кажувам фала, и оние кои не ме познаваат ме гледат како “телиња“, другите веке одамна се навикнати.
они кои се упорни и ми велат не се вика така, се вика навистина воскресе им велам јас сум атеист. и пак ме гледат како “телиња“, они кои ме познаваат за нив е завршена конверзацијата. интересно е тоа што ме знаат како атеист и секогаш кога имат празник мене обавезно ми честитаат, не на зафрканција туку онака сериозно.(јас би го нарекол ова војна на различни култури)
оние поповите кои ми држеле лекции што, како се прави за празник, како се кажува а не знаат дека сум атеист, кога им велам дека сум атеист се повлекуваат, и потоа ме гледаат со крв во очите, како непријател бр.1 да сум им.
за празници и други “големи“ денови само кажи фала и не навлегувај многу во дискусија бидејки никогаш не завршува на добро. се погодува внатрешното его на секој слеп верник и се доведува до конфронтација без разлика дали ти се другари, пријатели, или пак најблиски роднини, мајка, татко.(без разлика дали се христијани или муслимани т.е секогаш се на иста страна кога имаат конфронтација со атеист - интересно нели)
а ако работиш нешто и ти доагаат и ти велат да престанеш бидејки не се работело денес, ако не престанеш може и “војна“ да ти избие дома
а ако си упорен и продолжиш тој ден ке ти биде многу непријатно во куката но за секој друг нареден пат нема да те замараат и ке те остават да си го тераш животот.(одамна искусено на своја кожа)
п.с. убаво е да се декларираш, да мине времето, да видат луѓето дека и атеистите живеат, им се случува добро, им се случува лошо, има мир со нив, има “војни“ со нив, има соживот, нема соживот (едноставно кажано како и со секој друг слеп верник) и после некое време ке им биде нормално да бидеш тоа што си и воопшто нема да прават некоја разлика.