Иако не верувам дека страницата од која го имаш превземено линкот е баш страница која е навистина легитимна да дава образложенија на вакви прашања (затоа што јас како добар муслиман би ти препорачал да земеш и сам да прочиташ што пишува во Куранот па да донесеш заклучоци) јас ќе се потрудам да ти дадам кратко образложение за тоа што значи зборот роб, во кој контекст се употребува и кога еден муслиман има право да се ожени па да има сексуален однос со една “робинка“.
Зборот робинка ( за што имаш и објаснување во самиот текст кој е на англиски а доколку добро го познаваш англискиот сигурно ќе го разбереш тоа) првенствено е наменет на оние жени кои не и припаѓале на исламската религија, биле поробени во војна а не продавани или купувани како вистински робинки од филмовите( не се мисли на робови од типот на египетските робови или од робовладетелското време во Америка кога се продавале и купувале цркињи и црнци и врз нив се правело се и сешто). Има уште неколку преносни значења на зборот роб во исламот. Жената често пати се нарекува “робинка„ како личност која е “зависна од мажот„ но и како робинка на бога. Роб се користи и како термин за верен слуга, божји слуга, божји роб и др. и ова на муслиманите па ни на оние вистински верници христијани, евреи и др. не им пречи.
Она што се појаснува во неколкуте цитати на куранот а кои ти ги имаш постирано е тоа кога еден муслиман може да се ожени со една робинка и кога тој со неа може да има сексуални односи. Се укажува дека било каков сексуален чин надвор од интитуцијата брак, за муслиманите е строго забранет. Во куранот се зборува за тоа дека муслиманот има право да ја ожени робинката, дека таа треба да го прифати исламот како религија и многу други работи но никаде не се зборува дека муслиманите може да имаат свои робинки ( како што вие тоа си го замислувате поради тоа што сте гледале многу филмови за робови и секс со робови
). Помеѓу другото мажот мора да и ги даде истите права на оваа жена како и на онаа која не би била робинка т.е претходно била муслиманка, сободна жена која не била заробена во војна или сл.
Пред се овие делови се однесуваат на времето кога религиозните војни се воделе на големо. Тогаш и христијаните и евреите и муслиманите војувале за нешто за кое тие сметале( па и ден денес сметаат) дека е исправно. Жената во тоа време била доста понезаштитена и злоупотребувано, а со ова за прв пат се даваат насоки на кој начин еден муслиман може да се однесува со некој кој не е муслиман ( или во тоа време роб- заробен човек и сл).
Доколку сакате да покажете дека исламот не е праведен спрема жените и останатите кои не се муслимани, јас мислам дека насекаде околу вас имате огромен број на докази дека не е и не било така. За тоа како денес живее жената, кои права ги има и ги имала, зошто има некои “оправдани забрани„ за неа и сл. имам пишувано на многу места низ темава и не би сакал да се повторувам.
Она што постојано се заборава е дека сите религии се строги кон жената и оние кои не се припадници на таа религија. Сите религии избегнуваат и проповедаат да не се стапува во брак со жена/ маж кои не се од иста религија ако пред тоа истите не ја променат и сл.
Заборавате дека седиштето на една од најголемите религии во светот а тоа е православната, е во Истамбул, во земјата која во секој момент можела да ги збрише сите остатоци од тие луѓе, империјата која имала и можност и шанси да исламизира се наоколу ама тоа не го направила затоа што во Куранот тоа не е дозволено и за тоа има посебни правила.
И кога веќе зачнувате теми кои задираат во првата на жената, јас денес ова прашање го поставив на неколку места и еве ви го поставувам и тука.
Зошто жените немаат право да стапнат на Света гора, кое е логичното образложение за оваа одредба на црквата и дали православните верници си ја познаваат својата религија или пак само сакаат да плукаат по останатите?