на линиите и димензиите во природата
17. Кој се главни извори на енергија во Македонија -
реките и рудните богатства
18. Со што се поделени планетите во Сончевиот систем на внатрешни и надворешни -
Астероиден појас
19. Колку планети го сочинуваат нашиот Сончев систем -
Осум планети
20. Што е апсолутна или надморска висина -
Вертикалнотот растојание помеѓу нивото на морето и некоја точка на копното се вика апсолутна или надморска височина
21. Што подразбираме под релативна висина -
Висинската разлика помеѓу две точки на копното се вика релативна височина
22. Наведи ја вкупната должина на границите на Македонија -
894 км
23. Колку км. изнесува источната граница -
177 km
24. Колку км. изнесува западната граница -
192 км
25. Што е екумена -
Површина на земјата која е постојано населена и подлежи на менување и искористување од страна на населението
26. Што е анекумена -
Ненаселен простор на земјата
27. Наброј ги житните култури -
пченица,ориз,пченка,јачмен, 'рж , овес и просо
28. Дали сите точки на земјата ротираат со еднаква брзина -
не
29. Како се делат населбите -
селски и градски
30. Како можеме да ги поделиме планините во нашата земја според времето на настанување -
млади верижни и стари грамадни
31. Што настанува како последица на тектонските движења
- земјотреси и вулкани
32. Како уште се нарекуваат внатрешните и надворешните сили кои го формираат релјефот на Земјата -
Ендогени(внатрешни) и Егзогени (надворешни)
33. Како ја делиме индустријата -
според предмет на работа(екстрактивна и преработувачка) и според вид на производи(тешка и лесна)
34. Кој хидроцентрали се изградени на реката Црн Дрим -
Глобочица и Шпилје
35. Кој хидроцентрали се изградени на реката Треска
- Козјак, Матка, Света Петка
36. Како можеме да ги поделиме миграциите -
привремени и трајни ;
внатрешни и надворешни
37. Што означуваат поимите имиграција и емиграција -
Имиграција е воведување на нови луѓе во живеалиште или население ; Емиграција е доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски).
38. Како се дели трговијата според територијата на која се одвива -
внатрешна(национална) и надворешна(меѓународна)
39. Од кои руди се добива атомската енергија -
Ураниум (жива,ториум,магнезиум,берилиум,титан,калај,антимон,селен и германиум) ?
40. Како се делат енергетските извори -
примарни и секундарни
41. Која е највисока а која најниска точка во нашата земја -
коритото на р.Вардар и Голем Кораб
42. Кои метали се благородни -
злато, сребро и платина(најдобри проводници на електрицитет)
43. Како се создадени младите а како старите грамадни планини -
Младите верижни настанале со хоризонталните(тангенцијални) орогени набирања , а старите грамадни планини со вертикалните(радијални) движење
44.
Што е трансгресија -
Последица од епирогените движења ппроследена со спуштање на копното и надоаѓање на морската вода
45. Што е регресија -
Издигнување на копното,повлекување на морската вода и поместување на бреговата линија кон морската шир
46. Што е депресија -
Предели на Земјата кои се пониски од морското ниво
47. Како се делат селата според типот на куќите -
од збиен и разбиен тип
48. Наведи неколку магматски карпи -
базалт,гранит,андезит
49. Наведи неколку седиментни карпи -
гипс,креда,глина,лес
50. Наведи неколку метаморфни карпи -
мермер,гнајс,амфиболит,шкрилци,кварцит
51. Како уште се нарекуваат карпите кои имаат својство да согоруваат -
фосилни или метаморфни/седиментни
52. Кое вештачко езеро е изградено на Црна Река -
Тиквешко езеро
53. Кое вештачко езеро е изградено на Брегалница -
Калиманци
54. На колку слоеви е поделена атмосферата и наброј ги -
пет слоеви/потсфери и тоа тропосфера, стратосфера, мезосфера, јоносфера и егзосфера.
55. Наброј неколку феролегури кој се застапени во Македонија -
манган,силициум,фосфор
56. Наброј ги четирите најголеми индустриски региони во Светот -
Западно-европски, Источно-европски , Англоамерика, Источно-азијски
57. Кој етнички заедници живеат во нашата земја -
Албанци,Турци,Бошњаци,Роми, Срби,Власи итн
58. Наведи ги структурите на населението -
Полова,старосна,економска,образовна
59. Кои структурни(релјефни) зони се застапени во Р.Македонија -
родопски,вардарски,западномакедонски
60. Кој се надворешни сили кој учествуваат во формирањето на релјефот на Земјата -
Сончева топлина, движење на речните и подземните води, движење на ледниците, морските и езерските бранови, силата на ветерот, флората, фауната и др.
61. Што се тоа Ергови -
Песочни пустини настанати од таложење на ситен песок и прав како последици на ветер
62. Што се тоа Хамади -
Голи карпести пустини настанати со издигнување на ситен материјал
63. На кој релјеф Вртачите се надземна ерозивна форма -
Карстен релјеф
64. Што е цирк -
Проширена предгалцијална вдлабнатина од страна на дебелите наслојки мраз. Со топење на мразот доаѓа до делумно исполнување со вода и формирање леднички езера
65. Кој е најголем глечер во Светот -
Ламбертовиот (Антарктик)
66. Кој е најголем град (по број на жители)во Азија -
Пекинг
67. Во која држава се наоѓа зимскиот центар Кортина Дам Пецо -
Италија
68. Во која држава се наоѓа Копакабана -
Бразил
69. Во која држава се наоѓа Акапулко -
Мексико
70. На која река е изградена браната Хувер -
Колорадо
71. За кој климатски појас се карактеристични дрвјата БаоБаб Кининово Абоносово Тиково -
тропски појас
72. За колку денови месечината ротира околу својата замислена оска -
27,32166 дена
73. Колку км изнесува должината на Земјината еклиптика -
940 милиони километри
74. Која планета има најголем број сателити -
Јупитер
75. Која е најблиска планета до Сонцето -
Меркур
76. Која е најголема планета во Сончевиот систем -
Јупитер
77. Кој филозоф се смета за „татко“ на географијата -
Ератостен
78. Каде се наоѓа градот Аделаида -
Јужна Австралија
79. Како се вика човекот кој ја обиколил Земјата по воден пат -
Фернандо Магелан
80. Кој прв стапнал на северниот пол -
Роалд Амундсен, Линколн Елсворт и Умберто Нобиле или Роберт Пири
81. Кој човек прв стапнал на јужниот пол -
Роалд Амундсен
82. Кое домородно население живее во Австралија -
Абориџини
83. Во која година Македонија станува членка на ООН -
1993 година
84. Во која година Македонија стекнува независност -
1991 година
85. Кој го има напишано текстот на Македонската химна -
Владо Малески
86. На кој датум славиме Ден на независноста -
8ми септември
87. Која е највисока точка во р.Македонија -
Голем Кораб (2746 м )
88. Која е најниската точка во р.Македонија -
Коритото н реката Вардар на граница со Грција, кај селото Богородица близу Гевгелија (44м)
89. Кој е највисок врв на јужно американскиот континент -
Аконкагва (во Аргентина, на Андите)
90. Кој е највисок врв на северно американскиот континент -
Алберт (4 500м) на Алјаска
91. Што подразбираме под географскиот термин депресија -
Област која лежи пониско од површината на морето
92. Наброј неколку области во светот каде што има депресии -
Мртво Море,
Холандија, Прикасписка низина
93. Која индустриска култура е најизвезувана од нашата земја –
Памук
94. Кој географ се смета за модерен татко на географијата -
Александар фон Хумболт
95. На кој континент се сретнува кучето Динго -
Австралија
96. Во кој океан се наоѓаат островите Чагос -
Индиски Океан
97. Во кој океан се наоѓаат островите Галапагос -
Тихи Океан
98. Во кое море се наоѓа островот Малта -
Средоземно море
99. Како се вика единствениот остров во нашата земја -
Голем град - Змиски о-ов или Св.Петар
100.Кој се двата најпознати вулкани во средна америка -
Фуего и Сантамарија