Прашања во врска со производство на пластичен производ

Член од
27 август 2016
Мислења
32
Поени од реакции
12
Ако е во грешна категорија темава слободно преместете ја.
Вака заинтересиран сум да започнам со продавање на производ, футрола за телефон со уникатен дизајн направен од пластика. Веќе го имам дизајнот во 3Д, имам созададено неколку футроли со 3Д принтер а моментално сум заинтересиран да го произведам во големи количини (над 10,000).

За да го произведам ова мене ќе ми треба фирма која има машина за производтсво на пластика со инјектирање и која би можела исто така да го создаде "алатот" т.е калапот кој ќе се користи за правење на производот.

Али бидејќи прв пат правам нешто вакво малце слабо се снаоѓам со фирми кои би можеле ова да ми го произведат. Кинезите ми бараат над 5,000 долари само за да го направат калапот, па гледам дали би можел поефтино да поминам кај нас.

Некој има на форумов кој се занимавал со ова или знае како иде процедурата по детално?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Иако на прв поглед едноставен ова е, ако е направен како треба, многу деликатен производ. Од избор на материјал, до добар алат и педантен производител.За цена на алатот веријатно би поминал поевтино во МКД. , но сепак зависи за каков алат се работи, ако кинези ти побарале 5000 долари тоа мора да е некој сложен алат....???
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
На времето нов алат за пластични капачиња за зејтин чинеше 5.000 евра (од Србија донесен, кај нас немаше), според сличната комплексност на ова што го бараш би требало и за твојот алат толку да ти бараат.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Може да се помине подобро ако ти имаш точно и прецизно дефинирано она што го бараш, како алатот треба да функционира и какви точно предиспозиции треба да поседува.

Ако сакаш стручен предлог и решение на проблемот, треба да се консултираш со Машински инжинер кој поседува дребонг машина, на која со својата вештина ќе може да го направи алатот кој го бараш, секако, треба да поседуваш и машина која ќе го користи тој алат.

Од економски аспрект, треба да отвориш фирма, која ќе ја регистрираш под дејност производство, потоа да одиш во централен регистер и да се распрашаш за патентирање на твојот производ, бидејќи без тоа нема да можеш легално да го произведуваш производот.

Исто така доколку планираш да го дистрибуираш, ќе треба или да отвориш фирма која како дејност ќе има дистрибуција, или ќе најдеш фирма која врши дистрибуција која ќе ја врши дистрибуцијата за тебе, како и да се распрашаш за стандардите кои треба да ги поседува просторијата каде ќе биде произведуван производот, како и ред други бирократски процедури.

Можеш да си вработиш и еден сметководител кој ќе ти ги води сите тие работи.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.707
За да го произведам ова мене ќе ми треба фирма која има машина за производтсво на пластика со инјектирање и која би можела исто така да го создаде "алатот" т.е калапот кој ќе се користи за правење на производот.Али бидејќи прв пат правам нешто вакво малце слабо се снаоѓам со фирми кои би можеле ова да ми го произведат.
Барај вакви или слични фирми, побарај понуда од нив
https://zk.mk/metalo-plastika-produkt?choice=9M
Метало пластика продукт
Адреса: с.Зелениково Место: Скопје
070 442751
Дејности:
пластика - пластични производи, алати - изработка, пластика - изработување калапи и алати


И зависи каков тип на пластика бараш. Мене ми изработувале производи од тврда гума “Софи“ , на сличен начин : изработуваат прво калап (што еднократно го плакаш), потоа со калапот произведуваат сериски производи. Провери и кај нив, види дали изработуваат и пластика или дали тебе ти врши работа тврда гума.
У секој случај јави се кај Софи или во ТехноГума (http://www.tehnogumask.com.mk ) , ако ништо друго, ке ти посочат кои фирми можат да ти изработат
https://zk.mk/sofi-inovator?choice=rG
Софи-Иноватор
Адреса: Марко Цепенков 28-а Место: Скопје
Факс: 02 2772124, Телефон 2: 070 275484
Локација: позади поштата во Кисела Вода
Дејности:
гума - производство и трговија, гумени производи
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дали знаете некоја фирма која произведува пластични вилушки за помфрит и лажички , сакам приватно да земам и да продавам но на нет слабо најдувам, ако знае некој нека пиши
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Дали знаете некоја фирма која произведува пластични вилушки за помфрит и лажички , сакам приватно да земам и да продавам но на нет слабо најдувам, ако знае некој нека пиши
Провери по пластичарска, - Бурдем Пласт и некои други
 
Член од
18 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
7
Да не знаете како одат цените за ова? Колку од прилика е вкупниот трошок за калпот и како стојат цените за боја, квалитет, форма, големина? Мене ме интересира за изработка на предмети во вид на линијари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom