Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Хммм, чудно „воќе„ са воа атеистиве: прво ќе постават некое прашање, демек, јаааако заинтересирани, ќе добијат одговор на поставеното прашање, а после добиениот одговор, си продолжуваат со своите своеглави мудрувања...
За кои атеисти пишуваш?
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Прашања до Христианите:

1.Дали Исус му се молел на Отецот за да не биде распнат?
2. Дали Исус имал свој Бог?
3. Дали Исус е Бог?
4. Дали Бог е сезноен?
5. Дали Исус кажал нешто тајно?
 
С

Само Човек

Гостин
Прашања до Христианите:
1.Дали Исус му се молел на Отецот за да не биде распнат?- НЕ
2. Дали Исус имал свој Бог?- да
3. Дали Исус е Бог?- НЕ
4. Дали Бог е сезноен?- да
5. Дали Исус кажал нешто тајно?- :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
1.Дали Исус му се молел на Отецот за да не биде распнат?- НЕ
2. Дали Исус имал свој Бог?- да
3. Дали Исус е Бог?- НЕ
4. Дали Бог е сезноен?- да
5. Дали Исус кажал нешто тајно?- :D
Ти Христијанин си?
Пошто видов дека прашањето беше поставено до Христијаните.

Атеист или АлКаеда, што си?
 
O

Orion.

Гостин
Прашања до Христианите:

1.Дали Исус му се молел на Отецот за да не биде распнат?
2. Дали Исус имал свој Бог?
3. Дали Исус е Бог?
4. Дали Бог е сезноен?
5. Дали Исус кажал нешто тајно?
1. Да
2. Не
3. Да
4. Да
5. ?
 
С

Само Човек

Гостин
Ти Христијанин си?
Пошто видов дека прашањето беше поставено до Христијаните.

Атеист или АлКаеда, што си?
Ахх етикети, јас сум човек прв. А од етикетите што ги создава несвесниот ум сум христијанин.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 17:44 ---
Најголема, грешка е што мислиме дека нешто знаеме, НЕ не знаеме.Да се собере целото човество не би можело да ја објасни суштината на една мува. Религиите се само магарето на патот кон бога, на крајот треба да се симнете од магарето и да влезете кај бога. Таму тој ќе суди кој за каде е. Да му објаснуваш на човек што е бог изгледа вака. Слеп човек те рашува каква е жолтата боја и му велиш горка затоа шрто не можеш да му дадеш друга аналогија. Дали знае каква е , НЕ но ти верува дека е горка . Знаете како што син ви ви верува да не фајќа рингла зошто жиш жиш. Дали тој знае што е шпоретот ,НЕ, но верува на својот татко дека е жиш .Пред некоја година видов човек кој му рече на син му ,фрли се од терасата јас ќе те фанам, детето без проблем, но потоа неговото другарче требаше да го направи тоа, но тоа не скокна. Човекот зачуден запраша зошто се плаши? Жена му рече затоа што не е твој син.
Иста е и вербата во Бог, ние едноставно му веруваме и нее бараме објаснување за тоа што го кажува.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 17:52 ---
Ете ја таа деховна логика што јав викаат некои,. за мене логика на животот.
Стварно не ми е јасно како луѓето не се сомневаат дека чек од милион долари е милион долари. Чек од милион долари е само хартија, ништо повеќе. Ете ги тие етикети што ги ставаат луѓето. Творецот незнам колку имиња има, но сепак е творец
Ете тоа сакал да каже исус со она не правете слика.
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
1.Дали Исус му се молел на Отецот за да не биде распнат?- НЕ
2. Дали Исус имал свој Бог?- да
3. Дали Исус е Бог?- НЕ
4. Дали Бог е сезноен?- да
5. Дали Исус кажал нешто тајно?- :D
1. Во библијата имаме две различити мислења, и со тоа излегува една од контрадикциите во библијата.

Спорек Јован не се молел за да не -биде распнат.:

„Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам? Татко, избави Ме од овој час! - Но, заради тоа и дојдов до овој час! “ (Јован, 12:27)

Според Матеј, Марко, Лука, Исус се молел за да не биде распнат:

„И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!” (Матеј, 26:39)

„И отиде малку подалеку, падна на земја и се молеше, - ако е можно - да Го одмине тој час,
и велеше: „Ава, Татко! Сè е можно за Тебе. Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!” (Марко, 14:35-36)

“велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!” (Лука, 22:42)
----------------------------------------------------------

2. Бог e основниот судиja и зaштитник на ситe, и Тoj нe сe пoвикувa, ниту пак сe мoли нeкoму. Нo, Исус признaл дeкa постои некој, Кoгo што тoj гo вeличeл и кoму сe мoлeл, кoгa тoj рeкoл;

„…Се враќам при мојот Отец и вашиот Отец, при својот Бог и вашиот Бог“ (Јован 20:17);
Исто така се пренесува дека тoj плaчeл дoдeкa бил нa крстoт;
„Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?“ (Мaтej 24:76);
Доколку Исус е Бог, тoгaш нeли ќe трeбa oвa дa сe прoчитa,

„Сaмиoт jaс, сaмиoт jaс, зoштo си мe зaбoрaвил?“ Зaр нe би билo тoa чистa бeсмислицa? Koгa Исус ja кaжувaл Гoспoдарската Мoлитвa (Луka 11:2-4), зaр тoj си сe мoлeл сeбeси?
Koгa вo грaдинaтa нa Гeстиманија тoj сe мoлeл, „… Оче мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша; но не како јас што сакам, туку како Ти.“ (Мaтej 26:36-39);
Дaли Исус си сe мoлeл сeбeси? Дeкa Исус, сo свoja дoзвoлa и oд свoja рaкa, гo признaвaл, вeличeл и му сe мoлeл нa другo битие кaкo Бог, e чист дoкaз дeкa сaмиoт Исус нe e Бoг.
------------------------------------
3. Да Исус не е Бог. Исус е Божји пратеник!
-------------------------------------------------
4. Кога се зборува за Судниот Ден, Исус јасно дал доказ за ограниченоста на неговото знаење, кога рекол;
„А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот“.(Марко 13:32, и Матеј 24:36);

Но, Бог знае сé. Неговото знаење е без никакви ограничувања. Дека Исус, како што и самиот признал, не знаел кога Судниот ден ќе се случи, е чист доказ дека Исус не е сезнаен, а оттаму и дека Исус не е Бог.
------------------------------------------------------------

5. И во ова прашање гледаме една контрадикција во Библијата. Според Јован Исус ништо не кажал Тајно, а според Марко и Матеј Исус зборувал тајно:

- Не. ...„Јас му зборував на светот јавно;... и тајно ништо не кажав. (Јован 18:20)

- Да. „И без параболи не им говореше, а на учениците свои насамо се им објаснуваше.“ (Марко 4:34) „...И кога с еприближија до него учениците му рекоа: Зошто во параболи им зборуваш? А он им одговори и рече: Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.“ (Матеј 13:10-11)
--- надополнето: 13 мај 2012 во 19:30 ---
Ти Христијанин си?
Пошто видов дека прашањето беше поставено до Христијаните.

Атеист или АлКаеда, што си?
Несум ниту Христијанин ниту пак Атесист, Фаламу на Бог Муслиман сум.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 19:34 ---
1. Да
2. Не
3. Да
4. Да
5. ?
Веќе ти е даден еден одговор во претходно, сега незнам дали и двајцата сте Христијани, но имате дадено различит одговор дадено.

Ке се задржам на 3 одг. Бог е семоќен а Исус не бил. Кога веќе ќе го видиме тоа во еден Библиски цитат ќе видиме дека Исус не е Бог затоа што Исус не е семоќен.

Дoдeкa Исус извeдувaл мнoгу чудa, тoj сaмиoт признaл дeкa мoќтa штo тoj ja имaл нe билa нeгoвa сoпствeнa, туку дека потекнува од Бoг, кoгa тoj рeкoл;

„…Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо сам од Себе, ако не Го види Отецот да прави…“ (Јован 5:19);

Пoвтoрнo тoj рeкoл;

„Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил.“ (Јован 5:30);

Нo, Бoг нe e сaмo Сeмoќeн, Тoj истo тaкa е и извoрoт нa сeтa мoќ и власт. Дeкa Исус, сo нeгoвo личнo признaвaњe, нe мoжeл ништo дa нaпрaви oд свoja рaкa, e jaсeн дoкaз дeкa Исус нe e сeмoќeн, a оттаму и дeкa Исус нe e Бoг.
 
С

Само Човек

Гостин
1. Во библијата имаме две различити мислења, и со тоа излегува една од контрадикциите во библијата.[/guote]
1. се молел за да нема страв, чашата е стравот. Значи одиш на операција и знаеш дека тоа е доро,но трав ти е од болката потсвесно
х2;

дали реков да ?
------------------------------------
3. Да Исус не е Бог. Исус е син божји.
-------------------------------------------------
4. Ми потврдуваш дека ти дадов точен одговор? ------------------------------------------------------------

5. параболите се тајна ?
--- надополнето: 13 мај 2012 во 20:04 ---
Значи одвој ги поимите Бог и Бог(творецот). И ќе видишдека Исус е боженствено суштество, но не е бог(творец). На таа игра на зборови на маало
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Дали пишува нешто за седумте нивоа на небото во Библијата и ако пишува ќе може ли детали за тоа?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Не те прашав тебе, туку членот кој го цитирав, кој одговараше на твоето прашање упатено до Христијаните, а не е самиот тоа.
 
С

Само Човек

Гостин
Не те прашав тебе, туку членот кој го цитирав, кој одговараше на твоето прашање упатено до Христијаните, а не е самиот тоа.
сигурен си ? Значи те молам не доведов во прашање лични мои работо, православ христијан сум сакал ти или не
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
сигурен си ? Значи те молам не доведов во прашање лични мои работо, православ христијан сум сакал ти или не
"православ христијан"?
Да не ти се овие зборови име и презиме? Христијан Православ... мене ми личи како име и презиме.
Anyway
Не постои "православ христијан" кој тврди дека Исус не е Бог?
Не постои ни православ ни неправослав христијан, кој не го препознава Господ.
 
O

Orion.

Гостин
Muki-20

Господ бог е еден и е сочинет од три ипостаси - Отец, Син и Свет Дух.
Пример за илустрација - јајцето е едно а е составено од три дела лушпа, белка и жолчка. Водата е една а може да биде во течна, цврста и гасовита агрегатна состојба.
Значи Отецот, Синот Исус и Светиот Дух се едно исто оттука Исус Христос е Господ Бог.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom