Прашања до Атеистите II

Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Исто и моето прашање е јасно, дали вооопшто веруваат во нешто?
Во нешто што?! Мора да бидеш појасен со прашањето, затоа што нема смисла овака.
Ако мислиш на нешто магично,фантазија (читај богови) или од тој калибар, не, не верувам.
Кога прашуваш дали воопшто веруваат во нешто, имаш намера да оставиш трага на празнина на емоции кај еден атеист?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Исто и моето прашање е јасно, дали вооопшто веруваат во нешто?
Не знам што те буни. Некој можда верува во уште 1000 работи, можда некој и во ништо. Тоа нема врска со атеизмот. Заедничко за сите атеисти е што не веруваат во ниеден бог (што е и по дефиниција атеизам)

Ако станува збор за натприродни сили, богови и сл. ондак не.
Морам да те исправам колега. Значи само за богови станува збор, не за натприродни сили (WTF е впрочем тоа, ќе мора да дефинираме). Дури ни за некоја лична претстава на бог(ови), ни за некоја деистичка, пантеистичка, панентеистичка, натуралистичка претстава .... итн. Атеизмот се однесува само и само за бог(ови) од постоечките религии/митологии.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
...интересно, велиш не си атеист, а ниту христијанин, а тебе ти ја кажуваат празничната ,,изрека,, значи не си ни муслиман, за да на крај го спомнуваш Господ ( знаеш да го напишеш со голема буква значи ја знаеш силината) за да го подучуваш да се однесува природно како го создал Господ? (контрадикторно размислување), прашање воопшто што си? :facepalm:
Трол е и по занимање и по вероисповед.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исто и моето прашање е јасно, дали вооопшто веруваат во нешто?
Да, веруваат.

Пош‘о атеистите не веруваат во Бога, не им преостанува многу (избор), освен да веруваат во самите себе, како (да се) богови.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Да, веруваат.

Пош‘о атеистите не веруваат во Бога, не им преостанува многу (избор), освен да веруваат во самите себе, како (да се) богови.
Следствено на твоево, ниеден христијанин (па и пошироко, муслиман, хиндуист..... и тн) не верува во себе си. :pos:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Следствено на твоево, ниеден христијанин (па и пошироко, муслиман, хиндуист..... и тн) не верува во себе си. :pos:
А следствено на твоево, ниту еден рисјанин навистина не верува во себе, оти веќе верува во Бога, па глупо е да верувам во нешта кои не ги гледам а истовремено да верувам во себе, а можам да се видам. :pos:

Наиме, верувањето и довербата секогаш се поврзани со нематеријални нешта.

Ќе ти текне...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
А следствено на твоево, ниту еден рисјанин навистина не верува во себе, оти веќе верува во Бога, па глупо е да верувам во нешта кои не ги гледам а истовремено да верувам во себе, а можам да се видам. :pos:

Наиме, верувањето и довербата секогаш се поврзани со нематеријални нешта.

Ќе ти текне...
Ајде де? Тебе ќе ти текне ли? Тешко бога ми (Один, не скокај одма, не тој твојот). Ај потсети ме, ти атеист си?
Ако не си, кој те повика во име на атеисти да одговараш?
Ти ни самиот не знаеш во што веруваш, се гледа по глупостите што си ги напишал, не па ќе знаеш во што верувале атеисти.

Да те потсетам,
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата.
2. Прашањето се одговара само од Атеист, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од декларирани Атеисти, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ајде де? Тебе ќе ти текне ли? Тешко бога ми (Один, не скокај одма, не тој твојот). Ај потсети ме, ти атеист си?
Ако не си, кој те повика во име на атеисти да одговараш?
Ти ни самиот не знаеш во што веруваш, се гледа по глупостите што си ги напишал, не па ќе знаеш во што верувале атеисти.

Да те потсетам,
Ај и јас да те потсетам; зашто се криеш зад формалности, наместо да се впуштиш во конструктивен муабет?...:sneaky:

Пош‘о е појќе од очигледно на што се сведува одговорот од еден атеист, некој мора да му помогне во изнаоѓањето саглам одговор.

И последично, не се петљај на верски теми, ако нејќеш да бидеш чепкан на атеистички.

П.С.


Види го болдот внимателно!

„...2. Прашањето се одговара само од Атеист, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од декларирани Атеисти, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат...„.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Ај и јас да те потсетам; зашто се криеш зад формалности, наместо да се впуштиш во конструктивен муабет?...:sneaky:

Пош‘о е појќе од очигледно на што се сведува одговорот од еден атеист, некој мора да му помогне во изнаоѓањето саглам одговор.

И последично, не се петљај на верски теми, ако нејќеш да бидеш чепкан на атеистички.
каде ти најде да одговараш на прашања за атеисти кога не можеш да одговориш на неколку обични прашања за црквата.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ај и јас да те потсетам; зашто се криеш зад формалности, наместо да се впуштиш во конструктивен муабет?...:sneaky:

Пош‘о е појќе од очигледно на што се сведува одговорот од еден атеист, некој мора да му помогне во изнаоѓањето саглам одговор.

И последично, не се петљај на верски теми, ако нејќеш да бидеш чепкан на атеистички.

П.С.


Види го болдот внимателно!

„...2. Прашањето се одговара само од Атеист, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од декларирани Атеисти, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат...„.
1. Мики барем за мои над 7 год. на форумов,тебе ти е даден одговор 1478,7 пати, прочепкај по темиве. Не се прави на три и пол. Ете и погоре ти стои одговор. Тоа што тебе тој не ти се допаѓа, не е мој проблем.

2. Конструктивен муабет од твоја страна? Хаха, мисловна именка, секој пост ти е празен, на секоја верска тема.

3. Што е за тебе саглам одговор? Тој што тебе ќе ти е по ќеиф? Не Мики, таков одговор не можеш да добиеш. Тоа во твојата ти црква таков муабет ќе си правите какви се и што се атеистите, тука при постоечки атеисти, не...

4. И пак ќе напоменам, и тоа последен пат, држете се до правилата на форумов.
За Дебата користете ја темата:
Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања
Или пак слободно отварајте нови теми, јас ве охрабрувам да го направите тоа, ако имате конкретни прашања кои се надвор од овие 3,4 теми.


П.С. @mister blue не забегувај и ти во офтопик, продолжете си ја на другана тема дискусијата, но овојпат пробајте без навреди. Реков еднаш, да речеш глупа.... ваква или онаква идеја е донекаде ОК, но ако кажеш “само глуп човек може да има ваква идеја“ е веќе навреда. Се разбираме нели? (се однесува на двајцата).

П.С. С. @MIKI1 ќе си паузира малку на заслужен одмор, заради непочитување на правила (континуиран офтопик и континуирани навреди кон членови). Има можеби друг кандидат?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Вие атеистите дали во нешто воопшто верувате, ако одговорот е да во што верувате?
Верувам дека мајка ми и татко ми ме сакаат, верувам во себе.

Во врска со Бог повеќе ја сакам дефиницијата за агностик т.е не ја отфрлам можноста за постоење на семоќен бог, но не велам дека имам знаење кое што го немам.

Во религиите има еден куп срања и контрадикторности, но ако се ограничиме на вербата проблемот е што некои верници ги мешаат поимите верба и доказ.

Религијата е всушност тоа, само верба т.е по дефиниција нема докази за неа и можно е(и најверојатно е) погрешна.

Според мене лично глупо е да го живееш животот на база на наметнати верувања за кои има нула докази.

Доколку со одредени доктрини се согласуваш и ги присвоиш тоа е ок, но да ја земеш религијата во целост со сите срања(убивање на неистомисленици, одобрување на робовладетелство во еден период, деградирање на жената итн) е размислување на ниво на овца.

Лично се фокусирам на сега и смешно ми е да се конформирам за некој си задгробен живот кој можеби постои, а дури и да постои со оглед на тоа дека има мал милион религии мојата да биде онаа вистинската шансата е исто како да играш и да добиеш на лото.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
...интересно, велиш не си атеист, а ниту христијанин, а тебе ти ја кажуваат празничната ,,изрека,, значи не си ни муслиман, за да на крај го спомнуваш Господ ( знаеш да го напишеш со голема буква значи ја знаеш силината) за да го подучуваш да се однесува природно како го создал Господ? (контрадикторно размислување), прашање воопшто што си? :facepalm:
Voopsto ne e kontradiktorno. Verbata vo Gospod e nesto prirodno i licno, dlaboko, intimno.Verata dali proizlegla od odredena Religija ili ne, dali od odredena duhovna nauka, dali od kvantna fizika ne e bitno. Biten e rezultatot.
A ja sum samo edno covecko stvorenje seuste nepotpuno propudeno.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Не знам што те буни. Некој можда верува во уште 1000 работи, можда некој и во ништо. Тоа нема врска со атеизмот. Заедничко за сите атеисти е што не веруваат во ниеден бог (што е и по дефиниција атеизам)


Морам да те исправам колега. Значи само за богови станува збор, не за натприродни сили (WTF е впрочем тоа, ќе мора да дефинираме). Дури ни за некоја лична претстава на бог(ови), ни за некоја деистичка, пантеистичка, панентеистичка, натуралистичка претстава .... итн. Атеизмот се однесува само и само за бог(ови) од постоечките религии/митологии.
Атеизам значи неверување во некоја надприродна сила (наречена Бог, Господ, Карма, Судбина), која се смета за создател на животот и се околу нас во принцип или на нешто што го диктира начинот на живот (казнува, наградува, контролира и сл.)
Атеистите веруваат во многу работи, имаат морал (иако тоа верниците често го негираат), познаваат добро и лошо!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom