EmilijaS
Cat lady
- Член од
- 21 јануари 2016
- Мислења
- 627
- Поени од реакции
- 2.485
Несомнено има и такви. Јас не ја сфаќам потребата да се мешаш во нечие верување. Исто како шо неќам да ми се мешаат во моето нели. Ама дека има такви кои мислат дека е супериорно да си неверник - има. Зато и тргнав паралела со моето искуство зошто често и од верници не сме лишени. Кај некои можи да е и само повратна реакција. Ако сум во трол расположение кога ме замараат на темава знам да вратам соодветно.сите од старт плукале квази реплики како бог не постои, како треба да си "будала" да веруваш у такви приказни и слично
Ама, кај нас конкретно, Македонија, поќето се верници без разлика дали верници во вистинска смисла на зборот или само традиционални. И често се наоѓам во ситуација каде не сфаќаат неверување па идат прашања. После следува тоа учење, па као ѓаволот патот ти го темнел. Па после дури и "зошто едноставно не верваш". Јас идам од многу религиозна фамилија и минато каде сама сум била религиозна. И знам колку е цврста врската на верникот со неговиот Бог. Или верваш или не. Нема форсирање. Зато и сфаќам некој да не верва. Зато и сфаќам некој да се пронајди во друга религија и да се конвертира.
Буквално ова:
Ама сепак, сите имаме различни искуства. Малку мајтап, имам роднина која конвертираше во друга религија и јас бев едина поддршка зошто пак, врската меѓу верникот и неговиот Бог е длабока. Или верваш или не. Истата роднина кога сфати дека сум неверник прва плукна по мене. Сепак, несомнено сите имаме различни искуства. Влијае околината многу. Со какви луѓе си опкружен.Затоа што поголем дел од тие што изиграваат побожни да нема закон на клада би палеле атеисти и пагани. И ќе се лажат сами себе дека прават добро дело во име на богот наречен љубов.