Добив информација дека доколку си прво рангиран на ранг листата од уписите за на факултет добиваш некаква „награда“. Дали некој знае нешто во врска со ова?
Прво, ќе треба да почекаш сите три уписни рокови да поминат. После тоа, ако од сите запишани студенти имаш најмногу бодови, ти следува ослободување од партиципација, само што за првиот семестар ќе треба прво да ги уплатиш парите, па потоа ќе ти ги вратат, а за вториот семестар нема ништо да уплаќаш. Ќе треба да поднесеш барање до деканатот на факултетот, кое потоа ќе ти биде одобрено, па после ќе поднесеш уште едно барање за враќање на веќе уплатените средства, кое исто така ќе ти го одобрат по што за недела-две ќе ти легнат парите на сметка(можда ќе можеш во едно барање да ги сместиш и тоа за одобрување и тоа за враќање на средства, ќе си се консултираш со правната служба од факултетот).
Е сега, ова ти го кажувам од лично искуство со Економскиот во Прилеп. Секој факултет си е посебен, ама верувам дека барем ова минимално нешто ќе ти следува. Можно е и на прворангираните студенти на секој смер посебно да им следува, а не само на overall прворангираниот. Во студентски прашања нема да можат да ти одговорат, најдобро ќе ти објасни секретарот, некој од продеканите или самиот декан на факултетот. Не мора да чекаш ти да поминат сите уписни рокови, доколку навистина си имал најмногу поени во овој уписен рок, трк на консултации во управата на факултетот, па пофали се после овде