Прашања и одговори

Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Како може да се префрлам од еден на друг факултет ? дали има некоја проблематика доколу од државен идам на приватен,или пак идам пак на државен,а не е под ист универзитет ? и дали е по проста работата доколку факултетот спаѓа под ист универзитет ?
 
Член од
26 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
5
Дали можам да си ги повлечам документите од правен факултет Јустинијан Први сега, на студентски ми викаат да уплатам летен семестар па да ги повлечам, чекај логикава е многу глупава, како ја да уплатам семестар во кој не сакам да слушам предавања и да полагам предмети, можеби едноставно сакам да работам (ма да не е битно зошто се отпишувам)? Сега знам дека отпишувањето кошта некои 3000 денари, спремен сум да ги дадам тие пари, но зошто на ново ми бараат 100 евра за летен семестар + овие 50 евра отпишување....???
 
Член од
7 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
2
Едно многу глупо прашање, има ли голема врска со кои оцени ќе положам некој предмет? Знам дека просекот има врска за стипендии и сл, ама освен тоа има ли некоја голема важност?
 
Член од
27 декември 2015
Мислења
67
Поени од реакции
42
Што мислите за Геодезија, дали е добаро да се запишам факултет, учи некој таков факултет незнам што да правам ?
 
B

BooBojan

Гостин
Бесплaтниoв превoз шo ќе биде зa студенти, дaли ќе вaжи и a студенти кoи се нa пoстдиплoмски студии.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
Здраво дечки, ми треба една книга да се напише на Француски од 50-100 страни, темата јас ја давам и тоа како треба да личи и да изгледа. Само ке треба некој да истражи повеќе на таа тема и да ја напише. Колку би требало да платам за ова и каде?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Дали знаете контакт од некој или некој од вас да држи часови за физика за средно?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Здраво!
Дали некој го има пополнето дневникот кој што се пополнува на доквалификација (психологија, педагогија и методика + два изборни) да го сподели како урнек.

Tnx
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
0
Здраво!

Пошо гледам со кој интензитет се даваат одговори на прашањава, чисто сумњам дека и на моево ќе одговори некој, но сепак ќе си прашам.

Ми останаа уште 3 предмети за полагање, но ова ми е веќе 6-та година. До пред неколку месеци бев невработена и се водев за редовна, е сега треба да заверам семестар и не знам дали со тоа што се водам како вработена ЌЕ БИДАМ ПРИНУДЕНА да бидам вонреден студент. Да бидам појасна... дали со тоа според налагањата на правилата ќе мора да се префрлам како вонреден студент, или ќе можам да останам редовен.


Прашањево ми е дали статусов на вработена ми пречи во тоа да бидам вонредна, или вонредна можам да се префрлам само доколку јас сакам. Не ми се јасни овие работи и сакам да ми помогне некој што ги знае овие работи.
Благодарам!
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Здраво!

Пошо гледам со кој интензитет се даваат одговори на прашањава, чисто сумњам дека и на моево ќе одговори некој, но сепак ќе си прашам.

Ми останаа уште 3 предмети за полагање, но ова ми е веќе 6-та година. До пред неколку месеци бев невработена и се водев за редовна, е сега треба да заверам семестар и не знам дали со тоа што се водам како вработена ЌЕ БИДАМ ПРИНУДЕНА да бидам вонреден студент. Да бидам појасна... дали со тоа според налагањата на правилата ќе мора да се префрлам како вонреден студент, или ќе можам да останам редовен.


Прашањево ми е дали статусов на вработена ми пречи во тоа да бидам вонредна, или вонредна можам да се префрлам само доколку јас сакам. Не ми се јасни овие работи и сакам да ми помогне некој што ги знае овие работи.
Благодарам!
И јас сум на истата мака,незнам дали да се пријавам во Бирото за невработени со документите од средна школа..Ти плаќаш апсолвентски стаж,а во меѓувреме и мене ми испадна работа што несакам да ја одбијам,а имам уште 4 испита..Најубаво ќе биде да прашаме на студентски прашања..
 
Член од
18 ноември 2013
Мислења
97
Поени од реакции
36
Некој инфо кога ќе почнат со исплата на продолжените??? Лани ова време веќе беше пуштена.
 
Член од
21 јули 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дали може да се префрлам со еден неположен предмет од УГД на УКИМ-општа медицина (прва година сум)?
 
Член од
22 мај 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Би сакал да прашам бидејќи сега ќе се упишувам на факултет а веќе имам план и за магистрирање, дали е возможно кога би дипломирал психологија која е на филозофски факултет, покрај додипломската нели психологија да магистрирам некој предмет од безбедност кој е исто на филозофскиот факултет? Фала многу :)
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Дечки, потребна ми е информација од поупатените: Дали има постдипломски магистерски студии по Стоматологија во Штип? Доколку има, како се реализираат тие, дали може вонредно да се студира и сл.?
 
Член од
5 јуни 2016
Мислења
6
Поени од реакции
4
Здраво на сите,ме интересираат некои работи па местото каде мислам дека ќе ги научам е баш овде.Сакам да се запишам на Филозовски или на Филолошки фак. ме интересира бодувањто за прием,бидејки не бев одличен ученик па дали би можел да се запишам.А другото прашање е во врска со смерот ''Историја на уметност''..која би бил називот после овој завршен смер?И каде всушност треба да бараш работа?Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom