ПРАШАЊА
1. Како ќе внесеш слон во фрижидер?
2. Како ќе внесеш елен во фрижидер?
3. Роденден е на кралот лав и сите животни се поканети. Кој ќе фали?
4. Треба да поминеш мочуриште полно со крокодили. Како ќе го сториш тоа?
ОДГОВОРИ
1. Го отвораш фрижидерот, го внесуваш слонот, го затвораш фрижидерот.
2. Го отвораш фрижидерот, го вадиш слонот, го внесуваш еленот, го затвораш фрижидерот.
3. Еленот, бидејќи остана во фрижидерот.
4. Многу лесно, крокодилите се на роденден кај кралот лав.