Прашање - географија

Член од
20 октомври 2014
Мислења
64
Поени од реакции
14
Ќе може ли некој само да ги провери одговорите на прашањата географија, утре полагам па колку можев со нет колку со учебник одговорив сама, ама да бидам сигурна некој што знае солидно нека провери ако има време. Тие одговори каде што има или се размислувам помеѓу едното или другото.
Благодарам однапред :)
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.801
Поени од реакции
4.064
Каде се тие прашања?
 
Член од
20 октомври 2014
Мислења
64
Поени од реакции
14
Каде се тие прашања?
1. Што е вселена - (Конечен) или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија

2. Што е ротација - Вртење, кружење на некое тело околу својата оска.

3. Што подразбираме под Земјина револуција -Движењето на Земјата околу Сонцето се нарекува годишно движење или земјина револуција

4. Што е извор - Отвор на површината на земјата низ кој излегува подземна вода

5. Што се тоа пост-вулкански појави - Избивање на гасови и вода од места на некогашен активен вулканизам

6. Што се тоа гејзери - Жежок-термален извор од кој, под внатрешен притисок, повремено се исфрла млаз вода во височина во вид на водоскок.

7. Која е најгусто населена котлина во Р.Македонија - Скопската котлина

8. Што подразбираме под поимот природен прираст - Разлика помеѓу наталитетот и морталитетот т.е бројот на новородени деца и бројот на умрени лица

9. Што е депопулација - Забрзано намалување на бројот на населението поради одредени причини

10. Наброј ги организациите на Македонците во Албанија - ,,Преспа" ,, Мир" ,,Гора" и ,,Meд"

11. Како се нарекува организацијата на Македонците во пиринска Македонија - ОМО ,,Илинден"

12. Како се нарекува организацијата на Мекедонците во егејска Македонија - ,,Виножито"

13. Во кој град има најголема македонска заедница во дијаспората - Отава или Мелбурн

14. Од кој извор се снабдува со вода за пиење градот Прилеп - ,,Студенчица"

15. Од кој извор се снабдува со вода за пиење градот Скопје - ,,Рашче"

16. Што е размер - Размерот е степен на намалување на сите линии и димензии на картата во однос на линиите и димензиите во природата

17. Кој се главни извори на енергија во Македонија - реките и рудните богатства

18. Со што се поделени планетите во Сончевиот систем на внатрешни и надворешни - Астероиден појас

19. Колку планети го сочинуваат нашиот Сончев систем - Осум планети

20. Што е апсолутна или надморска висина - Вертикалнотот растојание помеѓу нивото на морето и некоја точка на копното се вика апсолутна или надморска височина

21. Што подразбираме под релативна висина - Висинската разлика помеѓу две точки на копното се вика релативна височина

22. Наведи ја вкупната должина на границите на Македонија - 894 км

23. Колку км. изнесува источната граница - 177 km

24. Колку км. изнесува западната граница - 192 км

25. Што е екумена - Површина на земјата која е постојано населена и подлежи на менување и искористување од страна на населението

26. Што е анекумена - Ненаселен простор на земјата

27. Наброј ги житните култури - пченица,ориз,пченка,јачмен, 'рж , овес и просо

28. Дали сите точки на земјата ротираат со еднаква брзина - не

29. Како се делат населбите - селски и градски

30. Како можеме да ги поделиме планините во нашата земја според времето на настанување - млади верижни и стари грамадни

31. Што настанува како последица на тектонските движења - земјотреси и вулкани

32. Како уште се нарекуваат внатрешните и надворешните сили кои го формираат релјефот на Земјата - Ендогени(внатрешни) и Егзогени (надворешни)

33. Како ја делиме индустријата - според предмет на работа(екстрактивна и преработувачка) и според вид на производи(тешка и лесна)

34. Кој хидроцентрали се изградени на реката Црн Дрим - Глобочица и Шпилје

35. Кој хидроцентрали се изградени на реката Треска - Козјак, Матка, Света Петка

36. Како можеме да ги поделиме миграциите -привремени и трајни ; внатрешни и надворешни

37. Што означуваат поимите имиграција и емиграција - Имиграција е воведување на нови луѓе во живеалиште или население ; Емиграција е доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски).

38. Како се дели трговијата според територијата на која се одвива - внатрешна(национална) и надворешна(меѓународна)

39. Од кои руди се добива атомската енергија -Ураниум (жива,ториум,магнезиум,берилиум,титан,калај,антимон,селен и германиум) ?

40. Како се делат енергетските извори - примарни и секундарни

41. Која е највисока а која најниска точка во нашата земја - коритото на р.Вардар и Голем Кораб

42. Кои метали се благородни - злато, сребро и платина(најдобри проводници на електрицитет)

43. Како се создадени младите а како старите грамадни планини - Младите верижни настанале со хоризонталните(тангенцијални) орогени набирања , а старите грамадни планини со вертикалните(радијални) движење

44. Што е трансгресија - Последица од епирогените движења ппроследена со спуштање на копното и надоаѓање на морската вода

45. Што е регресија - Издигнување на копното,повлекување на морската вода и поместување на бреговата линија кон морската шир

46. Што е депресија - Предели на Земјата кои се пониски од морското ниво

47. Како се делат селата според типот на куќите - од збиен и разбиен тип

48. Наведи неколку магматски карпи - базалт,гранит,андезит

49. Наведи неколку седиментни карпи - гипс,креда,глина,лес

50. Наведи неколку метаморфни карпи - мермер,гнајс,амфиболит,шкрилци,кварцит

51. Како уште се нарекуваат карпите кои имаат својство да согоруваат -фосилни или метаморфни/седиментни

52. Кое вештачко езеро е изградено на Црна Река - Тиквешко езеро

53. Кое вештачко езеро е изградено на Брегалница - Калиманци

54. На колку слоеви е поделена атмосферата и наброј ги - пет слоеви/потсфери и тоа тропосфера, стратосфера, мезосфера, јоносфера и егзосфера.

55. Наброј неколку феролегури кој се застапени во Македонија -манган,силициум,фосфор

56. Наброј ги четирите најголеми индустриски региони во Светот - Западно-европски, Источно-европски , Англоамерика, Источно-азијски

57. Кој етнички заедници живеат во нашата земја -Албанци,Турци,Бошњаци,Роми, Срби,Власи итн

58. Наведи ги структурите на населението - Полова,старосна,економска,образовна

59. Кои структурни(релјефни) зони се застапени во Р.Македонија - родопски,вардарски,западномакедонски

60. Кој се надворешни сили кој учествуваат во формирањето на релјефот на Земјата - Сончева топлина, движење на речните и подземните води, движење на ледниците, морските и езерските бранови, силата на ветерот, флората, фауната и др.

61. Што се тоа Ергови - Песочни пустини настанати од таложење на ситен песок и прав како последици на ветер

62. Што се тоа Хамади - Голи карпести пустини настанати со издигнување на ситен материјал

63. На кој релјеф Вртачите се надземна ерозивна форма - Карстен релјеф

64. Што е цирк - Проширена предгалцијална вдлабнатина од страна на дебелите наслојки мраз. Со топење на мразот доаѓа до делумно исполнување со вода и формирање леднички езера

65. Кој е најголем глечер во Светот - Ламбертовиот (Антарктик)

66. Кој е најголем град (по број на жители)во Азија - Пекинг

67. Во која држава се наоѓа зимскиот центар Кортина Дам Пецо - Италија

68. Во која држава се наоѓа Копакабана - Бразил

69. Во која држава се наоѓа Акапулко - Мексико

70. На која река е изградена браната Хувер - Колорадо

71. За кој климатски појас се карактеристични дрвјата БаоБаб Кининово Абоносово Тиково - тропски појас

72. За колку денови месечината ротира околу својата замислена оска - 27,32166 дена

73. Колку км изнесува должината на Земјината еклиптика - 940 милиони километри

74. Која планета има најголем број сателити - Јупитер

75. Која е најблиска планета до Сонцето - Меркур

76. Која е најголема планета во Сончевиот систем - Јупитер

77. Кој филозоф се смета за „татко“ на географијата - Ератостен

78. Каде се наоѓа градот Аделаида - Јужна Австралија

79. Како се вика човекот кој ја обиколил Земјата по воден пат - Фернандо Магелан

80. Кој прв стапнал на северниот пол - Роалд Амундсен, Линколн Елсворт и Умберто Нобиле или Роберт Пири

81. Кој човек прв стапнал на јужниот пол - Роалд Амундсен

82. Кое домородно население живее во Австралија - Абориџини

83. Во која година Македонија станува членка на ООН - 1993 година

84. Во која година Македонија стекнува независност - 1991 година

85. Кој го има напишано текстот на Македонската химна - Владо Малески

86. На кој датум славиме Ден на независноста - 8ми септември

87. Која е највисока точка во р.Македонија - Голем Кораб (2746 м )

88. Која е најниската точка во р.Македонија - Коритото н реката Вардар на граница со Грција, кај селото Богородица близу Гевгелија (44м)

89. Кој е највисок врв на јужно американскиот континент - Аконкагва (во Аргентина, на Андите)

90. Кој е највисок врв на северно американскиот континент - Алберт (4 500м) на Алјаска

91. Што подразбираме под географскиот термин депресија - Област која лежи пониско од површината на морето

92. Наброј неколку области во светот каде што има депресии - Мртво Море, Холандија, Прикасписка низина

93. Која индустриска култура е најизвезувана од нашата земја – Памук

94. Кој географ се смета за модерен татко на географијата - Александар фон Хумболт

95. На кој континент се сретнува кучето Динго - Австралија

96. Во кој океан се наоѓаат островите Чагос - Индиски Океан

97. Во кој океан се наоѓаат островите Галапагос - Тихи Океан

98. Во кое море се наоѓа островот Малта - Средоземно море

99. Како се вика единствениот остров во нашата земја - Голем град - Змиски о-ов или Св.Петар

100.Кој се двата најпознати вулкани во средна америка - Фуего и Сантамарија
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.801
Поени од реакции
4.064
Колку што можев да забележам скоро сите ти се точни, освен оние за браните во МК не знам, бидејќи не ги знам најдобро. А што полагаш, матура?
 
Член од
20 октомври 2014
Мислења
64
Поени од реакции
14
Интерна матура. Абе точни се, ама тие што се со или не сум сигурна кој од двата одговори е точен :angel:
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.428
Поени од реакции
6.062
Оти толку се замараш за интерен предмет? Јас книга не чепнав. :D
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.721
Поени од реакции
1.107
Вака на брзина поминато и онолку колку што се сеќавам и знам, точни ми изгледаат.
 
Член од
20 октомври 2014
Мислења
64
Поени од реакции
14
Оти толку се замараш за интерен предмет? Јас книга не чепнав. :D
Сега ќе седнувам да ги учам , да знам барем дали е точно тоа што го учам хаха.
Барем една 5ка да имам , греота сум :(:cautious:
 
D

Daedalus

Гостин
Ќе може ли некој само да ги провери одговорите на прашањата географија, утре полагам па колку можев со нет колку со учебник одговорив сама, ама да бидам сигурна некој што знае солидно нека провери ако има време. Тие одговори каде што има или се размислувам помеѓу едното или другото.
Благодарам однапред :)
1.
Што е вселена - (Конечен) или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија
Никој не знае, пиши го „конечен или бесконечен“ како одговор, тоа е најточно.
13. Во кој град има најголема македонска заедница во дијаспората - Отава или Мелбурн
Торонто.
99. Како се вика единствениот остров во нашата земја - Голем град - Змиски о-ов или Св.Петар
Змиски Остров или Св. Петар (и двете се точни ако ти било дилема. Змискиот остров се вика Св. Петар. Кое и да го одбереш, не утињаш).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.537
55. Наброј неколку феролегури кој се застапени во Македонија -манган,силициум,фосфор

ова е бесмислено прашање и одговорот е бесмислен
Манган силицијум и фосфор се хемиски елементи
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
3.268
93. Која индустриска култура е најизвезувана од нашата земја – Памук

Влакнодајните култури, памук е само една од нив, најзначајна тука е тутунот.
 
D

Daedalus

Гостин
55. Наброј неколку феролегури кој се застапени во Македонија -манган,силициум,фосфор

ова е бесмислено прашање и одговорот е бесмислен
Манган силицијум и фосфор се хемиски елементи
Девојче, пиши фероманган, феросилициум, ферофосфор. Тие елементи се користат за правење на феролегурите ама легурите имаат префикс „феро“ па елементот.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
4.978
Поени од реакции
6.246
55. Наброј неколку феролегури кој се застапени во Македонија -манган,силициум,фосфор

ова е бесмислено прашање и одговорот е бесмислен
Манган силицијум и фосфор се хемиски елементи
Лошо е формулирано.
Треба да се Феролегури образувани со манган(Скопси легури), силициум(југохром) и никел(Фени). Во загради се фабриките кои ги произведуваа(т). За ферофосфор не знам кој и дали се произведува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom