Пракса во Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО)

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Здраво на сите,

Во периодот од декември 2013 година, па и почетокот на 2014 година вработените од центарот за стручно образование и обука за навремено да си ја завршат работата а би рекол и поефикасно почнаа да објавуваат огласи за пракса на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Покрај тоа што беше објавуван на групи беше испратен и мејл до сите студенти, кога зборуваме сите студенти тоа е некоја бројка од неколку илјади студенти. Во продолжение е огласот:
Државниот Центар за стручно обрзование и обука во соработка со Министерството за образование и наука им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе работат со електронскиот систем за екстерно проверување на постигањата на учениците и задолжително ќе добијат потврдаза практична работа и одреден месечен надомест. Праксата е соодветна и за студените од почетните години и бара познавање со работа со компјутери.
Заинтересираните студенти може да отидат во среда, 09.04.2014 год. вo 8.30 часот во просториите на Центарот за стручно образование и обука, кој се наоѓаат во зградата на МТВ на втори спрат, да потпишат договор и веднаш да почнат со работа. Пријавувањето се врши кај информатичарот Албион Сулемани, или на e-mail albion.sulemani@gmail.com.
Праксата се состоеше од следново:
Доаѓаат студенти со своите лаптопови и задолжените од секторот за информатика на кои слабо им одеше информатиката доделуваа тестови за внесување. Секој тест се состоеше од прашања 200-300 прашања каде едно прашање има 4 одговори + слика или формула за внесување. Сега запазете го моментот: Работата е Copy + Paste simple job right ? Од која причина кога нема ништо поврзано со информатика се објавува на факултет за информатика ? Сега можеби ќе се прашате дали постои трагичен момент ? Па студентите кои беа договорени за работа (нели потврда е во прашање и мизерни 2000 денари) потпишаа договор со горенаведениот "божемен" центар дека ќе внесуваат прашања потребни за екстерното тестирање. Времето на внесување = (комплекснотста на прашањата * јазикот на прашањата) / брзината на студентот. Во просек за сениор студент за внесување на 200 прашања му беа потребни од 3-4 часа плус два часа за преглед и транспорт.
И еве конечно стигнавме до математиката:
- Број на практиканти: околку 200 (за сите беше потпишан договор дури и за надоместок)
- Секој студент треба да внеси по најмалку 10 тестови, односно 2000 прашања (ако се откаже на 1999то прашање ништо може да се збогува и со потврда и со надоместок и со се)
- Секој студент има потрошено минимум од 100 до 120 часа од својот живот во внесување на прашања.
- Ако сега тие 2000 ден. ги поделиме со бројот на часови добиваме некоја приближна сума од 15 денари за час.
- Наведениот центар треба да исплати некоја груба сума од околу 3-4 илјади евра, можеби и помалку.

Што е проблемот сега !?
Постојано на горенаведениот информатичар и правничката од спомнатиот центар во текот на целото лето им се праќаат мејлови за тоа кога ќе се врши исплата на симболичниот надоместок и секој пат имаат тажен одговор дека малку пари пуштала владата незнам што - незнам како. Во договорот беше јасно и гласно наведено дека ислатата ќе се реализира по завршувањето на активностите. Активностите завршија на почетокот на месец мај и после изминати 6 месеци тие не успеаа да ја соберат пари. Што треба да направат студентите за да го добијат тој надоместок ? Да идат да плачат и да се молат пред "информатичарот" Аљбион Сулемани, или пред директорот Зеќир Зеќири ? Сега ви станува повеќе од јасно дека тоа е завршена приказна и никој нема да виде никаква исплата на надоместок, делото застарува па останува да се види дали и оваа година на ФИНКИ ќе има огласи за пракса во центарот.

Содржината на приказната е трагикомична, a крајот е тажен. Типична приказна за македонското поднебје.

Се надевам дека ви се допадна.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.135
Поени од реакции
1.068
Значи океј, стварно е нефер кога ќе те заебат вака, да потпишеш договор и се и на крај да не ти дадат пари. Ама не можам да сфатам зошто, зошто некој од ФИНКИ би одел на ваква пракса.....
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Сигурно има некој инспекторат каде може да поднесеш пријава, а на крај краева можеш и тужба да им доставиш. Не дозволувајте никој да се заебава со вас, како се инспекториве наоштрени едвај чекаат некоја казна да репнат.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Jaс мислам дека нема да останат должни, но ќе ти се одмилат парите што ги чекаш една година за исплата. Во пракса државна институција не останува должна меѓутоа касни, имало случаи каде по две години луѓето ги добиваат парите на сметка.

Го разбирам револтот, меѓутоа ако навистина постои договор како што велиш тогаш биди сигурен дека ќе ги добиеш парите.
 

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Па зошто ? Некој за потврда, некој за CV ...

Да можеби ќе исплатат некогаш, каснат повеќе од што беше договорено. Како што тие знаеа да ѕвонат на телефон да не замараат дали сме ги внесиле тестовите, па дури и на Велигден (недела) да ни кажуваат дека мора да се внесат прашањата, така и ние сега сакаме да го исплатат долгот.

Ќе видиме оваа година како информатичарот сам ќе ги внесува прашањата ладејќи се и смеејќи се на огласите кои се објавуваат на ФИНКИ. Незнам што беше смешно јас и неколку колеги бевме присутни кога имаше нов оглас на ФИНКИ, тој на глас го читаше огласот и сите присутни вработени се смееа ... можеби сакаше да каже „Вие глупи сте“ :mad:

Информатичарот :pos:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Здраво на сите,

Во периодот од декември 2013 година, па и почетокот на 2014 година вработените од центарот за стручно образование и обука за навремено да си ја завршат работата а би рекол и поефикасно почнаа да објавуваат огласи за пракса на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Покрај тоа што беше објавуван на групи беше испратен и мејл до сите студенти, кога зборуваме сите студенти тоа е некоја бројка од неколку илјади студенти. Во продолжение е огласот:

Праксата се состоеше од следново:
Доаѓаат студенти со своите лаптопови и задолжените од секторот за информатика на кои слабо им одеше информатиката доделуваа тестови за внесување. Секој тест се состоеше од прашања 200-300 прашања каде едно прашање има 4 одговори + слика или формула за внесување. Сега запазете го моментот: Работата е Copy + Paste simple job right ? Од која причина кога нема ништо поврзано со информатика се објавува на факултет за информатика ? Сега можеби ќе се прашате дали постои трагичен момент ? Па студентите кои беа договорени за работа (нели потврда е во прашање и мизерни 2000 денари) потпишаа договор со горенаведениот "божемен" центар дека ќе внесуваат прашања потребни за екстерното тестирање. Времето на внесување = (комплекснотста на прашањата * јазикот на прашањата) / брзината на студентот. Во просек за сениор студент за внесување на 200 прашања му беа потребни од 3-4 часа плус два часа за преглед и транспорт.
И еве конечно стигнавме до математиката:
- Број на практиканти: околку 200 (за сите беше потпишан договор дури и за надоместок)
- Секој студент треба да внеси по најмалку 10 тестови, односно 2000 прашања (ако се откаже на 1999то прашање ништо може да се збогува и со потврда и со надоместок и со се)
- Секој студент има потрошено минимум од 100 до 120 часа од својот живот во внесување на прашања.
- Ако сега тие 2000 ден. ги поделиме со бројот на часови добиваме некоја приближна сума од 15 денари за час.
- Наведениот центар треба да исплати некоја груба сума од околу 3-4 илјади евра, можеби и помалку.

Што е проблемот сега !?
Постојано на горенаведениот информатичар и правничката од спомнатиот центар во текот на целото лето им се праќаат мејлови за тоа кога ќе се врши исплата на симболичниот надоместок и секој пат имаат тажен одговор дека малку пари пуштала владата незнам што - незнам како. Во договорот беше јасно и гласно наведено дека ислатата ќе се реализира по завршувањето на активностите. Активностите завршија на почетокот на месец мај и после изминати 6 месеци тие не успеаа да ја соберат пари. Што треба да направат студентите за да го добијат тој надоместок ? Да идат да плачат и да се молат пред "информатичарот" Аљбион Сулемани, или пред директорот Зеќир Зеќири ? Сега ви станува повеќе од јасно дека тоа е завршена приказна и никој нема да виде никаква исплата на надоместок, делото застарува па останува да се види дали и оваа година на ФИНКИ ќе има огласи за пракса во центарот.

Содржината на приказната е трагикомична, a крајот е тажен. Типична приказна за македонското поднебје.

Се надевам дека ви се допадна.
Па што ќутите? Некој треба место вас да ги натера да ве исплатат?!?

аха, да... „џабе е све!“ и „видете како не' заебаа овие!“
 

bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180
Па што ќутите? Некој треба место вас да ги натера да ве исплатат?!?
аха, да... „џабе е све!“ и „видете како не' заебаа овие!“
Еве јас не ќутам затоа и пишав тука да видат сите и да знаат дека никогаш не треба ништо да работат за ниту една државна институција ... друг начин освен овој не гледам. Ако почнеме по судови да идеме, да не се лажиме државата е секогаш во право ...
 
Последно уредено:

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве јас не ќутам затоа и пишав тука да видат сите и да знаат дека никогаш не треба ништо да работат за ниту една државна институција ... друг начин освен овој не гледам. Ако почнеме по судови да идеме, да не се лажиме државата е секогаш во право ...
Затоа, напрај копи-пејст од постот у џимејл, пушти го до сите некуропушачки портали и почекај да видиш дали има у државава уште некој истражувачки новинар.

Твојава приказна се проверува со еден телефонски повик. Ако држи вода - ќе ја објават.

Не мора да се потпишеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom